Религија Во Судан

Религијата во Судан има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата.

Религија во Судан
Религија Процент
Ислам
  
97 %
Христијанство
  
1,5 %
Африканска традиционална религија
  
1,5 %

Најголема религија во земјата е исламот со 97%, додека втора по големина е христијанството со 1.5% и Африканската традиционална религија со 1.5%. Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Маликиската школа, под влијание на суфизмот.

Ислам

Најголемиот дел од суданските муслимани се приврзаници на сунитскиот огранок на исламот. Огромното мнозинство припаѓаат на Маликиската школа, иако има приврзаници и на Шафиската школа и Ханифиската школа. Шиизмот неодамна пораснал во популарна вера во Судан.

Суфизмот и шиитскиот ислам ја поддржуваат крвната линија на пророкот Мухамед, Ахл ал-Бејт. Некои шиити претпочитаат да ја практикуваат својата вера под чадорот на суфизмот заради безбедност, бидејќи суфизмот има тенденција да биде помалку социјално и политички контроверзен во Судан отколку шиитскиот ислам. Сепак, салафистите и џихадистите извршиле крвави напади врз суфистите, шиитите и други секти за кои тврдат дека се еретички.

Сепак, сунитскиот ислам во Судан не е обележан со еднообразно тело на верување и пракса. Некои муслимани се спротивставиле на аспектите на сунистичката ортодоксија, а обредите што не биле од исламско потекло беле широко распространети и прифатени како да се составен дел на исламот или понекогаш да бидат признати како посебни. Големо мнозинство муслимани во Судан се придржуваат кон суфизмот или се под силно влијание од него, со што Судан е едно од најтолерантните земји со муслиманско мнозинство во светот.

Христијанство

Судан бил претежно христијански во времето пред доаѓањето на исламот во 7 и 8 век. Домородните нубијски коптски христијани продолжиле да составуваат значителен дел од населението на регионите до 19 век, кога повеќето биле присилени да се преобратат во ислам под махдистичката држава (1881-1898). Влијанието на Коптската православна црква сѐ уште е маргинално присутно во Судан, со неколку стотици илјади останати приврзаници. Во 2011 година, претежно христијанските области во Јужен Судан се отцепиле од земјата, формирајќи нова држава. Христијаните кои живеат околу Нубијските планини често се предмет на прогонство. Воените дејства на суданската влада против народот Нуба се етикетирани како етничко чистење.

Наводи

Tags:

ИсламСуданХристијанство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ОхридИзборна единица 5Рак (болест)Локални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеМакедонски народни песниХемоглобинСтруен ударЕвропаМакедонска кујнаДренок (Струшко)ШтрковиБигорски манастирДрагана МирковиќОксидЗаздравување на ранаМакедонски ВласиМечкин КаменВранаЗемја (планета)Никола КаревРомбВиенаТумор на мозокЃорѓи КолозовПротестантиРусијаСтрушки вечери на поезијатаЧленконогиШтипДесница (политика)ИлијадаЕкосистемИсламРасказСтара ГрцијаОпштина ЛозовоЈордан Хаџи Константинов-ЏинотСписок на македонски писателиЧинови на Армијата на МакедонијаМенингитисПреспанско ЕзероСкопјеОпштина Чучер-СандевоЃурѓовденЧасовен појасРасејувањеСписок на главни градови во светотСлаткаристикаЕп за ГилгамешСветлинаШенген-зонаСјогренов синдромПеколот (Божествена комедија)АвстријаОпштина ШтипСписок на електрани во МакедонијаЖичени инструментиДевојка со бисерна обеткаЧасовникМикеланџело БуонаротиНАТОЦветнициМакедонска граматикаОбновливи извори на енергијаСојуз на Ромите од МакедонијаЗаграчаниХананСтарецот и моретоКрал МаркоОпштина ЛипковоСкопски земјотрес (1963)Пипи Долгиот ЧорапБиотички факториПотенцијална енергијаЛимфен јазолМакедонска азбукаМакедонци-муслиманиВија Егнација🡆 More