Шистосомијаза

Шистосомијаза (позната и како билхарзија, полжавеста треска и Катајмова треска) е болест предизвикана од паразитски црви од типот Шистома .

Може да го инфицира уринарниот систем или цревата. Симптомите вклучуваат болка во стомакот, дијареја, крвава столица или крв во урината. Кај оние кои се подолго време заболени, може да се јави оштетување на црниот дроб, откажување на бубрезите, стерилност или рак на мочниот меур . Кај децата може да презивика слаб раст и потешкотии во учењето.

Шистосомијаза
Шистосомијаза
СпецијалностЗаразна болест Уреди на Википодатоците

Причинители

Болеста се шири преку контакт со вода која ги содржи паразитите. Овие паразити ги испуштаат инфицирани слатководни полжави. Болеста е најчеста помеѓу децата од земјите во развој бидејќи тие најчесто играат во заразени води. Други групи изложени на ризик се земјоделците, рибарите и оние што употребуваат заразена вода за секојдневните потреби. Припаѓа на групата од инфекции со хелминт. Се дијагностицира со наоѓање на јајцата на паразитот во урината или во столицата на поединецот. Исто така може да се потврди со наоѓање антитела против болеста во телото на човекот.

Превенција и лекување

Методи за превенција на болеста се: обезбедување пристап до чиста вода и намалување на бројот на полжави. Во области каде што болеста е зачестена, годишно може да се третираат повеќе групи на луѓе одеднаш со лекот паразиквантел. Ова се прави со цел да се намали бројот на заразени и воедно да се намали ширењето на болеста. Паразиквантел е третман кој е исто така препорачан од Светската здравствена организација за оние коишто се заболени.

Епидемиологија

Шистосомијазата загрозува речиси 210 милиони луѓе на светско ниво, а според пресметките, годишно од неа умираат 12.000 луѓе до 200,000 луѓе. Оваа болест најчесто ја има во Африка, како и Азија и Северна Америка. Околу 700 милиони луѓе, во повеќе од 70 држави, живеат во предели каде што оваа болест е зачестена. Шистосомијазата е на второ место по маларијата, а двете се паразитски болести со најголемo влијание врз економијата. Од античко време до раниот 20 век, симптомот на шистосомијазата - крв во урината бил препознаван како машка верзија на менструација во Египет и ја гледале како преодна фаза за момчиња. Болеста е класифицирана како запоставена тропска болест.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Шистосомијаза ПричинителиШистосомијаза Превенција и лекувањеШистосомијаза ЕпидемиологијаШистосомијаза НаводиШистосомијаза Надворешни врскиШистосомијазаДијарејаКатајама треска

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Стар векМакедонски парламентарни избори, 2006Загадување на водатаРадождаОпштина КарпошФлебитисОпштина ДолнениПретседател на МакедонијаГрузијаЕлектрицитетТашко ГеоргиевскиБитолаДебело цревоДемир ХисарЛоковСрцеКралот ЛирМакедонско востаниеТрескавецМакедонски парламентарни избори, 2011Оливера НиколоваПроста реченицаИзборна единица 9Именки во македонскиот јазикЈајчникМбутска митологијаУкраинаЦрн дробВлада на МакедонијаГај Јулиј ЦезарОпштина ОхридДекамеронЛимфомИзет МеџитиБлаже КонескиСписок на пеперутки во МакедонијаГлаголЗевсБратиславаСлавко ЈаневскиМенингитисДрогаШведскаПискупштинаПарите се отепувачкаЕгипетМенструален циклусМали сипанициЗбаждиИзборна единица 2ЃомлезеРак на панкреасотКактусиПарадоксот на ДиогенБиотички факториДелогождиАВНОЈПрекршување (физика)Нова годинаГрад СкопјеФилмИзборни единици во МакедонијаХеродотБиблијаБигорски манастирЦрвен крст на МакедонијаЗаменки во македонскиот јазикСрцева слабостОпштина КумановоПреспански договорСтруен ударСлуз-цедење во грлотоТромбоцитопенијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоМитологијаПаркинсонова болестХристијан МицкоскиХристијанизација на Киевска РусијаДаме Груев🡆 More