Пустец: село во Албанија

Пустец (албански: Pustec; до 2013 г.

Liqenas, Лиќенас) — село и општина во Мала Преспа, Албанија, во рамките на областа Горица (Корча) со македонско население.

Пустец
Pustec / Liqenas
општина
Карта на Општина Пустец со сите населени места
Карта на Општина Пустец со сите населени места
Знаме на ПустецАмблем на Пустец
Амблем
Пустец is located in Албанија
Пустец
Пустец
Координати: 40°47′13″N 20°54′08″E / 40.78694° СГШ; 20.90222° ИГД / 40.78694; 20.90222
ЗемјаПустец: Географија и местоположба, Села во општината, Историја Албанија
ОбластГорица
ОпштинаПустец
Надм. вис.&10000000000000861000000861 м
Население (2013)
 • Вкупно3.500
Рег. таб.KO

Географија и местоположба

Пустец: Географија и местоположба, Села во општината, Историја 
Панорама на Пустец

Пустец e село во Република Албанија и административен центар на Општина Пустец (Opshtina Pustec), која од 1973 до 2013 г. се нарекувала Лиќенас (Komuna Liqenas) и се наоѓа во јужниот дел на областа Мала Преспа на брегот на Преспанското Езеро. Градоначалник на општината е Едмонд Темелко (победник на изборите одржани на 18 февруари 2007), а сите членови на советот на општината се исто така етнички Македонци. Грбот на општината го содржи древниот македонски симбол Ѕвезда од Кутлеш над кое стои натпис на македонски Општина Пустец, а под него на албански. Тоа е всушност прв случај на официјална употреба на македонскиот јазик во Албанија.

Во атарот на Пустец се наоѓа островот Мал Град.

Топонимија

Во атарот на Пустец се познати следниве позначајни топоними:

Апстара, Арапица, Бабите, Башите, Божурките, Брекина, Варниците, Габро, Гапче, Гола Чука, Голина, Горица, Граци, Грашишта, Гробишник, Гуалник, Ѓуптино, Дебелес, Долимано, Доличките, Долно Родостински, Долчето, Драгва Нива, Дрен, Дрмељ, Змија, Иљојте, Јамите, Јамје, Јарината, Калаузо, Колиња, Кољојца, Коријата, Косто Дол, Кравите, Л’ка, Ливадата, Магур, Мал Град, Мали Магур, Мали Манстир, Мечката, На Кол, На Поле, Над Камен, Новото, Патеш, Плошта, Прливец, Пустец, Рачара, С’ржејнца, Секоите, Сината Нива, Скапецот, Смокоите, Сопот, Стари Кладенец, Сува Гора, Точкојца, Улјајнца, Цероите, Чежмите, Шантајца.

Села во општината

Пустец: Географија и местоположба, Села во општината, Историја 
Карта со населени места на Општина Пустец

Општина Пустец ги опфаќа следниве села:

Историја

Во селото постои цркваСв. Архангел Михаил“ изградена во 1754 година.

Стопанство

Економската состојба во селото и целиот крај е катастрофална. Само 5% од жителите се вработени, а населението главно се занимава со земјоделство, риболов, сточарство и продавање на разна стока на пазарите во поголемите градови во Македонија и Албанија.

Демографија

Пустец: Географија и местоположба, Села во општината, Историја 
Двојазична табла во Пустец

Во 1900 година според Васил К’нчов селото броело 410 православни Македонци. Во селото денес живеат околу 3.500 жители од кои над 99 % се Македонци.

Година Население
1900 410
1926 515
1945 565
1960 697
1969 788
1979 941
1989 1.035
2000 1.120
2013 3.500

Родови

Пустец е македонско село.

Родови во селото се: Аговци, Бачиновци, Бојковци, Вељановци, Ватиовци (Ѓоргијовци), Вангеловци, Волкановци, Главчевци (доселени се од Церје во 1976 година), Дамовци, Дуровци, Ѓавовци, Журковци, Ѕрлевци, Јоновци, Колевци, Кољаковци, Малевци (доселени од Глобочани), Митревци, Мренкаровци, Наумовци, Ничовци, Пашкаловци, Поповци, Постоличините, Сотировци (доселени од Церје), Ставревци, Трајковци (доселени од Церје), Тенковци, Таневци, Трајановци, Цазовци, Џељовци и Ушкаровци.

Општествени установи

Пустец: Географија и местоположба, Села во општината, Историја 
Црквата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец
Пустец: Географија и местоположба, Села во општината, Историја 
Стара слика на руска полска црква во Пустец.

Во селото работат основно и средно училиште, а овозможено е образование на македонски јазик само до четврто одделение. Во рамките на училиштето во Пустец постои и библиотека со огромен фонд на книги на македонски јазик.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Збратимени општини

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Пустец Географија и местоположбаПустец Села во општинатаПустец ИсторијаПустец СтопанствоПустец ДемографијаПустец Општествени установиПустец Културни и природни знаменитостиПустец Редовни настаниПустец Збратимени општиниПустец ЛичностиПустец Култура и спортПустец ИселеништвоПустец ПоврзаноПустец НаводиПустец Надворешни врскиПустецАлбанијаАлбански јазикГорица (област)Македонци во АлбанијаМала ПреспаОпштинаСело

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Локални избори во Македонија (2021)Попис на населението во Македонија (2021)Општина Ново СелоЗоран ДамјановскиЉупчо ГеоргиевскиЕлизабета ЃоргиевскаУметностМосква24 априлБисера Костадиновска-СтојчевскаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиНеважечко гласачко ливчеИлинденско востаниеВардарЈанко БачевМакедонски БродОливера НиколоваБорислав КрмовЛиберална партија (Македонија)Слобода или смртЛуцеркаКипарБожествена комедијаБели мугриДоктор ОфболиЈагодаБиблијаДемократски сојузАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаЖивеалиште (екологија)НилОпштина Крива ПаланкаЦрвена Вода (Скопско)СителМетодистичка цркваСтрујно колоБелградДаме ГруевКирилицаОслободителна војска на КосовоСаво КлимовскиМијациОбединето КралствоКожлеМакедонски хумористични народни приказни (книга)Правен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеХајди (роман)СинонимЗНАМЗоран ЗаевГласањеСтругаБобан ТрајковскиДржавна изборна комисијаМенструален циклусРоднински односиДелчевоОслободителна народна армијаЛевица (политичка партија)СкопјеПопулизамДржаваСкопски земјотрес (1963)Авантурите на Том СоерПравопис и правоговор на македонскиот јазикКинески прстенИмер СелманиКокосова палмаГостиварВакцина против тетанусЏо БајденНиколиќЈордан МијалковДимитар АпасиевОпштина ЧаирАвстралија🡆 More