Никола Делчев

Никола Димитров Делчев (28 април 1844 - 6 март 1920) — македонски општественик од Кукуш и татко на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Женет со Султана од с. Морарци, Кукушко, имал 5 ќерки: Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена, и 4 сина: Гоце (Ѓорѓи), Мицо (Димитар), Милан и Христо.

Никола Делчев
Никола Делчев
Роден 28 април 1844
Кукуш, Егејска Македонија
Починал 6 март 1920
Горна Џумаја, Пиринска Македонија
Никола Делчев
Никола Делчев на стари години

Животопис

Никола Делчев бил меанџија. Покрај куќата, поседувал дуќан, околу шест декари лозје, од кои сам правел вино и ракија, како и околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотина овци (околу 600-700).

Гоце Имов, пријател на Гоце Делчев, во своите Спомени , истакнал дека неговиот татко и таткото на Гоце се занимавале со трговија на овци, кои ги купувале напролет и ги продавале есента кај трговци дојдени од Цариград или Анадолија. Кога немало трговци на жива стока, неа ја колеле и ја солеле за пастрма, а потоа ја испраќале за Драма, Кавала, Сер и Солун.

Бил активен во општествениот живот на Кукуш.

По Балканските војни емигрирал во градот Горна Џумаја, Пиринска Македонија. Бугарската држава му дала на Никола Делчев народна пензија за заслугите на неговите синови за слободата на Македонија.

Никола бил строг и правичен, оттаму неговиот патријархален однос не создал инфериорни личности од неговите деца. Напротив, сите тие израснале во самосвесни и слободољубиви поединци.

Поврзано

Наводи

Tags:

1844192028 април6 мартГоце ДелчевДимитар ДелчевКукушМилан ДелчевМорарциРуша ДелчеваСултана Нурџиева ДелчеваХристо Делчев

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Раички манастирПискавицаАнета МицевскаЈугославијаФилип II МакедонскиБугаријаАрмија на МакедонијаГуглПат на солзитеМакедонски парламентарни избори, 2002Шенка КолозоваАритметичка срединаСилви БендКонтинентЦрква „Св. Димитриј“ - БитолаПоникваАДХДНадбубрежна жлездаТитаникСДСМИзборна единица 6Илинденско востаниеВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаДанела АрсовскаВооружена престрелка во Куманово (2015)Бигорски манастирШведскаНова социјалдемократска партијаИзборна единица 2КавадарциВелигденАлопецијаГолем ГрадМакедонски претседателски избори (1994)Тито ПетковскиЈудејаФилиз АхметДимитар КовачевскиГостиварЃорѓија СајкоскиОпштина ТетовоЧовечки скелетАмброзија (растение)БиблијаВладимир ГлигоровВелики понеделникМозочен ударСлавко ЈаневскиПрохор ПчињскиЈане СанданскиМакедонска кујнаПолжавиМакедонски претседателски избори (2024)Весна БендевскаВељушки манастирРК ВардарБедија БеговскаДвижење БесаФарисејЃорѓија ПулевскиСрбијаОпштина Ѓорче ПетровОче нашТранслитерација на македонското писмоГрупа МаестроИлче СтојановскиФилипиниСолунВлада на МакедонијаМакедонски претседателски избори (2014)Список на градови во РусијаПартија за демократски просперитетНикола ТеслаГлавна страницаСловенијаБозаВевчаниЦар СамоилФилм🡆 More