Теодор Хенш

Теодор Хенш (германски: Theodor Hänsch 30 октомври 1941) — германски физичар.

Тој добил една четвртина од Нобеловата награда за физика во 2005 година за „придонесите во развојот на ласерски засновната прецизна спектроскопија, вклучувајќи ја и техниката честотен чешел“, тој ја поделил наградата со Џон Хол и Рој Глаубер.

Теодор Хенш
Теодор Хенш
Теодор Хенш на состанокот на добитниците на Нобелова награда во Линдау во 2012 година
Роден(а)30 октомври 1941(1941-10-30)(82 г.)
Хајделберг, Германија
НационалностГерманец
ПолињаФизика
УстановиУниверзитет Лудвиг Максимилијан
Макс Планков институт
Станфорд
Европска лабораторија за нелиниска спектроскопија
ОбразованиеХајделбершки универзитет
ДокторандиКарл Виман
Маркус Грајнер
Емануел Блох
Тилман Еслингер
Познат поЛасерски заснована прецизна спектроскопија
Поважни наградиЏејмс Џојсова награда (2009)
Бамбиева награда (2005)
Ото Ханова награда (2005)
Рабиева награда (2005)
Нобелова награда за физика (2005)
Матеучиев медал (2002)
Стерн-Герлахов медал (2000)
Ајнштајнова награда за ласерска наука (1995)
Крал Фејсалова меѓународна награда (1989)
Готфрид Вилхелм Лајбницова награда(1989)
Вилијам Мегерсова награда(1985)
Комстокова награда за физика (1983)
Потпис
Теодор Хенш

Хенш е директор на Макс Планковиот институт за квантна оптика (квантна оптика) и професор по експериментална физика и ласерска спектроскопија при Минхенскиот универзитет во Минхен, Баварија, Германија.

Хенш својата диплома и докторска титула ги стекнал на Хајделбершкиот универзитет во 1960-ите. Последователно, тој станал професор на Станфорд, Калифорнија и работел таму од 1975 до 1986 година. Тој бил награден со Комстокова награда за физика од Националната академија на науките во 1983 година. Во 1986 година, го добил Мајкелсоновиот медал од Френклиновиот институт. Во истата година тој се вратил во Германија како директор на Макс Планковиот институт за квантна оптика. Во 1989 година, тој ја добил Лајбницовата награда од Германското истражувачко друштво, која всушност е највисоката почест која се доделува за германското истражување. Во 2005 година, тој исто така ја добил Ото Хановата награда од германскиот град Франкфурт на Мајна, од Германското друштво на хемичари и Германското друштво на физичари. Во истата година, Оптичко друштво на Америка го наградило со Фредерик Ивесов медал и со титула почесен член.

Еден од неговите студенти, Карл Виман, ја добил Нобеловата награда за физика во 2001 година.

Во 1970 година тој измислил нов вид на ласер кој создавал светлински пулсеви со крајно високо спектрално разделување (пр. сите фотони емитувани од ласерот имаат скоро еднаква енергија, со точност од 1 дел од милион). Користејќи ја оваа направа тој успеал да ја измери честотата напреминот на Балмеровата линија на атомскиот водород со многу пголема точност од претходните мерења. Во доцните 90-ти, тој и неговите соработници развиле нов метод за мерење на честотата на ласерската светлина со поголема точност, користејќи направа наречена оптички честотен чешлен генератор. Овој изум подоцна бил употребен за мерење на Лајмановата линија на атомот на водородот со неверојатна точност од 1 дел од 100 трилиони. При таква висока точност, станало можно да се пребараат можните промени кај основните физички константи на универзумот со текот на времето. За овие постигнувања тој станал кодобитник на Нобеловата награда за физика во 2005 година.

Заднината на Нобеловата награда

Нобеловата награда му била доделена на професорот Хенш како признание за неговата работа која ја направил кон крајот на 90-ите при Макс Планковиот институт во Гархинг во близина на Минхен, Германија. Тој развил оптички „оптички честотен генератор“, што овозможило, за првпат, со голема прецизност да се измери бројот на светлински осцилации во секунда. Овие оптички мерења на честотата можат да бидат милиони пати попрецизни од претходните спектроскопски определувања на брановата должина на светлината.

Работата во Гархинг била мотивирана од експериментите правени со многу прецизна ласерска спектроскопија на водородниот атом. Атомот има особено проста струкура. Со прецизното определување на спектралната линија, научниците успеале да извлечат заклучоци за тоа колку се точни основните физички константи, ако на пример тие се менуваат полека со текот на времето. До крајот на 80-ите, ласерската спектроскопија на водородот го достигнала својот врв кој бил овозможен од интерферометриските мерења на оптичките бранови должини.

Истражувачите при Макс Планковиот институт за квантна оптика разработувале нови методи, со што го развиле чешлениот честотен генератор. Неговото име потекнува од фактот што истиот создава светлински спектар, поинаков од оној создаден од еднобојните ултракратки пулсеви на светлина. Овој спектар е направен од стотици илијади остри спектрални линии со константен честотен интервал.

Овој честотен чешел на некој начин е сличен на линијар. Кога честотата на одредено зрачење е определена, може да се спореди со мошне прецизните чешлени спектрални линии, сè додека една не се поклопува. Во 1998 година, професорот Хенш ја добил Филип Морисовата истражувачка награда за развојот на оваа мерна направа.

Една од првите примени на овој нов вид на светлински извор била да се определи многу тесниот ултравиолетов премин кај водородот од 1S-2S. Од тогаш, честотата била определена со прецизност од 15 децимални броеви.

Честотниот чешел денес се користи како основа на оптичките честотни мерења во голем број лаборатории ширум светот. Од 2002 година, претпријатието Менло системи, во чие основање има улога и Макс Планковиот институт во Гархинг, обезбедува комерцијални честотни чешлени генератори до лабораториите ширум светот.

Развојот на ласерот

Хенш спровел интрапразнински телескопско зрачно ширење на решеткасто баждарени ласерски осцилатори со што го добил првиот тесно линиски баждарен ласер. Овој изум е заслужен за понатамошниот развој на уште потесно-линиски повеќе призмени решеткасти ласерски осцилатори. За споредба, баждарните тесно линиски органски ласери, и кристалните ласери, користат целосно осветлување на решетките, и се од голема важност за ласерската спектроскопија.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Теодор Хенш Заднината на Нобеловата наградаТеодор Хенш Развојот на ласеротТеодор Хенш НаводиТеодор Хенш Надворешни врскиТеодор Хенш194130 октомвриЏон ХолГерманијаГермански јазикЛасерНобелова награда за физикаРој ГлауберСпектроскопијаФизика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Еп за ГилгамешСипанициМарко ЦепенковЃорге ИвановМакедонски претседателски избори (2019)Периоден систем на елементитеХидростатикаБела мечкаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикДонтов методФиладелфијаСписок на македонски народни и староградски песниБарселонаМакедонска кујнаПечалбариНР КинаМостЗурла (македонска)КаракалпакстанЗемја (планета)Штука (село)Календар на Велигденски датуми21 ЛутецијаПрирокФилмАлександар Сергеевич ПушкинМихаил БулгаковСеверна АмерикаАјдахоРоманијаСтарогрчка митологијаВласиСилаЛуголов растворГодинаМакедонска радио-телевизијаАлександар IГлаголЗемји членки на Европската УнијаСтарословенска азбукаКултураРНК-полимеразаКамен мост (Скопје)Ревматоиден артритисСтар ЕгипетСценариоБлаговештениеГустина на населеностРак на грло на маткаРастенијаГеографија на ИндијаЕндоскопЛазар Ристовски (глумец)Биосферен резерват на пеперугата монархЦицачиБели мугриСветско првенство во фудбал 2022 - нокаут фазаКелтски јазициКрвна групаХидроелектранаМасовен глад во Русија (1921-1922)Светско првенство во ракомет за мажи 2015СтрофаОливера ТрајковскаРисто СтефановскиПанонски легендиДетски праваЧорбаџи ТеодосСрцева слабостГордана Силјановска-ДавковаМери ПопинсГрадСписок на реки во МакедонијаАтомАвтопат🡆 More