Триаголник На Тагата

„Триаголник на тагата“ (англиски: Triangle of Sadness) — филм на режисерот Рубен Естлунд (кој е автор и на сценариото) од 2022 година.

Главните улоги ги играат: Харис Дикинсон, Чарлби Дин, Доли де Леон, Златко Буриќ, Вики Берлин и Вуди Харелсон.

Синопсис

Карл и Јаја

Карл е манекен кој е во љубовна врска со манекенката Јаја, која е поуспешна од него. За време на вечерата во еден ресторан, тие се расправаат зашто Карл очекува дека Јаја ќе ја плати сметката, додека таа го очекува спротивното. Подоцна, во хотелската соба, таа му признава дека сака да се омажи за богат човек, а тој ветува дека ќе ја освои нејзината љубов.

Јахтата

Карл (го игра Дикинскон) и Јаја (ја игра Дин) се наоѓаат на крстосување на луксузна јахта, а гости на јахтата се и рускиот стопанственик Дмитри (го игра Буриќ) со сопругата, Германката Тереза која може да изговори само еден збор и други богати гости. Капетанот на бродот (го игра Харелсон) го минува времето затворен во својата кабина, потполно пијан. За време на свечената вечера, настапува силно невреме поради кое повеќето гости имаат нагон за повраќање. За тоа време, капетанот и Дмитри расправаат за комунизмот и капитализмот, а нивниот разговор го слушаат гостите преку разгласот. Изутрината, група пирати го напаѓаат бродот, кој е уништен од силна експлозија.

Островот

Неколкумина од гостите, меѓу кои се: Дмитри, Јаја, Карл и Тереза, успеваат да се спасат. Тие се наоѓаат на непознат остров, а набргу им се придружува чистачката Абигејл (ја игра де Леон), а таа е единствената која поседува вештини потребни за преживување. Таа ја злоупотребува својата положба и започнува да им наредува на останатите, кои мора да ја слушаат ако сакаат да добијат храна. Исто така, таа започнува љубовна врска со Карл. Еден ден, Јаја одлучува да го разгледа островот, а нејзе ѝ се придружува Абигејл. Најпосле, тие доаѓаат до уредена плажа и додека Јаја се радува поради сознанието дека се спасени, Абигејл зема голем камен со намера да ја убие. Во меѓувреме, Карл трча панично низ шумата, барајќи ја Јаја.

Наводи

Tags:

Триаголник На Тагата СинопсисТриаголник На Тагата НаводиТриаголник На ТагатаРежисерСценариоФилм

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Стефан ЛазаровIP-адресаСашо МијалковИзборна единица 5HAARPСписок на архаични зборови во македонскиот јазикРимско ЦарствоМакедонска револуционерна организацијаМасакр кај КарпалакОпштина СтругаНеологизамСојузни држави на САДПиринска МакедонијаВелигденСвети Климент ОхридскиПоделба на гласовите во македонскиот јазикЉупчо ЈордановскиДен на планетата ЗемјаПартија за движење на Турците во МакедонијаСреден векМакедонски парламентарни избори, 1990Шар ПланинаСоцијализамЗагадување на воздухотОвулацијаВелики четвртокГлавна страницаДемократски сојузОпштина КривогаштаниВевчаниСардинијаАлијанса за АлбанцитеРусијаОпштина НовациИзборна единица 9ЗвукКрушевска РепубликаАрбен ТаравариОливер СпасовскиХристијанствоМакедонски парламентарни избори, 2011Бугарски возМакедонски претседателски избори (2019)ДПАМенингитисИсусово воскресениеГолеми и мали (роман)ТетанусВтора влада на Никола ГруевскиОпштина ДолнениЕлизабета ЃоргиевскаОпштина ТетовоСтефан БогоевАтинаОпштина ИлинденВакцина против тетанусЗагрозен видСрпска напредна странка во МакедонијаСтругаСписок на градови во ГерманијаГзим ОстрениРазловечко востаниеЏек ЛондонБразилВикипедијаЧовечки папиломен вирусОпштина ЖелиноДемократски сили на РомитеИсламизацијата во МакедонијаЧетврта влада на Никола ГруевскиНАТОК-15ШизофренијаСојуз на комунистите на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2013)Десет Божји заповедиДајреАнтибиотик со широк спектар на дејство🡆 More