Религија Во Сомалија

Религијата во Сомалија има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата.

Религија во Сомалија
Религија Процент
Ислам
  
99,9 %
Христијанство
  
0,1 %

Најголема религија во земјата е исламот со скоро 99.9%, додека втора по големина е христијанството со 0.1%

Ислам

Религија Во Сомалија 
Џамија во Сомалија

Исламот влегол во регионот многу рано, кратко време по хиџра. Џамијата во Зејла датира од 7 век и е најстарата џамија во градот. Во доцниот 9 век, Ал-Јакупи напишал дека муслиманите живеат по должината на северниот брег на Сомалија. Тој, исто така, спомнал дека Адалскиот султанат го има својот главен град, сугерирајќи дека Адалскиот султанат со Зејла како седиште датира од 9 или 10 век. Според И. М. Луис, политиката била управувана од локални династии, кои исто така владееле слично како воспоставениот Султанат Могадишу во регионот Бенадир на југ.

Покрај тоа, од сомалиската заедница произлегуваат бројни важни исламски фигури во текот на вековите, од кои многу од нив значително го обликуваат текот на муслиманското учење и пракса. Меѓу овие исламски научници спаѓаат сомалискиот теолог од 14 век и правник Утман бин Али Зајлаи од Зејла, кој го напишал единствениот најавторитативен текст за Ханифиската школа, кој се состои од четири тома.

Улогата на верските функционери започнала да се намалува во 1950-тите и 1960-тите, бидејќи некои од нивните законски и образовни овластувања и одговорности биле пренесени на секуларните власти. Позицијата на верските водачи значително се променила по револуцијата од 1969 година и воведувањето научен социјализам. Сијад Баре инсистирал на тоа дека неговата верзија на социјализмот е компатибилна со принципите на Куранот и го осудил атеизмот. Верските водачи, сепак биле предупредени да не се мешаат во политиката.

Новата влада вовела законски измени што некои верски личности ги сметале за спротивни на исламските правила. Режимот остро реагирал на критиките, убивајќи некои од демонстрантите. Подоцна, религиозните водачи започнале да бидат дел од владата.

Денес, најголемиот дел од жителите на Сомалија се муслимани. Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Шафиската школа под влијание на суфизмот, иако некои се приврзаници на шиитската муслиманска вероисповед. Суфизмот, како мистичен аспект на исламот е исто така добро воспоставен.

Членот 2 од привремениот устав на Сомалија го дефинира исламот како државна религија на земјата и исламскиот шеријат како основен извор за националното законодавство. Исто така, уставот предвидува дека не може да се донесат закони што не се во согласност со основните начела на шеријатот. Членот 11 гарантира еднакви права и слобода од прогон за сите граѓани пред законот, без оглед на религијата. Дополнително, членот 17 ја штити слободата на религијата.

Христијанство

Религија Во Сомалија 
Некогашната катедрала во Могадишу

Христијанството е малцинска религија во Сомалија. Додека официјалниот број на отворено декларирани практичари на христијанството е само околу 1.000 меѓу вкупното население во земја од над осум милиони жители (100% од нив се, барем официјално, муслимани), вистинскиот број христијански практичари во Сомалија е непознат поради феноменот на криптохристијанството меѓу етничките сомалиски муслимани што се преобраќаат во христијанството.

Според некои извори во Сомалија официјално живеат 200 христијански лекари, и тие се или странци или се потомци на некои странци или пак се припадници на малцинската етничка група Банту.. Сомалиските христијански потомци потекнуваат од италијанските колонисти и претежно се Евангелисти и Назарени. Постои една католичка епархија за целата земја со седиште во Могадишу.

Вистинскиот број на неофицијалниот дел од сомалиските христијански верници е непознат. Религиозните прогони на неофицијалните христијани е често а напуштањето на исламот е кривично дело и казниво со смрт во Сомалија. Поради тековната Граѓанска војна во јужниот дел на земјата се верува дека христијаните во Сомалија се соочуваат со прогон и понекогаш со смрт. Освен катедралата во Могадишу (која повеќе не се користи за христијански услуги, иако во 2013 година плановите за нејзино поправање биле најавени од епархијата), во земјата не постојат црковни објекти ниту пак правна заштита за христијаните. Некои од христијаните се состануваат во подземни цркви. Сепак, имало случаи и пред и за време на граѓанска војна во која некој муслиман ја прифатил христијанската вера, тајно објавувајќи го своето отпадништво. Всушност, тие биле христијански верници, но законски муслимани. Така, статистиката на сомалиските христијани не ги вклучува муслиманските отпадници во христијанството.

Паравоените групи во Сомалија исто така се вклучиле во ограбувањето на христијански гробови,. Понекогаш терминот „христијанин“ бил етикета што џихадистите ги ставале врз луѓето за кои се сомневале дека работеле за етиопската интелигенција.Во август 2009 година, Меѓународната христијанска грижа забележала дека 4 Христијани кои помагале на деца-сираци биле обезглавени од исламски екстремисти бидејќи не сакале да станат Муслимани. Сето ова, државата ја прави лабава, со најнизок индекс на демократија, верска слобода и почитување на основните човекови права.

Наводи

Tags:

ИсламСомалијаХристијанство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СкопјеБубрежна инфекцијаМакедонски претседателски избори, 2019Општина ОхридКрушевска РепубликаАтентат врз Киро ГлигоровИсторија на Македонија (1991 - денес)ГлаголБели мугри‘Рбетен столбЕгејска МакедонијаМеѓународен аеродром СкопјеЖичени инструментиЈордан Хаџи Константинов-ЏинотВлатко СтефановскиНародна Република Македонијаuf2lnПиринска МакедонијаЛевица (политичка партија)Сулфур диоксидВагинален исцедокЗијадин СелаВлада на Македонија од 1992Еден на еденОпштина Маврово и РостушеДијалектГемиџииРисИгор КостескиРак на грло на маткаМакедонски парламентарни избори, 2011Национален парк ПелистерЛасерЗагадување на воздухотПиреј (роман)Демократска партија на АлбанцитеСловенијаКирил ПејчиновиќОпштина Чучер-СандевоВодолија (хороскопски знак)ХипотироидизамМесечинаИзборни единици во МакедонијаСпоменка (книга)Тони НаумовскиОпштина Кисела ВодаНикола Димитров (дипломат)СифилисРак на дојкаБлагој ДавковСписок на државни знамињаЈане СанданскиТрајко ВељаноскиПравопис и правоговор на македонскиот јазикАмди БајрамПапратКамен мост (Скопје)Менструален циклусФилипиниМакедонски ораТумор на мозокНикола КљусевПартија за демократски просперитетМинистер за здравство на МакедонијаОче нашКристофер КолумбоСписок на политички партии во МакедонијаТоксикологијаГрб на МакедонијаМакедонски месециЦрн дробЧорбаџи ТеодосСвети ГеоргиМРСАГордана Силјановска-ДавковаБедија БеговскаСвети Кирил и МетодијЕндометриоза🡆 More