Владимир Тодоровиќ: политичар

Владимир Тодоровиќ (роден на 7 јануари 1957 во Пирот), дипломиран градежен инженер, деловен човек, македонски јавен работник и добротвор од српско етничко потекло.

Владимир Тодоровиќ
Владимир Тодоровиќ: политичар
Градоначалник на Центар
На должноста
2009–2013
Претходник Виолета Аларова
Наследник Андреј Жерновски
Лични податоци
Роден(а) 7 јануари 1957
Пирот
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија градежен инженер
Вероисповед Православен

Животопис

Владимир Тодоровиќ во Скопје го завршува основното образование; матурира во ГУЦ „Здравко Цветковски” (1976), а на Градежниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” дипломира во 1983 година. По дипломирањето, до 1990 година работи во Проектантското биро „Хидроелетропроект” во Скопје каде што се искажува како стручњак при проектирањето на значајните главни проекти: хидроцентралата Козјак, Бошков Мост, Луковополе и др.

Од 1990 година влегува во светот на бизнисот, втемелувајќи своја фирма која набргу станува една од најуспешните македонски компании со водечки синџир од 35 маркети низ цела Македонија и со речиси 1000 вработени, за што му е доделена престижната републичка Награда за општествено најодговорна компанија во државата.

Во 2009 година е избран за градоначалник на Општина Центар Скопје.

Владимир Тодоровиќ бил претседател на Трговската комора од 2005 до 2007 година, а сега е член на Управниот одбор на Сојузот на стопанските комори на Македонија. Член е на Ротари-клубот Скопје, чиј претседател бил во текот на 2005-2006 година. На свеченоста на одбележувањето на стогодишнината на Ротаријанството во светот, што се оджа во Чикаго, учествувал како единстевн претставник од Република Македонија. Голем придонес има дадено и на полето на развојот на спортот во Македонија, инвестирајќи во скопскиот ракометен клуб „Пролет”.

Владимир Тодоровиќ: политичар 
Споменикот на Мајка Тереза во Пула

На трагата на настојувањата што посилно да се истакне македонското културно-историско наследство, незаобиколен е и голем и ангажманот на Тодоровиќ во обмислувањето и реализацијата на новиот градски центар на Скопје и на неговото збогатување со комплексот монументални споменици посветени на македонските историски личности и појави.

Во општествените кругови и во пошироката јавност Владимир Тодоровиќ е познат и по своето човекољубие и по готовноста лично да им помага на оние на кои им е потребна помош. Во таа смисла, негов нескриен благороден пример е Мајка Тереза, чија претставителна бронзена скулптура, дело на академикот Томе Серафимовски, како личен подарок на Тодоровиќ на градот Пула, во 2010 година е поставена пред познатата пулска црква Госпа од Мора (Богородица Морска).

За особени заслуги во афирмацијата и развивањето на јазикот на прифаќање на различности, разбирање и соживот меѓу народите, Македонскиот културен форум од Пула во 2011 година на Владимир Тодоровиќ му го додели меѓународното општетсвено признание „Повелба за соживот”.

Наводи

Tags:

19577 јануариПирот

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Човекови праваПрекршување (физика)РајчицаБескрајна приказнаЦрна ГораСилаВикипедија на македонски јазикКоле НеделковскиГаличка свадбаСаат-кула (Битола)СтругаИзборна единица 4Седум светски чуда на античкиот светЕврејски празнициПаралелограмПустинаМакедонски хумористични народни приказни (книга)Гоце ДелчевКактусиВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоОпштина ЗелениковоШизофренијаЕлектричен отпорХристијан МицкоскиГлигор ПоповскиПеш по светотФудбалска репрезентација на КолумбијаАнтичка МакедонијаОмов законТалат ЏафериМахидевранБарешаниМаксим ДимитриевскиНатриум хидроксидГлаголски прирокГраматички категории на именките во македонскиот јазикМалтаКопа АмерикаМакедонски ВласиМагнетна резонанцијаСјогренов синдромОпштина КривогаштаниСтрумички карневалСтрептококен фарингитисСтрујно колоАртритисДрогаКочо РацинПролетЗаздравување на ранаЛимфоцитТелевизијаОсновен приходЈане СанданскиТокиоГлаголГуливеровите патувањаЗглобМали ВлајСидПискупштинаКронова болестДевојката со бисерна обетка (филм)Разловечко востаниеЧинови на Армијата на МакедонијаЏорџ Гордон БајронПочваЛимфомСамоилово ЦарствоБубрегПавле ТрајановАвстријаШенка КолозоваРусијаХристијанствоДржавни празници во МакедонијаСтрумицаЕкологија🡆 More