Кочанска Река: река во Кочанско, источна Македонија

Кочанска Река — река во Кочанско, Источна Република Македонија.

Извира од јужната страна на Лопенско Било на Осогово, во месноста Ретки Буки, на надморска височина од 1.630 метри. Во Брегалница се влева кај селото Чифлик, на надморска височина од 295 метри. Реката има развиено извориште со широка долина, која до Кочани е клисуреста, а потоа до вливот тече како рамничарска река. Вкупната должина на Кочанска Река изнесува 34 километри.

Кочанска Река
Крива Река
Кочанска Река: Назив, Историја, Стопанство
Кочанска Река во Кочани
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоЛопенско Било на Осогово
 • надм. вис.1630 м
УстиеБрегалница кај Чифлик
 • надм. вис.
295 м
Должина34 км
Големина на сливот198 км2
Особености на сливот
ТечениеБрегалницаВардарЕгејско Море

Во планинскиот дел прима поголем број притоки, како што се Лопенска, Рамнобрдска и Мала Река. Сите тие доаѓаат од десната страна, поради што Кочанска Река има разгранета, но асиметрична хидрографска мрежа.

Највисок водостој реката има во текот на април и мај кога се топи снегот од високите планински врвови, а најнизок во јули и август, кога врнежите се минимални, а испарувањето поради високите темепратури на воздухот е големо.

Реката има доста голем пад (39,3%) што овозможило во нејзиното корито кај селото Долно Гратче да биде изградена вештачка акумулација, која според селото го добила името Гратче.

Назив

Своето име реката го добила според најголемото населено место низ кое протекува, градот Кочани. Меѓутоа, меѓу месното население таа е позната и како Крива Река.

Потврда за ова наоѓаме и во народната песна „Кочански сејмени“:

Ајде ред се редат мале,
море ред се редат
кочански сејмени, мила мале
кочански сејмени.

Ајде ќе ми одат, мале
ајде ќе ми одат,
покрај Крива Река
мила мале, покрај Крива Река...

Историја

Во јуни 2023 година, во атарот на Облешево, Кочанска Река се излеала.

Стопанство

На патот кон вештачкото езеро Гратче, во месноста Бавчалук, се наоѓа воденица стара околу шестотини години, според кажувањето на сопствениците Ангелови. По старите кажувања оваа е Каракашка или Белска воденица. Попозната е под второто име, бидејќи овде најмногу мелеле жито селани од Бели. Веднаш до воденицата минува и најкраткиот пат до Бели. Порано била изградена од плет, а пред Првата светска војна е обновена. Денешните ѕидови и се од пред 130 години. Не работела само од 1963 – 1988 година. Како реткост за овие простори, воденицата често е посетувана од странци. Доаѓал да ја види конзулатот на Австрија, Јапонци, доаѓале научници од Украина од Институтот за соларна енергија. По текот на Кочанска Река, порано имало 27 воденици. Сега има само остатоци од нив.

Галерија

Фотографии се поставени според водотекот на реката.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Кочанска Река НазивКочанска Река ИсторијаКочанска Река СтопанствоКочанска Река ГалеријаКочанска Река ПоврзаноКочанска Река НаводиКочанска Река Надворешни врскиКочанска РекаБрегалницаИсточна МакедонијаКочаниКочанскоНадморска височинаОсоговоРекаЧифлик (Кочанско)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Вила ВодноРодина МакедонијаАфионМасакр кај КарпалакНародна Република КинаМакедонија (регион)ГлаголКрвна групаСписок на македонски филмови27 априлХипотироидизамКалеш АнѓаРамазанМакедонски парламентарни избори (2014)БакарЛазарова саботаГригор ПрличевАјфелова кулаОливер СпасовскиАкутен панкреатитОслободителна Народна АрмијаЛевица (политика)Димитар МиладиновСписок на политички партии во МакедонијаОпштина ЖелиноИстанбулTrackBackДанте АлигиериИнфрацрвена спектроскопијаПневмонијаМРП вакцинаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Изборна единица 6Урологија26 априлЗнаме на МакедонијаПеколот (Божествена комедија)Кронова болестМочуриштеФјодор Михајлович ДостоевскиЗагрозен видПере ТошевБугарски возСредоземно МореОпштина Чучер-СандевоВенециско биенале за архитектураШпанијаКисел дождПремиер на МакедонијаПетар ГошевЕлизабета ЃоргиевскаЧешкаРепублика КосовоОвчи сипанициСкратеници во македонскиот јазикДвижење БесаРевизор (комедија)ЛабуништаБолести на белите дробовиКамен мост (Скопје)ЛарингитисДимитар КовачевскиОпштина ЧаирАвтоимуна болестАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанМакедонски претседателски избори, 2014Општина Ѓорче ПетровМакедонски СловениПертусисОпштина Гази БабаМенструален циклусИталијаМакедонски парламентарни избори, 2006РесенОтоманска Македонија🡆 More