Јужна Морава: река во Македонија и Србија

Јужна Морава — река во Македонија и Србија, пократката од двете реки кои ја сочинуваат Голема Морава.

Долга е 295 км и тече во правец југ-север, од Општина Чучер-Сандево близу границата до централна Србија, каде се среќава со Западна Морава кај Сталаќ и ја образува Голема Морава.

Јужна Морава
Јужна Морава: Извор, Географија, Притоки
Јужна Морава кај с. Моравац
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоСкопска Црна Гора, кај с. Кучевиште, Македонија
Устие 
 • место
со Западна Морава ја образува Голема Морава кај Сталаќ, Србија
Должина295 км
Големина на сливот15.469 км2
Проток 
 • просечен100 м3
Особености на сливот
Јужна Морава во рамките на Србија
Јужна Морава: Извор, Географија, Притоки
извор
Јужна Морава: Извор, Географија, Притоки
утока
Изворот и утоката на Јужна Морава

Извор

Јужна Морава настанува на планината Скопска Црна Гора. Реките Кључевска и Слатинска се спојуваат во Голема Река, која ја преминува српската граница над с. Бинач во Косово и го добива името Биначка Морава. По 49 км Биначка Морава се среќава со Прешевска Моравица кај Бујановац и преостанатите 246 км тече као Јужна Морава.

Географија

Јужна Морава: Извор, Географија, Притоки 
Јужна Морава кај Владичин Хан.

Реката припаѓа на црноморскиот слив, има сливно подрачје од 15.469 км2, од кои 1.237 км2 се во Бугарија (преку притоката Нишава) и 44 км2 во изворишниот дел во Македонија. Просечниот проток во устието изнесува 121 м3 и не е погодна за пловидба.

Јужна Морава има сложена долина, состоејќи се од низа клисури и котлини. Со излегувањето од Сталаќката Клисура, реката се среќава со Западна Морава.

Во макрогеолошки поглед, Јужна Морава ги поврзува Егејскиот и Панонскиот басен. Ова ја предизвикува појавата наречена привидна обратност на текот, бидејќи се чини како реката да се качува по планината, а а потоа пак се спушта. Двата големи геолошки басени се спојуваат во Грделичката Клисура, но дното на клисурата, низ кое тече реката е многу пониско од околните планини, така што реката рече нормално.

Јужна Морава некогаш била долга 318 км и била подолгата притока на Голема Морава. Бидејќи низ времето предизвикала неколку поплави, оваа свиена река е кратена за речиси 30 км, така станувајќи пократка од Западна Морава. Меѓутоа, Западна Морава отсекогаш имала поголем проток.

Подрачјето во јужна Србија низ кое тече Јужна Морава се речиси без шуми, што е предизвикувач за еден од најтешките случаи на ерозија на Балканот. Како последица од ова, реката внесува големи количини материјал во Голема Морава, полнејќи и подигајќи ѝ го коритото, што ги потпомогнало големите изливања на нејзината река-ќерка.

Притоки

Јужна Морава има вкупно 157 притоки. Поважни се:

Леви: Бистрица, Калиманка, Јабланица, Ветерница, Пуста Река и Топлица.

Десни: Врла, Џепска Река, Предејанска Река, Козарачка Река, Власина, Нишава (најдолга) и Сокобањска Моравица.

Стопанско значење

Јужна Морава има голем електростопански потенцијал, но засега тој воопшто не е искористен. Во нејзиниот слив (на р. Власина) е изграден ХЕЦ „Врла“ {I-IV}. Во извесна мера, водата на Јужна Морава се користи за наводнување.

Речната долина има најважна улога во сообраќајот, како природен пат за железницата и автопатот БелградСкопјеСолун.

Поврзано

Наводи

Извори

  • Мала Просветина енциклопедија, III изд. (1985); Просвета; ISBN 86-07-00001-2
  • Јован Ђ. Марковић (1990): "Енциклопедијски географски лексикон Југославије"; Свјетлост-Сарајево; ISBN 86-01-02651-6

Надворешни врски

43°41′57″N 21°24′18″E / 43.69917° СГШ; 21.40500° ИГД / 43.69917; 21.40500

Tags:

Јужна Морава ИзворЈужна Морава ГеографијаЈужна Морава ПритокиЈужна Морава Стопанско значењеЈужна Морава ПоврзаноЈужна Морава НаводиЈужна Морава ИзвориЈужна Морава Надворешни врскиЈужна МораваГолема МораваЗападна МораваМакедонијаОпштина Чучер-СандевоРекаСрбијаЦентрална Србија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на македонски народни и староградски песниПечалбариБлага ПетрескаМоника ЗајковаМирко СтефановскиЕстрогенТахир СинаниНикола ТеслаЈужна АмерикаНегорски бањиСтара скопска чаршијаЛокални избори во Македонија (2017)Тоше ПроескиОпштина Ѓорче ПетровРибиМустафа Кемал АтатуркАрхангел МихаилАрбен ЏафериГрцијаЦрна ГораОбична жалфијаШенка КолозоваАлександар КирацовскиЈоаким КрчовскиАфрикаЕдерлези (празник)Петре М. АндреевскиЛионел МесиМакедонски парламентарни избори (1998)СкендербегАлтернатива (политичка партија)Оливер СпасовскиДржавни празници во БугаријаСузана СпасовскаФлебитисМеѓународен ден на трудотЧинови на полицијата во МакедонијаДемократска партија на Србите во МакедонијаСписок на држави и територии во ЕвропаЕпилепсијаГоце НиколовскиСкорпија (хороскопски знак)Свети Кирил и МетодијИсламЏон КаботЗоки ПокиСловенијаБелградСтојанче АнгеловАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. МихаилЦрква „Св. Пантелејмон“ - Горно НерезиЛепа БренаДоматЗаздравување на ранаИмер СелманиХристијан МицкоскиБогородицаБарањаТасосПневмонијаАлијанса за АлбанцитеДанскаСелски туризамИменкаХеракле2024Катастарски општини во МакедонијаВардарЈапонијаСојуз на комунистите на МакедонијаРаштакАбортусПланетаРанциБулка🡆 More