Образување И Функција На Именките Во Македонскиот Јазик

Именките се зборови кои се користат да се означат поими, суштества, предмети, појави и поими.

Образувањето на именките се врши на неколку начини и истите имаат неколку различни функции.

За образувањето на именките во македонскиот јазик постојат неколку начини, меѓу кои: бессуфиксен, суфиксен, префиксен, префиксно-суфиксен и именки од сложен вид. Именките најчесто се образуваат со суфикси. Зборообразувачките средства може да се додадат на именки, глаголи, придавки, броеви и други зборовни групи.[1] Бессуфиксниот начин на образување не се служи со никакви наставки за формирање именки и такви се на пример именките „жал“ или „вик“, кои се добиени од глаголите „жали“ и „вика“. Суфиксниот начин на образување на именки се користи со наставки или наставки кои се ставаат на крај од зборот и такви именки се „свадба“ или „столар“. При префиксниот начин на образување на именки наставката се става на почетокот на зборот (пр. прабаба или предговор), а префиксно-суфиксниот начин е комбинација на наставки кои се ставаат и пред и после зборот (пр. бессоница, потколеница итн.)

Именки образувани од глаголи

Овој вид на именки се добиени од глаголи, односно основата е глаголска. На глаголската основа се додаваат наставки и такви ги има повеќе. Меѓу почесто застапените наставки кои се користат да се добие именка од глагол се [2]:

  • −ба — пр. борба, жалба итн.
  • −ач — пр. берач, борач итн.
  • −ка — пр. белешка, дремка итн.
  • −еж — пр. грабеж, цртеж итн.
  • −иште/ −лиште — пр. игралиште, ловиште итн.
  • −ник — пр. скитник, ученик итн.

Именки образувани од придавки

Овој вид на именки се добиени од придавки, односно основата е придавна. На придавната основа се додаваат следните наставки [3]:

  • −ина — пр. должина, ширина итн.
  • −ост — пр. лудост, старост итн.
  • −ство — пр. богатство, пијанство итн.
  • −ец — пр. белец, црнец итн.
  • −ка — пр. белка, црнка итн.
  • −ило — пр. зеленило, црвенило итн.

Именки образувани од именки

Овој вид на именки се добиени од други именки, односно основата е именска. На именската основа се додаваат наставки и такви ги има повеќе. Меѓу почесто застапените наставки кои се користат да се добие именка од именка се [4]:

  • −ство — пр. пријателство, ропство итн.
  • −ник — пр. дописник, наставник итн.
  • −иште— пр. ѓубриште, огниште итн.
  • −ар — пр. банкар, рибар итн.
  • −џија/ -чија — пр. бурекчија, бозаџија итн.
  • −ец — пр. металец, северец итн.
  • −ица — пр. гулабица, божица итн.
  • −ка — пр. докторка, членка итн.

Именки образувани од броеви

Овој вид на именки се добиени од броеви и се користат следните наставки [5]:

  • −ка/ −ина/ −инка/ −ица — пр. десетка, десетина, десетинка, десетица.

Фунции на именките во реченицата

Именките ги имаат следните функции во реченицата[6]:

    пр Багремите имаат трнци.
    пр. Тој купи пенкало.
    пр. Тој му се најавил на Стефан.
  • предмет со прилог
    пр. Таа се плаши од пајаци.
  • прилошка определба
    пр. Топчето се стркала под столот.
  • именски дел од прирокот
    пр. Ѓорѓи е лекар.
  • вокативна фунција
    пр. Сакам да се видиме, Стефане!
  • атрибут
    пр. Тој купи четири литри сок.
  • апозиција
    пр. Највисоката планина во Македонија, Кораб, е во западниот дел од државата.

Користена литература

  1. ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. ^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.

Поврзано

Tags:

Образување И Функција На Именките Во Македонскиот Јазик Именки образувани од глаголиОбразување И Функција На Именките Во Македонскиот Јазик Именки образувани од придавкиОбразување И Функција На Именките Во Македонскиот Јазик Именки образувани од именкиОбразување И Функција На Именките Во Македонскиот Јазик Именки образувани од броевиОбразување И Функција На Именките Во Македонскиот Јазик Фунции на именките во реченицатаОбразување И Функција На Именките Во Македонскиот Јазик Користена литератураОбразување И Функција На Именките Во Македонскиот Јазик ПоврзаноОбразување И Функција На Именките Во Македонскиот ЈазикИменки во македонскиот јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СтобиМојот звукСтрушки вечери на поезијатаБошњациКалендар на Велигденски датумиМакедонски ораЗлатоСвети Кирил и МетодијАвстралијаСам домаМакедонијаЧорбаџи ТеодосЖивко ЧингоРимско ЦарствоЕмре БејНародна банка на МакедонијаЗнаме на АнглијаДоксициклинПиреј (роман)Исус ХристосДимитар КовачевскиМакедонски народни песниПол ДиракАпозиција во македонскиот јазикАрбен ТаравариГарванот (поема)БудизамХороскопски знациКрвен притисокСтара скопска чаршијаПремиер на МакедонијаКуранБерлинБалтиморСеверен ВиетнамПолуспроводникДемографија на МакедонијаЧинови на Армијата на МакедонијаРак на грло на маткаБилјана ВанковскаШенка КолозоваИсторија на ЕвреитеЈустинијан IАјдахоФатаморганаПредмет (граматика)Марфанов синдромМихаил БулгаковПридавкаМавровоОпшта теорија за релативностаБлаже КонескиКилијан МбапеЦелијакијаАхеменидско ЦарствоРНК-полимеразаШвајцаријаРостокМалиот принцКвадратМораво рокчеРобинзон КрусоСтојанче АнгеловАјкулаИлијадаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ГлаголицаМавританијаДемократска партија на Турците на МакедонијаЏеј РамадановскиПретседател на МакедонијаЦрно семе (роман)Вакцина против тетанусМаксим ДимитриевскиТигарМакедонска кујнаЗевсБиблија🡆 More