Уефа Лига На Нации

УЕФА Лига на нации е меѓународно фудбалско натпреварување на европските национални сениорски репрезентации кои се членки на УЕФА.

УЕФА Лига на нации
Уефа Лига На Нации
РегионЕвропа (УЕФА)
Основана2018
Број на репрезентации55
Тековен првакПортугалија Португалија (1. титула)
Најмногу титулиПортугалија Португалија (1. титула)
Мрежно местоМатична страница
Уефа Лига На Нации УЕФА Лига на нации 2018-2019

Првиот турнир започнал во септември 2018, по Светското првенство 2018, а победникот ќе биде одлучен во јуни 2019. Натпреварувањето треба да ги замени многубројните пријателски натпревари кои се играле според календарот на ФИФА.

Усвојување

Во октомври 2013, Ингве Хален, претседателот на Норвешкиот фудбалски сојуз, потврдил дека се разговара околу основање на трето меѓународно натпреварување за репрезентациите членки на УЕФА, но напоменал дека целиот проект сè уште се замислува.

Концептот на Лигата на нации е да се поделат сите 55 членки на УЕФА во низа на групи според рангирањето кое е формирано од нивните неодамнешни резултати, каде националните селекции можат да се промовираат во повисока или пониска лига врз основа на резултатите во самата лига. Предложеното натпреварување би требало да се одржува на датите предвидени за пријателски натпревари според календарот на ФИФА и така нема да се преклопува со Светските или Европските првенства.

Во март 2014 Џани Инфантино, генералниот секретар на УЕФА, изјавил дека една од предностите на предложеното натпреварување ќе биде помошта на помалку истакнатите федерации во средувањето на игрите на сопствените репрезентации. Претседателот на Англискиот фудбалски сојуз Грег Дајк рекол дека предложеното натпреварување е "многу привлечно" затоа што се очекува дека Англија ќе може да игра против најдобрите европски репрезентации. Стив Мартенс, генералниот секретар на Белгиската фудбалска федерација, рекол дека ниско позиционираните нации ќе имаат голема финансиска корист од натпреварувањето затоа што телевизискиот договор со УЕФА ќе биде централизиран.

УЕФА Лигата на нации едногласно била усвоена од сите 54 федерации членки на УЕФА (Косово тогаш сè уште не бил член) на 38-от редовен конгрес на УЕФА во Нур-Султан (тогаш Астана) на 27 март 2014

Формат на натпреварување

Според одобрениот формат (пред Косово да стане член на УЕФА), 55-те репрезентации членки на УЕФА (вклучувајќи го и Косово) се поделени во четири групи (наречени "лиги"): 12 репрезентации во лигата А, 12 во лигата Б, 15 во лигата Ц и 16 репрезентации во лигата Д. Секоја лига има по четири групи (со по три или четири репрезентации во групата) во кои репрезентациите играат меѓусебно дома и во гости.

Четирите репрезентации кои ќе бидат победници во своите групи во лигата A ќе играат во завршницата на Лигата на нациите, каде со две полуфиналиња и едно финале, ќе биде одлучено кој ќе стане победник на УЕФА Лигата на нации.

Репрезентациите исто така се натпреваруваат за промоција во повисока лига или испаѓање во пониска лига. Секој победник во групата (во секоја лига има по четири групи) автоматски стекнува право да игра во повисока лига во следната сезона на натпреварувањето. Најслабите репрезентации во групите следната сезона ќе играат во пониска лига.

Поврзаност со Европско првенство

УЕФА Лигата на нации ќе биде поврзана со квалификациите за Европските првенства, пружајќи им на репрезентациите уште една можност да се квалификуваат за натпреварувањето.

Во завршницата на Лигата на нациите во која учествуваат репрезентациите од лигата А, ќе има и четири плејофа (анг. play-off) со сличен формат. Победниците од групите на сите лиги ќе играат во полуфиналните плејофи. Ако победникот на групата обезбедил учество на Европското првенство преку редовните квалификации, тогаш второпласираната репрезентација во групата ќе игра во полуфиналето. Ако помалку од четири репрезентации во една лига не обезбедиле учество на првенството тогаш тие слободни места им се доделуваат на репрезентациите од пониските лиги. Победниците во полуфиналните натпревари ќе играат финале на плејофот, а четирите победници од финалните натпревари во плејофот во секоја од лигите обезбедуваат учество на Европското првенство заедно со останатите 20 репрезентации.

Поврзаност со Светско првенство

УЕФА Лигата на нациите би можела да биде поврзана и со квалификациите за Светското првенство, пружајќи им на репрезентациите уште една шанса да се квалификуваат за натпреварувањето. Во плејофот најверојатно би учествувале репрезентациите од првите две лиги.

Критики

Форматот на натпреварување е критикуван заради наводното допуштање на послабите репрезентации да се квалификуваат на големите натпреварувања преку УЕФА Лигата на нации наместо преку редовните квалификации.

Сезона

Секоја сезона Лигата на нациите ќе се игра од септември до ноември во парните години (натпреварување по групи) додека во јуни во непарните години ќе се игра завршницата на Лигата на нацииите во која ќе учествуваат победниците од групата A, што значи дека на секоја втора година ќе биде прогласуван победник на Лигата на нации.

Резултати од завршницата на Лигата на нациите

Сезона Домаќин Финале Натпревар за 3. место
Победник Резултат Второпласиран Третопласиран Резултат Четвртопласиран
2018-2019 Уефа Лига На Нации  Португалија Уефа Лига На Нации 
Португалија
1–0 Уефа Лига На Нации 
Холандија
Уефа Лига На Нации 
Англија
0–0 (прод.)
(6–5 п)
Уефа Лига На Нации 
Швајцарија

Учинок на репрезентациите по сезони

  • Уефа Лига На Нации  Промоција
  • Уефа Лига На Нации  Без промена
  • Уефа Лига На Нации  Испаѓање
Репрезентација 2018–19
ЛГ ВР П/И
Уефа Лига На Нации  Албанија Ц
Уефа Лига На Нации  Андора Д
Уефа Лига На Нации  Ерменија Д
Уефа Лига На Нации  Австрија Б
Уефа Лига На Нации  Азербејџан Д
Уефа Лига На Нации  Белорусија Д
Уефа Лига На Нации  Белгија А
Уефа Лига На Нации  Босна и Херцеговина Б
Уефа Лига На Нации  Бугарија Ц
Уефа Лига На Нации  Хрватска А
Уефа Лига На Нации  Кипар Ц
Уефа Лига На Нации  Чешка Б
Уефа Лига На Нации  Данска Б
Уефа Лига На Нации  Англија А
Уефа Лига На Нации  Естонија Ц
Уефа Лига На Нации  Фарски Острови Д
Уефа Лига На Нации  Финска Ц
Уефа Лига На Нации  Франција А
Уефа Лига На Нации  Грузија Д
Уефа Лига На Нации  Германија А
Уефа Лига На Нации  Гибралтар Д
Уефа Лига На Нации  Грција Ц
Уефа Лига На Нации  Унгарија Ц
Уефа Лига На Нации  Исланд А
Уефа Лига На Нации  Израел Ц
Уефа Лига На Нации  Италија А
Уефа Лига На Нации  Казахстан Д
Уефа Лига На Нации  Косово Д
Уефа Лига На Нации  Латвија Д
Уефа Лига На Нации  Лихтенштајн Д
Уефа Лига На Нации  Литванија Ц
Уефа Лига На Нации  Луксембург Д
Уефа Лига На Нации  Македонија Д
Уефа Лига На Нации  Малта Д
Уефа Лига На Нации  Молдавија Д
Уефа Лига На Нации  Црна Гора Ц
Уефа Лига На Нации  Холандија А
Уефа Лига На Нации  Северна Ирска Б
Уефа Лига На Нации  Норвешка Ц
Уефа Лига На Нации  Полска А
Уефа Лига На Нации  Португалија А
Уефа Лига На Нации  Ирска Б
Уефа Лига На Нации  Романија Ц
Уефа Лига На Нации  Русија Б
Уефа Лига На Нации  Сан Марино Д
Уефа Лига На Нации  Шкотска Ц
Уефа Лига На Нации  Србија Ц
Уефа Лига На Нации  Словачка Б
Уефа Лига На Нации  Словенија Ц
Уефа Лига На Нации  Шпанија А
Уефа Лига На Нации  Шведска Б
Уефа Лига На Нации  Швајцарија А
Уефа Лига На Нации  Турција Б
Уефа Лига На Нации  Украина Б
Уефа Лига На Нации  Велс Б

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Уефа Лига На Нации УсвојувањеУефа Лига На Нации Формат на натпреварувањеУефа Лига На Нации СезонаУефа Лига На Нации Резултати од завршницата на Лигата на нациитеУефа Лига На Нации Учинок на репрезентациите по сезониУефа Лига На Нации НаводиУефа Лига На Нации Надворешни врскиУефа Лига На НацииЕвропаУЕФАФудбал

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Горан ПандевИфтарРак на грло2005 во архитектуратаГај Јулиј ЦезарПроцентПридавки во македонскиот јазикСписок на државни знамињаЗигмунд ФројдПланетаГлавна страницаДаме ГруевКрстоносни војниАнтон ПановМакедонска граматикаБалкански војниФилип II МакедонскиВиолинаИшијасХемоглобинАнета МицевскаМултипла склерозаNext TimeБелградЖирафаЗлатна бубамара на популарностаПере ТошевЧорбаџи ТеодосТуризамБадминтонс бендВатиканПравопис и правоговор на македонскиот јазикПустинаБајрамПетар ГеоргиевскиТимпанКлеопатраМи заплакало селото ВаташаМакедонска азбукаСтрадањата на младиот ВертерРобинзон КрусоПиколоСолиСписок на држави во светотСценариоРенесансаГонорејаСоветски СојузЗбунети годиниГубернаторРепублика КосовоНервен системРомантизамСписок на држави по населениеЕстрогенХуманизам и ренесансаАтинаЈугославијаМиом на маткаПочваПретприемништвоДиазепамКинески ѕидГевгелијаПолово пренослива болестРисто Шишков1880 во музикатаСточарствоЗора зад аголот (роман)Бели мугриМали сипанициМиокардитисПензиски системОбновливи извори на енергијаИменкаЧешкаАрхангел (музичка група)🡆 More