Мизогинија

Мизогинија или женомразие — омраза или предрасуда кон жени или девојки.

Мизогинијата може да се манифестира на повеќе начини, вклучувајќи ја и половата дискриминација, оцрнувањето на жените, насилството врз жените и сексуалната објектификација на жените.

Мизогинија
Лилит е фигура во еврејската митологија, која се развила најрано во вавилонскиот Талмуд (од 3 до 5 век н.е.). Жена која гледа надолу поради нејзиниот пол и доминација од Адам.

Дефиниции

Според социологот Алан Г. Џонсон, "мизогинија е културен став на омраза кон жените бидејќи се жени." Џонсон вели:

Мизогинија... е централен дел на сексистичките предрасуди и идеологија и како таква е важна основа за угнетување на жените во машко-доминираните општества. Мизогинијата се манифестира на многу различни начини, од шеги на сметка на жените до порнографија до насилство до само-презирот кои жените се научени да го чувствуваат кон своите тела.


Социологот Мајкл Флуд, од Волонгонгскиот Универзитет, мизогинијата ја дефинира како омраза кон жените, и бележи:

Иако најчеста кај мажите, мизогинијата исто така, постои и се практикува од страна на жените во однос на другите жени, па дури и кон самите себе. Мизогинијата функционира како идеологија или верски систем кој ги придружува патријархалните/машко-доминираните општества со илјадници години и продолжува да ги поставува жените во подредени позиции со ограничен пристап до моќ и донесувањето на одлуки. Оттогаш, жените ја интернализирале нивната улога како општествени жртвени јагниња, во 21 век под влијание од мултимедијалната објектификација на жените со својата културно санкционирана само-омраза и фиксации на пластична хирургија, анорексија и булимија.


Феминистичка теорија

Според некои, мизогинијата е резултат на Мадона-курва комплексот, кој е неможноста да се видат жените како ништо друго освен "мајки" или "курви"; луѓето со овој комплекс секоја жена ја ставаат во една од овие категории.

Феминистичкиот теоретичар Мерилин Фрај тврди дека мизогинијата на мажите е, во својата основа, фалогоцентрична и хомоеротична, бидејќи ги претпочитаат и сметат за подобри мажите.

Во доцниот 20 век, според теоретичарите од вториот феминистички бран мизогинијата е и причина и резултат на патријархалните општествени структури.

Според социологот Мајкл Флуд: "омразата кон мажите нема системска, трансисторична, институционализирана и законска антипатија како мизогинијата".

Наводи

Tags:

ДевојкаОбјектификацијаПредрасуда

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Шар ПланинаРоботикаДоктор ОфболиАрхимедСлонШтрковиТулаДунавЈосифовоАзербејџанСолунски атентатиВодно растениеШенка КолозоваСписок на држави и територии по површинаМозочен ударСписок на македонски народни и староградски песниМарихуанаВртоглавицаБразилЛавЛист (ботаника)БерлинБосна и ХерцеговинаОкеанРомантизамЈоаким КрчовскиЖивко ЧингоКарло I АнжујскиНационални паркови во МакедонијаЕмре БејДишењеВиолинаАвстралазијаСрцева слабостПлоштинаНезависна Држава МакедонијаФиладелфијаБитолаСвето Римско ЦарствоЗлосторство и казнаСимбиозаБалинциДојран28 мартАрмија на МакедонијаБлаже КонескиУдовоБудизамВелики петокТелефонСмолаПридавки во македонскиот јазикСтарословенска азбукаПеколот (Божествена комедија)Тони КукочНикола ГруевскиМаслинкаКичевоКарлес ПуџдемонОпштини во МакедонијаДен на шегатаЕрман ШабанСеверен ВиетнамМатка (кањон)ШизофренијаЗијадин СелаМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаДеменцијаВејселиСмесаАјдахоВторична структура на нуклеинските киселиниДимитар АпасиевПеперуги🡆 More