1 Век П.н.е.: век

1 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 100 г.

< 2 век п.н.е. 1 век п.н.е. 1 век >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100

п.н.е. и завршил на 31 декември 1 г. п.н.е.

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература
Светот во првиот век п.н.е.
1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература
Источната полутопка во 100-тата година п.н.е.

Означувањето на пред новата ера/новата ера не користи нулта година; сепак, астрономското нумерирање на годините користи нулта година, како и знакот минус, така што „втора година п.н.е.“ (2 п.н.е.) е еднакво на „-1 година“. Ова е стотиот век во Холоценскиот календар, а ги опфаќа годините 9,901-10,000. По овој век следи првиот век од новата ера (н.е.).

Во тек на овој век сите преостанати независни земји околу Средоземното Море биле постепено ставени под римска контрола, управувани директно со гувернери или со кралски марионети назначени од Рим. Самата римска држава била втурната во неколку граѓански војни, што конечно резултирало со завршување на 500-годишната република и создавање на империја со поминување на целокупната власт во рацете на еден човек – царот.

Внатрешните превирање кои се случувале во Рим во тоа време значеле смрт за Римската република и овозможиле издигнување на моќни историски личности со автократски амбиции, како што се: Сула, Јулиј Цезар, Марко Антониј и Октавијан Август. Прогласувањето на Октавијан во император Август, како единствен властодржец во Римското Царство, претставувало историски пресврт кој го означил крајот на Римската република и почетокот на Римското Царство. Некои историчари овој настан го нарекуваат Римска револуција. Се смета дека раѓањето на Исус, централната фигура во христијанството, се случило на крајот од овој век. На азискиот континент, во втората половина на првиот век п.н.е., дошло до постепено пропаѓање на династијата Хан, а кралскиот двор во Кина бил во хаос. Истовремено затекнати од тешката ситуација граничните номадски племиња Хунну морале или да мигрираат на запад или да се присоединат на династијата Хан.

Настани

90-ти п.н.е.

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Луциј Корнелиј Сула, римски генерал и државник
  • 97 п.н.е.: Аријарат VIII бил протеран од Кападокија, од страна на Митридат VI Понтски, по што набрзо починал.
  • 96 п.н.е.: Градот Кирена бил препуштен на Римјаните од нивниот владетел Птоломеј Апион.
  • 96 п.н.е.: Кралот Александар Јанеј од Јудеа победил во Опсадата на Газа.
  • 95 п.н.е.: Тигран Велики станал крал на Ерменија.
  • 93 п.н.е.: Ариобарзан I Филоромеј станал крал на Кападокија, со поддршка на Рим.
  • 91 п.н.е.: Убиството на Марко Ливије Друз довело до Граѓанска војна (91-88 г. п.н.е) во Италија.
  • 91 п.н.е.: Принцот престолонаследник Ју дигнал побуна во Кина.

80-ти п.н.е.

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Митридат VI
  • 89 п.н.е.: Инвазијата на Мидридат VI Понтски на Кападокија довело до Првата Митридатска војна со Римската република.
  • 89 п.н.е.: Валагамба од Анурадапура воспоставил власт врз цела Шри Ланка.
  • 88 п.н.е.: Азиски вечерен масакар врз 80,000 Римјани во Мала Азија за време на Првата Митридатска војна.
  • 87 п.н.е.: Починал царот Ву од династијата Хан, кој бил наследен од осумгодишниот син Џо, со Јин Миди, Шангуанг Џи и Ху Гуанг како регенти.
  • 88-87 п.н.е.: Првата граѓанска војна на Сула, при која Сула влегол во Рим и го победил Гај Мариј.
  • 86 п.н.е.: Опсадата на Атина завршила со римското освојување на Атина.
  • 86 п.н.е.: Смртта на регентот Јин Миди во Кина довело до соперништвво помеѓу другите два регенти.
  • 85 п.н.е.: Сула ја победил војската на Мидридат VI во Грција во Битката кај Орхомена.
  • 85 п.н.е.: Аретас III од Набатеј го освоил Дамаск.
  • 83 п.н.е.: Сула склопил мир со Мидридат VI и влегол во Рим.
  • 83-81 п.н.е.: Луциј Мурена ја водел Втората Митридатска војна.
  • 82 п.н.е.: Серториј побегнал од Сула во Северна Африка преку Шпанија.
  • 83 п.н.е.: Тигран Велики ја зазел Сирија после пропастот на Селевкидската династија.
  • 81 п.н.е.: Крај на Втората граѓанска војна на Сула, при што Сула бил назначен за диктатор на Римската држава и вовел големи реформи.
  • 80 п.н.е.: Серториј ја нападнал Шпанија и воспоставил своја власт, почнувајќи ја Серторијанската војна (80-72 г. п.н.е.).
  • 80 п.н.е.: Конфликтот помеѓу регентите Шангуанг Џи и Ху Гуанг завршил со уништување на кланот на Шангуанг, а Ху Гуанг станал de facto владател на Кина.
  • 80 п.н.е.: Мауес, кралот на Сака, ги покорил Гандара и Таксила.

70-ти п.н.е.

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Ху Гуанг
  • 77 п.н.е.: Фу Јиези го убил кралот на Лоулан по наредба од династијата Хан.
  • 75 п.н.е.: Династијата Канва ја заменува династијата Шунга во Магада.
  • 74 п.н.е.: Мидридат VI Понтски го оспорил препуштањето на Витинското Кралство од страна на Никомед IV на Римската република, со што ја започнал Третата митридатска војна.
  • 74 п.н.е.: Царот Џо од династијата Хан починал и бил наследен од принцот Хе од Чанги, а потоа од царот Ксуан од династијата Хан. Ху Гуанг останал de facto владател на Кина.
  • 73 п.н.е.: Востанието на робови предводено од гладијаторот Спартак довело до Третото робовско востание.
  • 73-72 п.н.е.: Луциј Лукул Помладиот го победил Митридат во Битката кај Тенедос, Битката кај Кизик и Битката кај Риндаке, по што Митридат избегал во Ерменија.
  • 71 п.н.е.: Гнеј Помпеј Велики ја завршил Серторијанската војна (ја обновил римската власт врз Шпанија) и го задушил Спартаковото востание, враќајќи ја римската власт врз Јужна Италија.
  • 71 п.н.е.: Вусун и Кинезите ги нападнале Хунну.

60-ти п.н.е.

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Тигран Велики
  • 69 п.н.е.: Луциј Лукул Помладиот ја нападнал Ерменија (Битката кај Тиграноцерта) и повторно ги донел на власт Селевкидите во Сирија.
  • 68 п.н.е.: Помпеј го заменил Лукул како водач на римската војска во Третата Митридатска војна.
  • 68 п.н.е.: Ху Гуанг починал, а царот царот Ксуан од династијата Хан презел целосна власт. Во следните две години кланот на Ху бил елиминиран.
  • 67 п.н.е.: Помпеј добил тригодишен Lex Gabinia за борба против пиратите во Средоземјето, а ги победил за 40 дена.
  • 66 п.н.е.: Помпеј го истерал Мидридат VI од Мала Азија (Битката на Лику).
  • 66 п.н.е.: Аристобул II ја презел власта од Хиркан II во Јудеја.
  • 63 п.н.е.: Мидридат VI извршил самоубиство, со што завршила Третата Митридатска војна.
  • 63 п.н.е.: Цицерон го обелоденил Каталинскиот заговор.
  • 63 п.н.е.: Помпеј го зазел Ерусалим и ја анектирал Јудеја и ја укинал Селевкидската династија во Сирија. Аристобул II бил симнат од власт, а бил поставен Хиркан II како римски вазал.
  • 62 п.н.е.: Набатејското кралство станало римски вазал.
  • 61 п.н.е.: Оргеторикс и Хелветите се обиделе во мигрираат во југозападна Франција, што било причина Јулиј Цезар да ги започне Галските војни.
  • 60 п.н.е.: Јулиј Цезар, Помпеј Велики и Марко Лициниј Крас го создале Првиот триумвират.
  • 60 п.н.е.: Сака го покорува градот Матура во Утар-Прадеш.

50-ти п.н.е.

  • 58 п.н.е.: Битката кај Бибракте, во која Јулиј Цезар ги покорил Хелветите.
  • 58 п.н.е.: Германите извршиле инвазија на Галија и биле победени од Јулиј Цезар во Битката кај Вогези.
  • 58 п.н.е.: Клодиј станал водечка фигура во римската градска политика. Протерувањето на Цицерон.
  • 57 п.н.е.: Јулиј Цезар ги нападнал и победил Белгите, во Битката кај Сабис.
  • 57 п.н.е.: Цицерон се враќа од прогонство со махинациите на Мило.
  • 57 п.н.е.: Во Југоисточна Кореја било основано кралството Сила (според историски документ од 12 век).
  • 56 п.н.е.: Викрамадитија ги победил Саките кај Ујајин и ја основоположил ерата на Викрам Самават.
  • 55-54 п.н.е.: Цезар ја нападнал Британија.
  • 54-53 п.н.е.: Побуната на Амбиорикс во Галија против Јулиј Цезар.
  • 53 п.н.е.: Партијанците ги победиле Римјаните под водство на Крас, во борбата кај Карае, со што завршил Првиот триумвират.
  • 53 п.н.е.: Клодиј загинал во тек на насилствата во Рим. Неговите следбеници го запалиле Сенатот.
  • 52 п.н.е.: Помпеј им се придружил на Оптиматите и станал единствен конзул во Рим.
  • 52 п.н.е.: Верцингеторикс дигнал побуна во Галија (Битката кај Герговиа, Битката кај Алесиа).
  • 51 п.н.е.: Опсадата на Укселодунум го одбележала крајот на Галските војни и конечното освојување на Галија од Римјаните.

40-ти п.н.е.

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Клеопатра со нејзиниот син Птоломеј XV Цезарион, прикажани во храмот Дендера.
1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Гај Јулиј Цезар
  • 49 п.н.е.: Јулиј Цезар ја поминал реката Рубикон, го зазел Рим, со што почнала Граѓанската војна.
  • 48 п.н.е.: Птоломеј XIII ја симнал од власт ко-регентот Клеопатра, со што започнала Граѓанската војна во Египет.
  • 48 п.н.е.: Имепаторот Ксуан од династијата Хан починал, а бил заменет од неговиот син Јуан. Ванг Женгџун станала царица, а нејзиниот клан ја симнал од власт династијата Хан.
  • 48 п.н.е.: Јулиј Цезар го победил Помпеј во Битката кај Фарсала.
  • 47 п.н.е.: Клеопатра била вратена на Птоломејскиот престол по Битката на Нил.
  • 47 п.н.е.: Година на шестте кралеви во Анурадапура во Шри Ланка.
  • 46 п.н.е.: Јулиј Цезар ја презел контролата над Африка во Битката кај Тапса.
  • 46 п.н.е.: Кина се откажала од контролата врз провинцијата Хаинан.
  • 45 п.н.е.: Јулиј Цезар победил во Битката кај Мунда, со што ја повратил власта врз Шпанија и ставил крај на Граѓанската војна.
  • 44 п.н.е.: Јулиј Цезар бил прогласен за Dictator perpetuo.
  • 44 п.н.е.: Јулиј Цезар ги возобновил Картагина и Коринт како римски колонии.
  • 44 п.н.е.: Убиството на Јулиј Цезар на Мартовски Иди.
  • 43 п.н.е.: Октавијан, Марко Антониј и Лепид го склопиле Вториот триумвират и ја презеле контролата во Рим.
  • 42 п.н.е.: Вториот триумвират ги победил убијците на Јулиј Цезар во Битката кај Филипи.
  • 41-40 п.н.е.: Луциј Антониј и Октавијан се бореле во Перузинската војна.
  • 40 п.н.е.: Пакорус I ја покорил римска Сирија.

30-ти п.н.е.

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Гај Јулиј Цезар Август
  • 38 п.н.е.: Венедитиј ги победил Партијаните во Битката кај Гиндар, со што ја повратил римска Сирија.
  • 37 п.н.е.: Херод I станал крал на Јудеа.
  • 37 п.н.е.: Марко Антониј ја нападнал Партија.
  • 37 п.н.е.: Корејското кралство Когурја е основано во јужна Манџурија.
  • 36 п.н.е.: Битката кај Наулоха: Вториот Триумвират ја повратил контролата врз Сицилија од бунтовникот Секст Помпеј.
  • 34 п.н.е.: Клеопатра и Марко Антониј ги договориле Донациите во Александрија.
  • 33 п.н.е.: Царот Ксуан од династијата Хан починал и бил заменет од неговиот син Ченг. Царицата Ванг Женгџун станала кралица-мајка, а нејзиниот брат е назначен за командант на војската и администрацијата.
  • 32 п.н.е.: Несогласувањата меѓу Октавијан и Марко Антониј биле причина за избивање на Последната војна во Римската република.
  • 31 п.н.е.: Битката кај Акциум: Октавијан ги победил војските на Марко Антониј и Клеопатра, со што de facto станал владетел на Римското Царство.
  • 30 п.н.е.: Октавијан го анектирал Египет.

20-ти п.н.е.

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Ливија Друсила

10-ти п.н.е.

  • 19 п.н.е.: Завршетокот на Кантабриските војни го означил крајот на римското освојување на Шпанија.
  • 18 п.н.е.: Основан е Пекџе во западно-централниот дел од Кореја.
  • 16-13 п.н.е.: Август ја означил Рајна како граница на Римското Царство.

0-ти п.н.е.

  • 9 п.н.е.: Панонија била припоена на Римското Царство од идниот император Тибериј.
  • 8 п.н.е.: Ванг Манг станал водач на кинеската војска и администрација.
  • 7 п.н.е.: Починал царот Ченг од династијата Хан и го наследил неговиот внук Аи.
  • 6-4 п.н.е.: Роден е Исус од Назарет.
  • 4 п.н.е.: Јудејското кралство било анектирано во рамките на римската провинција Сирија по смртта на кралот Херод.
  • 2 п.н.е.: Царот Аи од династијата Хан го назначил Донг Ксијан за водач на кинеската армија и администрација.
  • 1 п.н.е.: Починал царот Аи од династијата Хан, а бил наследен од неговиот 8-годишен роднина Пинг. Ванг Манг бил назначен за регент и започнал големи реформи.

Личности

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Помпеј Велики
1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Цицерон
  • Амбиорикс, галски воен водач
  • Ариовист, германски воен водач
  • Буребиста, крал на Дакија
  • Верцингеторикс, галски воен водач
  • Гај Мецена, римски државник
  • Гај Јулиј Цезар, римски генерал и државник
  • Гај Мариј, римски генерал и државник
  • Гај Октавијан (Август), прв римски цар
  • Гнеј Помпеј Велики, римски генерал и политичар
  • Исус од Назарет, централна фигура во христијанството
  • Јин Миди, кинески чиновник
  • Јуба II, последен крал на Нумидија
  • Јулија Постарата, римска благородничка, жена на Агрипа и Тибериј
  • Јован Крстител, еврејски пророк во христијанството и исламот
  • Касивелаун, бритонски келтски воен водач
  • Клеопатра VII Египетска, владетелка на Египет
  • Крикс, галски бунтовнички водач
  • Ксуан од Хан, кинески цар
  • Ливија Друсила, првата царица на Рим, мајка на Тибериј
  • Луциј Корнелиј Сула, римски генерал и државник
  • Луциј Лукул Помладиот, римски генерал и политичар
  • Луциј Каталина, римски сенатор
  • Марко Лепид, римски политичар
  • Марко Антониј, римски генерал и политичар
  • Марко Брут, римски политичар
  • Марко Крас, римски генерал и политичар
  • Марко Като, римски политичар
  • Марко Агрипа, римски државник и генерал
  • Марија, мајка на Исус од Назарет
  • Октавија Помладата, римска благородничка, сестра на Август и сопруга на Марко Антониј
  • Птоломеј XIII Египетски, владетел на Египет
  • Публиј Клодиј Пулхер, римски политичар
  • Секст Помпеј, римски војсководец
  • Спартак, гладијатор, водач на Спартаково востание
  • Тигран Велики, крал на Ерменија
  • Херод Велики, крал на Јудеја
  • Хилел Постариот, еврејски рабин
  • Ху Гуанг, кинески политичар

Литература

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Вергилиј, римски поет

Наука и филозофија

1 Век П.н.е.: Настани, Личности, Литература 
Страбон, старогрчки географ, филозоф и историчар
  • Вериј Флак, римски граматичар и учител
  • Гнеј Помпеј Трог, римски историчар
  • Диодор Сицилиски, грчки историчар
  • Јинг Фанг, кинески математичар и музички теоретичар
  • Корнелиј Непот, римски биограф
  • Марко Сенека Постариот, римски реторичар и писател
  • Марко Лабеон, римски правник
  • Марко Терентиј Варо, римски научник
  • Салустиј Крисп, римски историчар
  • Сима Кијан, кинески историчар, татко на кинеската историографија
  • Страбон, грчки историчар и геометар
  • Тит Ливиј, римски историчар

Откритија

  • Механизамот од Антикитера, антички механички сметач.
  • Во 40 г. п.н.е. издаден е речник Ји ѓу пјен за време на династијата Хан, кој е најстар познат навод за механички чекан.
  • Во 36 г. п.н.е. цивилизацијата на Маите го користела бројченот систем познат како Мајански броеви, каде нулата се обележувала со школка.

Наводи

Tags:

1 Век П.н.е. Настани1 Век П.н.е. Личности1 Век П.н.е. Литература1 Век П.н.е. Наука и филозофија1 Век П.н.е. Откритија1 Век П.н.е. Наводи1 Век П.н.е.1 п.н.е.1 јануари100 п.н.е.31 декември

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Хрватски месециАрбен ЏафериTrackBackОстеопорозаКатастарски општини во МакедонијаАлтернатива (политичка партија)Референдум во Македонија (2004)ХартијаЧернобилска несреќаАнтибиотик со широк спектар на дејствоПрилепГласачки системМасакр кај ВејцеМенингитисХајди (роман)Лозје (книга)Средоземно МореПетар ГошевМитозаgr7cmСоцијализамОпштина НовациИзбори во Република МакедонијаПовикот на дивинатаДемохристијанствоОВКСДСММасакр кај КарпалакСојуз на Ромите од МакедонијаНикола Димитров (дипломат)Бугарска пропаганда во МакедонијаДемократска партија на Србите во МакедонијаНационализамКостадин КостадиновПартија за целосна еманципација на РомитеПипи Долгиот ЧорапСвети Наум (манастир)itqmaКисел дождФилиз АхметМерсиха СмаиловиќОпштина БитолаОпштина СопиштеВладо МисајловскиМакедонски претседателски избори, 1994Македонски парламентарни избори, 2011ИлијадаМакедонски парламентарни избори (1998)Извршна властБРИКСЕпилепсијаМакедонски парламентарни избори (1986)БиблијаВардарТромбоцитопенијаМенструален циклусОхридски рамковен договорГарванот (поема)Велики четвртокУставен суд на МакедонијаСтевчо ЈакимовскиПолжавиПрирокИсторија на македонскиот народОНААцо ШоповСкопјеБугарски возНикола КаревНезависен политичарПенис (човек)Српска странка во МакедонијаДоксициклинБела мечкаЕгејска МакедонијаСкопски аквадуктСписок на градови во Македонија по населениеБитка кај Мечкин Камен🡆 More