Риболов

Риболов или рибарство — стопанска гранка чија задача е одгледување, ловење и преработка на рибите.

Рибата има значајна улога во исхраната на населението. Освен тоа, во некои земји од неа се произведува вештачко ѓубриво. Луѓето ја употребуваат рибата на повеќе начини и тоа, како солена, сушена или конзервирана.

Риболов
Риболов на Дојранското Езеро
Риболов

Видови риболов

Риболовот може да биде речен, езерски или морски. Најзначаен е морскиот риболов, бидејќи во морињата се лови најголемо количество риба. Во морињата и океаните рибата се лови на современ начин, со специјални мрежи и бродови, додека китовите се ловат со харпуни.

Езерскиот риболов е застапен на сите поголеми езера, како што се: Големите Езера во САД, Каспиското, Бајлакското, Аралското, Тангањика, Викторија, Њаса, Чад и др.

Речниот риболов е застапен на сите реки, а најмногу риба се лови на големите реки, како: Волга, Мисисипи, Ганг, Дунав, Јанцекјанг, Хоангхо и др.

Риболовот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Султанот и рибарот“ — приказна на африканското племе Свахили.
  • „За синот на сиромашниот рибар“ — полска народна приказна.
  • „За рибарот и неговите три сина“ — полска народна приказна.
  • „На рибарите“ (српски: Аласима) — српска народна песна.
  • „Рибару, рибару!“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.
  • „Рибари“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.
  • „Итар Пејо и селаните риболовци“ — расказ на македонскиот писател Стале Попов.
  • Сказна за рибарот и рипката“ — бајка во стихови на рускиот писател Александар Сергеевич Пушкин од 1833 година.
  • „Рибарска незгода“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.
  • „Неодоливиот рибар“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.
  • „Рибар“ (англиски: Fisherman) — песна на јамајската реге-група Конгос (The Congos) од 1977 година.
  • „Рибари со харпун“ (хрватски: Ribiči s harpunom) — слика на хрватскиот уметник Мијо Ковачиќ од 1965 година.
  • „Рибар“ (хрватски: Ribič) — слика на хрватскиот уметник Мирко Вириус од 1939 година.
  • „Риболовот на китови на Гренланд“ (англиски: Greenland Whale Fisheries) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.

Наводи

Tags:

Вештачко ѓубривоРиба

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РециклирањеХамлетСтрумицаВлада на Македонија од 1992ПолскаОхридска пастрмкаПелистерПсоријазаАДХДОхридско ЕзероЕпилепсијаФилип ПетровскиКоле ЧашулеМитозаИзборна единица 6Бели мугриПрва влада на Бранко ЦрвенковскиСтефан БогоевАлопецијаГликемијаКоле НеделковскиОпштина СарајМакедонски претседателски избори, 2009Обединети за МакедонијаНова либерална партијаПридавкаЛавВелики петокМакедонски претседателски избори (2004)Историја на македонскиот народВардарЛевица (политичка партија)ТетанусБубрежен каменГолемата вода (роман)HAARPИсламЗмијаГеографија на МакедонијаСписок на планини во МакедонијаМакедонски БродЉубчо ГеоргиевскиСветско населениеИнтеграРибиСузана СпасовскаОпштина КривогаштаниМакедонски парламентарни избори (1994)Знаме на МакедонијаАлцхајмерова болестПопулизамГоран СтефановскиЕкологијаДемократска обнова на МакедонијаРевизор (комедија)Ѓорче ПетровОзонска обвивкаЦар Едип (драма од Софокле)Поштенски броеви во МакедонијаГзим ОстрениБубрежна слабостВила ВодноРоманијаБразилРак на белите дробовиКомуњарДостоинство (политичка партија)Локални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеМакедонски претседателски избори, 2019ХартијаКорупцијаАлшарСипанициДоксициклинНезависен политичарЦар СамоилЃорѓија СајкоскиОпштина Липково🡆 More