Рембрант: холандски сликар

Рембрант Херменсон ван Рајн (холандски: Rembrandt Harmenszoon van Rijn; 15 јули 1606 или 1607 – 4 октомври 1669) — веројатно највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста.

Рембрант исто бил умешен печатар и нацртал многу цртежи. Неговите придонеси во уметноста се случиле во текот на златното време на холандското сликарство (за време на XVII век) кога холанѓаните го достигнале зенитот на нивната моќ низ светот, нивното политичко влијание, наука, трговија и култура (особено во сликарството).

Рембрант Херменсон
ван Рајн
Рембрант: Творештво, Автопортрети, Влијание
Роден Rembrandt Harmenszoon van Rijn
15 јули 1606
Холандија Лајден, Холандија
Починал 4 октомври 1669
Холандија Амстердам, Холандија
Занимање сликар
Сопружник Саскија
Хендрикје (неформално)
Татко
Родители Harmen Gerritsz van Rijn and Neeltgen Willemsdr van Zuytbrouck
Деца Rumbartus, Hendrickje, Titus, Cornelia, Cornelia
Рембрант: Творештво, Автопортрети, Влијание
Христос во Бурата на Галилејското Езеро, 1633

Во биографскиот речник Чемберс пишува: „Ниеден уметник немал толкава комбинација на способности, енергија и сила“. „Неговиот однос спрема човештвото е полн со човечко сочувство и емоции“ (Џ. О. Торн: 1962).

Творештво

Единственото познато објаснување од самиот Рембрант за што тој се обидувал да постигне со неговата уметност е пронајдено во писмо кон еден од неговите патрони. Во него Рембрант напишал: „најдоброто и најприродното движење“ (на холандскиdie meeste ende di naetuereelste beweechgelickheijt“). Дали тоа се однесува на материјална цел или нешто друго е оставено отворено за интерпретација. Во секој случај, Рембрант беспрекорно ги составувал материјалното и духовното како ниеден друг уметник во западната уметност..

Рембрант создал повеќе од 600 слики, 300 графики и 2.000 цртежи. Тој бил мошне продуктивен сликар на автопортрети и создал скоро стотина (вклучувајќи и 20 графики) низ неговата долга кариера. Овие авто-портрети ни даваат мошне јасна слика за Рембрант, неговиот изглед и уште побитно, неговото битие што може да се осознае во неговото разбраздено лице.

Битни карактеристи на творештвото на Рембрант се: светлосенка (кјароскуро), техника на користење на драматичен контраст на светло, сенки и темница која што Рембрант ја адаптирал од техниката на Караваџо; драматично и живо претставување на неговите субјекти без крута формалност која што била типична за тогашните сликари; длабоко сочувство за човекот без разлика на човековата старост и имотна состојба.

Во неговите дела кои често биле со митолошка, библиска или историска тематика, Рембрант често ја насликувал најблиската фамилија: неговата прва жена Саскиа, синот Титус и неговата неформална жена Хендрикје.

Автопортрети

Влијание

Во песната „Светилници“, францускиот поет Шарл Бодлер го опејува Рембрант како „тажна болница каде тивкиот народ блада“.

Наводи

Извори

  • Hughes, Robert (2006), "The God of Realism", The New York Review of Books (Rea S. Hederman) 53 (6)

Надворешни врски

Tags:

Рембрант ТворештвоРембрант АвтопортретиРембрант ВлијаниеРембрант НаводиРембрант ИзвориРембрант Надворешни врскиРембрант15 јули1606160716694 октомвриXVII векЗлатно време на холандското сликарствоСликарУметностХоландијаХоландски

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Нежилово (Велешко)Антон ПановЃурѓовденЛила СтојановскаРоднински односиЗафир ХаџимановФудбалска репрезентација на МакедонијаБитолаАкутен бронхитисВасил ШишковСвети НиколеГрадови во АвстријаБаба (планина)Список на држави и територии во ЕвропаРаички манастирДневникот на Ана ФранкБилјана ТанескиРоберт ПетковскиЈани БојаџиГрадови во ИталијаБукурешки договор (1913)1 мајПретседател на МакедонијаСУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеМакедонијаЗнаме на МакедонијаСрцево заболувањеОтоманска МакедонијаМарко ЦепенковГевгелијаСписок на хемиски елементиПавел ШатевЛешочки манастирМакедонски јазикЗабБелгијаБозаИсламКристијано РоналдоАнглиски јазикМакедонски денарАмонијакРечник на стари македонски зборовиЛионел МесиШтипИндијаКиро ДоневСнежана (бајка)Себороичен дерматитКатлановска БањаДуфски ВодопадОпштина КумановоВеличествениот султан (ТВ-серија)ВодаДен на востанието на МакедонијаПрва балканска војнаВоденПремиер лига на АнглијаНикола ГруевскиФотосинтезаВиницаОпштина СарајЗовиќВаландовоТиквешко ЕзероСписок на повикувачки броеви на земјитеПридавки во македонскиот јазикРесенБарселонаКокошкаGТетовирање (филм)ИталијаМакедонски ВласиБерово🡆 More