Елце

Елце (германски: Elze) — мал град во округот Хилдесхајм, сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Градот е сместен на бреговите на реката Зале, околу 15 километри западно од Хилдесхајм.

Елце

Elze

Градското собрание во Елце
Градското собрание во Елце
Градското собрание во Елце
Грб на Елце
Елце во рамките на Германија
Елце
Елце
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Хилдесхајм
Градоначалник Ролф Пфајфер (СДП)
Основни податоци
Површина 47,71 км2
Надм. височина 79 м
Население 8.975 (31 декември 2020)
 - Густина 188 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HI
Пошт. бр. 31008
Повик. бр. 05068
Портал www.elze.de
Местоположба на градот Елце во рамките на округот Хилдесхајм
Карта
Карта
Координати 52°7′0″N 9°44′0″E / 52.11667° СГШ; 9.73333° ИГД / 52.11667; 9.73333

Во рамките на градот влегуваат и селата Есбек, Меле, Зелде, Зорзум, Витенбург и Вилфинген.

Географија

Местоположба

Елце 
Црквата „Св. Петар и Павле“ во Елце

Градот се наоѓа западно од Хилдесхајм на крајот на Долносаксонските ридови.

Градски единици

Градот се состои од следниве места (жители на 30 јуни 2016):

  • Елце (5.770 жит.)
  • Есбек (413 жит.)
  • Меле (1.120 жит.)
  • Зелде (451 жит.)
  • Зорзум (247 жит.
  • Витенбург (102 жит.)
  • Вилфинген (800 жит.)

Историја

Елце е една од најстарите населби во областа, а нејзиното име потекнува од замок на Карло Велики, кој бил основан околу 800 година во саксонските имоти по победата над војводата Видукинд во Саксонските војни. Царот основал и мисионерска бискупија посветена на апостолите Петар и Павле, од која потекнува Хилдесхајмската бискупија. Кралот Лудвиг Побожниот го преместил епископското седиште во Хилдесхајм во 815 година, меѓутоа лутеранската парохиска црква е сѐ уште посветена на светците и е прикажана на градскиот грб.

Селото Витенбург е место на поранешниот августинински манастир, основан во XIV век на местото на поранешен замок. Манастирот пропаднал за време на Протестантска реформација, додека готската манастирска црква е зачувана.

Во 1856 година, Кралството Хановер ја отворило Хановерската јужна железница (Hannöversche Südbahn) од Хановер до Касел со железничка станица во Елце. По припојувањето од Прусија во 1866 година, градот станал важна железничка раскрсница.

Меѓународни односи

Елце е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе

  • Јустус Гезениј (1601-1673) — лутерански теолог
  • Јохан Хајнрих Луис Кригер (1857-1923) — математичар
  • Филип Фуртвенглер, (1869-1940) — математичар

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Елце ГеографијаЕлце ИсторијаЕлце Познати луѓеЕлце НаводиЕлце Надворешни врскиЕлцеГерманијаГермански јазикГрадДолна СаксонијаХилдесхајмХилдесхајм (округ)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Српска странка во МакедонијаМалтаКошаркаМакедонски парламентарни избори (1998)Независен политичарПрва влада на Никола ГруевскиМакедонски парламентарни избори (2014)РоманијаВоен конфликт во Македонија, 2001Општина Гази БабаГрб на МакедонијаНикола КаревДен на ослободувањето (Италија)Струјно колоСложена реченицаСвети Климент ОхридскиУкраинаОпштина СопиштеВелики петокОпштина ЦентарУДБА20000 милји под моретоГрад СкопјеНационален парк ГаличицаГрцијаДудукЈосип Броз-ТитоМакедонски денарСтојан АндовЉубомир ГајдовКрушевска РепубликаЗаушкиОВКПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2021)Хазби ЛикаДржавни празници во МакедонијаДијалекти на македонскиот јазикЃурѓовденСписок на главни градови во светотПиринска МакедонијаГордана СилјановскаЗНАМНеутрализацијаБразилЛатвијаПрометејБиблијаСинонимДПАДиво месо (драма)Берлински конгресРак (болест)Браќа МиладиновциВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Големи и мали (роман)Мендух ТачиСтрептококен фарингитисЗемји членки на Европската УнијаРибиСписок на градови во МакедонијаОпштина КарпошАлтернатива (политичка партија)ДоксициклинБајрамЈугославијаИсус ХристосКатица ЈаневаСписок на Влади на МакедонијаСкриеносеменициРак на белите дробовиСписок на македонски народни и староградски песниПрилепСобрание на Република МакедонијаКафеава мечкаГуглКрсте Петков Мисирков🡆 More