Неонатологија

Неонатологија е субспецијалност на педијатрија, која се состои од медицинска грижа на новороденчиња, особено болни или предвремено родени деца.

Тоа е клиничка специјалност и обично се практикува во клиниките за неонатологија. Најчесто пациенти на неонатолозите се новороденчиња кои се болни или на кои им треба специјална медицинска нега поради предвремено породување, ниска телесна тежина при раѓање, интраутерино заостанување во растот, вродени малформации (вродени мани), сепса, белодробна хиполазија или асфиксија(загушување) при раѓање.

Неонатологија
Лекар прегледува новороденче по породување со Царски рез.

Историја

Додека високите стапки на смртност кај доенчињата биле препознаени од страна на Британската медицинска заедница,уште од 1860-тите години, современата неонатолошка интензивна нега е релативно ново достигнување во медицината. Во 1898 година, проф. д-р Joseph DeLee ја основал првата инкубаторска станица за предвремено родени деца во Чикаго, Илиноис. Првиот Американски учебник за предвремено раѓање бил објавен во 1922 година. Во 1952 д-р Вирџинија Апгар го опишала системот Apgar score, кој е бодувачки систем што се користи како средство за евалуација на состојбата на новородените деца. Првото одделение за интензивна нега во Америка било отворено во 1965, во Њу Хејвен, Конектикат, а во 1975 година, Американскиот Одбор на Педијатри основал суб-одбор за сертификација за неонатологија.

Во 1950-тите дошло до брза ескалација на неонатолошките третмани со овозможувањето   на механичка вентилација (дишење со помош на апарати) на новородените. Ова овозможило преживување на сè повеќе предвремено родени деца. Во 1980-тите, развојот на терапија за замена на белодробниот сурфактант уште повеќе ги зголемила шансите за преживување на деца родени неколку недели пред терминот и ја намалила стапката на хронична белодробна болест, една од компликациите на механичката вентилација. Од 2006 година новороденчињата кои тежат и до 450 грама и се родени уште во 22 гестациска недела имаат шанса за преживување. Во модерните оддели за неонатологија, доенчиња кои тежат повеќе од 1000 грама и се родени по 27 гестациска недела имаат приближно 90% шанси да преживеат и повеќето имаат нормалниот невролошки развој.

Академско образование

Неонатолог е докторот кој работи со предвремено родени деца. За да стане неонатолог, докторот прво треба да специјализира педијатрија, а потоа да заврши додатна обука (субспецијализација) во неонатологија. Во повеќето земји во светот неонатологијата е субспецијалистичка гранка на педијатрија. 

Во Обединетото Кралство, по дипломирањето, на медицински факултет и завршување на две годишното стажирање, докторите кои сакаат да станат неонатолози започнуваат осумгодишна специјализација во педијатрија. Последните две до три години од специјализацијата се посветени на обука во неонатологија како субспецијалност.

Неонатолошки медицински сестри се медицински сестри кои специјализирале во неонатолошка грижа. Тие се сметаат за среден персонал и често ја делат работата со специјализантите на нивните оддели. Нивните работни обврски се дефинирани со законот во конкретната држава во која живеат и со правилникот на болницата каде што се вработени. Вообичаено тие ги третираат пациентите, вршат дијагноза, планираат и препишуваат терапии и изведуваат процедури кои се во рамките на нивните способности.

Спектар на нега

Неонатологија 
30 минути старо бебе во Иран. Сестрата му пружа основна неонатална нега на бебето.

Наместо да се фокусираат на одреден органски систем, неонатолозите се посветуваат на заштита на новороденчињата на кои им е потребна хоспитализација во одделенијата за интензивна нега. Тие, исто така може да дејствуваат како општи педијатри, доколку прават евалуација на состојбата на новороденото. Некои неонатолози вршат иследување на предвремено родените деца во тек на неколку месеци,дури и години, по отпуштањето од болница, за подобро да ги проценат долготрајните ефекти на здравствените проблеми кои се јавуваат во првите часови од животот. Некои неонатолози спроведуваат клинички и научни истражувања со цел подобро да се разберат процесите кои се одвиваат кај оваа специфична група на пациенти.

По раѓањето детето претрпува многу адаптации на екстраутериниот живот, а неговите физиолошки системи како на пример, на имунолошкиот систем, се далеку од целосно развиени. Болести кои се јавуваат за време на неонаталниот период вклучуваат:

  • Неонатална жолтица
  • Респираторен дистрес синдром на новороденото 
  •  Неонатален лупус еритематозус
  • Неонатален конјуктивитис
  • Неонатален тетанус
  • Вертикално преносливи болести (од мајка на дете)
  • Неонатална сепса
  • Неонатална опструкција на дебелото црево
  • Доброќудни неонатални невролошки напади
  • Неонатални акни
  • Неонатален мозочен удар
  • Неонатален дијабетес мелитус
  • Неонатална автоимуна тромбоцитопенија
  • Неонатален херпес симплекс
  • Неонатална хемохроматоза
  • Неонатален менингитис
  • Неонатален хепатит
  • Неонатална хипогликемија
  • Неонатална адренолеукодистрофија
  • Неонатална изоеритролиза
  • Неонатална дифузна хемангиоматоза
  • Неонатална доброќудна хемангиоматоза
  • Неонатална холестаза
  • Неонатална трансзисторна пустуларна меланоза
  • Перинаталната асфиксија
  • Неонатален ихтиоза-склероза синдром
  • Неонатална екзантематозна болест

Терапија

Раѓањето е една од најчестите причини за хоспитализација. Просечните болнички трошоци од 2003-2011 за хируршки услуги кај родилката и новороденото биле најниските болнички трошоци во САД..

Помеѓу 2000 и 2012 година, бројот на неонатални престои (раѓања) во САД флуктуира околу 4.0 милиони и го достигнува врвот од 4.3 милиони евра во 2006 година. Престоите на родилките и новородените деца опфаќале 27% од сите болнички престои во САД во 2012 година.Сепак, болничките трошоци се најниски меѓу трите видови на трошоци за болнички престој (медицински, хируршки, или неонатални). Просечните болнички трошоци за болничките престои на родилките и новородените биле $4,300 во 2012 година (за разлика од $8,500 за одделенски престои и $21,200 за хируршките третмани во 2012 година).

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Неонатологија ИсторијаНеонатологија Академско образованиеНеонатологија Спектар на негаНеонатологија ТерапијаНеонатологија НаводиНеонатологија Надворешни врскиНеонатологијаПедијатријаСепса

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски парламентарни избори, 1998Берлински конгресДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаОтоманска МакедонијаЃорѓија СајкоскиПиринска МакедонијаЗа наша МакедонијаВеројатностЗвукКорозијаЦветнициБубрежна инфекцијаПартија за движење на Турците во МакедонијаСвети Наум (манастир)Извршна властШвајцаријаСтрумицаКафеава мечкаТетанусТодор АлександровСписок на македонски народни поговоркиКоле НеделковскиЈудаизам‘Рбетен столбБекир ХалимиХазби ЛикаАли АхметиДропкаЉубиша ГеоргиевскиМиланоДостоинство (политичка партија)Пресметување на датумот на ВелигденБиблијаЛазарова саботаНационален парк ГаличицаСписок на планини во МакедонијаМакедонски ВласиTrackBackКомунизамЖелезоЕволуција на човекотСобрание на Република МакедонијаРадишаниДемократска обнова на МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2008Владимир ГлигоровГостиварАфрикаХари КостовУпад во Собранието на Македонија (2017)Вештачка интелигенцијаНационален парк ПелистерБигорски манастирИзборни единици во МакедонијаДемографија на МакедонијаТромбоцитопенијаМитко ЧавковБалканска приказна (ТВ-серија)Нова социјалдемократска партијаПустина (роман)Панонска НизинаМакедонски БродВлада на Димитар КовачевскиДомашно говедоМакедонски претседателски избори (2024)Рамнокрак триаголникРимско ЦарствоВодаНадреден знакМендух ТачиСписок на главни градови во светотОпштина ЦентарМоликаДесница (политика)АнемијаДрога🡆 More