Плакат

Плакат — оглас напишан или втиснат на лист хартија и обесен или залепен на јавно место.

Форматот на плакатот најчесто е таков што овозможува употреба на букви доволно големи за да можат да се прочитаат од прилична далечина.

Плакат
Плакат за настан

Освен текстот, плакатот речиси редовно содржи и ликовни елементи, концепирани и изведени така што да го привлечат вниманието на оние на кои им се обраќа, а со визуелната компонента не само да ја помогнат и дополнат перцепцијата на содржината, туку и директно или асоцијативно да дејствуваат врз сензибилитетот на приемачот на пораката.

Поради сите погоре наведени специфики, плакатот е делотворен медиум за јавно информирање. Се него се служат политичарите, културните и стопанските организации, за да ги пропагираат своите идеи или да ги постигнат своите цели.

Плакат
Плакат со Германска пропаганда

Претходници на плакатот биле отпечатени летоци и театарски огласи што се јавиле уште од 16-от век. Ликовниот дел им бил најнапред дрворез, а потоа бакрорез. Во денешна смисла, плакатот датира од втората половина на 19-от век. За неговата појава во времето на францускиот импресионизам решително било запознавањето на Западот со јапонската обоена графика и изумот- усовршувањето на литографијата.

Плакат
Афирмациски плакат

За творец на модерниот илустриран плакат може да се смета Тулуз-Лотрек. Натаму, него го развиле голем број на ликовни уметници: во Франција: Грасе, Стеинлен, Пиви д Шаван, Бонар; во Англија: Бердслеј, Харди; во САД: Пенфилд, Бредли, Рид; во Германија: Унгер, Хејне, Штук, Холвејн, Арпке, Пецолд и други.

Новите технолошки постапки дале мошне богати изразни можности.

Литографскиот камен е заменет со плоча од алуминиум или цинк- цинкографија. Потоа е воведен офсетниот печат, а во нашево време сито-печатот. Големо значње за плакатот има и фотографијата, особено фотографијата во боја. Исто така, важна била обновата на типографијата кон крајот на 19-от век, под влијание на Морис и движењето "Уметност и графика" во Англија.

Плакатот често се употребува во масовните агитации. Особено значајна била неговата прогресивна улога во Русија, за време на Октомвриската револуција, а и во подоцнежните пропагандни активности, како и за време на војната против германскиот завојувач. Познати се плакатите на Мајаковски, Мур, Иванов, како и на групата Кукриникси.

Од Втората светска војна плакатот е најчесто заедничко дело на група во која, освен авторот-дизајнер, учествуваат и пропагандист (денес маркетинг агент), пишувач на текстови, типограф и печатар.

Tags:

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АнасонКарлес ПуџдемонШар ПланинаВиолинаУран (планета)Египетски пирамидиСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Владо ЈаневскиЖелезоЈужна АмерикаЛинуксМакедонски денарПолип на маткатаХемороидТифусЈужна КорејаВодноАлгиСлепче (Демирхисарско)ВиножитоКорабЖељко РажнатовиќЦрн ДримЦркваБаба (планина)Бубрежен каменСараевоСлепченски манастир (Демирхисарско)Тигрица (птица)Беловиште (Тетовско)ВоденХајди (роман)СтрумицаПридавкаПеперугиРаички манастирЕкологијаАли АхметиОхридски рамковен договорИгор ЏамбазовКрвЛисабонски договорПетре М. АндреевскиАнксиозностМиланоГабаРомиАневризмаБерлинИнсектиСообраќаен знакЈоаким КрчовскиТракијаВинарска визба „Вила Марија“Стрептококен фарингитисВладо ЧерноземскиМарс (планета)ЕлениФлебитисСветлинаЖељко СамарџиќФилмОпштина Гази БабаМухамедСилвестер СталонеЖолчкаКрива ПаланкаСтево ТопчевГлаголицаАдам и ЕваТурцијаСписок на планини во МакедонијаПрилепЦирозаКралица ВикторијаПаневропски коридор X🡆 More