Теново: село во Општина Брвеница

Теново — село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово.

Теново
Теново: Географија и местоположба, Историја, Население

Панорама на Теново

Теново во рамките на Македонија
Теново: Географија и местоположба, Историја, Население
Теново
Местоположба на Теново во Македонија
Теново на карта
Координати 41°53′41″N 20°59′0″E / 41.89472° СГШ; 20.98333° ИГД / 41.89472; 20.98333
Регион Горни Полог
Општина Теново: Географија и местоположба, Историја, Население Општина
Население 1.175 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 28081, 28581
Теново на општинската карта
Теново: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Теново во рамките на општината
Теново: Географија и местоположба, Историја, Население Теново на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на десниот брег на реката Вардар, во подножјето на Сува Гора. Селото се наоѓа меѓу селата Радиовце и Стенче.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 49 семејства, 2 неженети и 3 вдовици, сите христијани.

Во XIX век селото било дел од Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население

Следува табела со хронолошки преглед на населението на Теново:

Година 1453 1468 1900 1905 1929
Жители 31 семејство 51 семејство 320 жители 144 Македонци и ? албанци 455 жители
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948830—    
1953900+8.4%
19611.081+20.1%
19711.226+13.4%
19811.426+16.3%
ГодинаНас.±%
1991268−81.2%
19941.469+448.1%
20021.602+9.1%
20211.175−26.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Теново живееле 305 жители, од кои 170 Македонци и 135 Албанци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Теново имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Теново било дел од Стенчевска општина во Долнополошкиот срез и имало 75 куќи со 455 жители Македонци и Албанци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 300 Албанци.

Според пописот од 2002 година селото има 1.602 жители, од кои 210 Македонци, 1.391 Албанец и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.175 жители, од кои 189 Македонци, 963 Албанци и 23 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 830
1953 294 578 26 1 1 900
1961 324 730 2 25 1.081
1971 280 925 9 1 11 1.226
1981 258 1.095 4 2 67 1.426
1991 261 4 1 2 268
1994 258 1.209 1 1 1.469
2002 210 1.391 1 1.602
2021 189 963 23 1.175

Родови

Теново е мешано македонско-албанско село, македонските родови во селото се староседелски и доселенички, додека албанските родови сите се доселенички.

Македонски родови во Теново се:

  • Староседелци: Ѓоргијовци (7 куќи), Новаковци (3 куќи), Влкановци (5 куќи), Атлевци (4 куќи), Јоановци (2 куќи), Митревци (3 куќи)
  • Доселеници: Дошлаковци или Николовци (4 к.) доселени се од соседното село Милетино. И во Милетино се доселиле однекаде; Ристевци (1 к.) доселени се од денес албанското село Градец; Ѓуревци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Војновци (4 к.) доселени се од раселеното село Смрдеш на Сува Гора; Терзијевци (3 к.) доселени се од некое село во Охридско; Даниловци (1 к.) овде се доселил основачот на родот Рафе. Тој дошол како домазет од селото Железна Река; Чарлевци (4 к.) доселени се од некаде. Некои мислат дека се од некое албанско село во Скопски Дервен; Бацој (1 к.) доселени се од селото Милетино, таму имале роднини. Подалечно потекло имаат од селото Долна Лешница.

Албански родови во Теново се:

  • Доселеници: Рамовци (5 куќи) доселени се од некое село во околината на Пешкопеја; Вајитовци (1 куќа) доселени се од селото Гургурница, таму се доселени од селото Рибница, Горна Река; Рустемовци (10 куќи) доселени се од некое село во Кичевија, таму се доселени од Северна Албанија; Мифтаровци (3 куќи) и они се доселени од некое село во Кичевија, можеби Гарани (?). Таму се доселени одСеверна Албанија; Куковци (10 куќи) доселени се од Кичево. Возможно е да потекнуват од Торбеши; Емруловци (2 куќи) доселени се од Северна Албанија; Јашаровци (1 куќа) доселени се од селото Зајас, Кичевија, подалечно потекло од Северна Албанија; Ајрединовци (1 куќа) доселени се од Челопек; Садиковци (7 куќи) и они се доселени од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија; Локовци (16 куќи) доселени се од некое село кај Пешкопеја; Фетаовци (1 куќа) доселени се од Зајас, подалечно потекло од Северна Албанија.

Редовни настани

Св. Недела

Теново: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црквата „Св. Недела“

Еден од поголемите настани што се прославува во теново е празникот посветен на Св. Недела, чие име го носи манастирската црква која се наоѓа на блискиот рид Горица.

Одбележувањето на Св. Недела во ова подсувогорско село е традиија долга повеќе од 88 години, од самото основање на манастирската црква. Тогаш во Теново се збираат сите, а пред сè младите. Некои со друштва, скара и добра музика, а други пак радувајќи му се на богатиот панагур.

Богојавление

Чествувањето на Богојавление во Теново започнува од празникот Водокрст кога кумот во својот дом го врзува крстот со црвена врвца и го носи кај локалниот свештеник на осветување. Обичаите продолжуваат и на самиот празник Водици во селската црква „Св. Никола“ кога верниците пречекани со пригодни богојавленски песни го бакнуваат и го даруваат осветениот крст. Дел од обичаите е и лицитирањето или дарувањето на јаболката кои се собрани во текот на претходниот ден како одврзувањето на крстот.

Општествени установи

Теново: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црквата „Св. Никола“
    Цркви
Поглед на Теново од возвишението Горица, Сува Гора

Личности

  • Рефет Елмази (р.5 септември 1959) - Висок функционер на ДПА, поранешен заменик министер за внатрешни работи и функционер во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2047 и 2048 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.612 гласачи.

Стопанство

Културни и природни знаменитости

Култура и спорт

== Иселеништво ==-->

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Теново Географија и местоположбаТеново ИсторијаТеново НаселениеТеново Редовни настаниТеново Општествени установиТеново ЛичностиТеново Самоуправа и политикаТеново СтопанствоТеново Културни и природни знаменитостиТеново Култура и спортТеново НаводиТеново ПоврзаноТеново Надворешни врскиТеновоОпштина БрвеницаТетово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АхилБраќа МиладиновциВасил ИљоскиGmailСтранствувањето на Чајлд ХаролдЈужна АмерикаЃорѓи КолозовРимНиколај Римски-КорсаковГордана Силјановска-ДавковаРепродуктивен системКорошиштаМислодеждаПрво заседание на АСНОМРечник на стари македонски зборовиЉубовЧовечки папиломен вирусДиво месо (драма)ТелевизијаХерпесФашизамМакедонски пасошБајкаЛионел МесиДржавни празници во БугаријаГолемата вода (роман)Лазар КолишевскиСписок на хемиски елементиКиро ГлигоровГликемијаМакедонски ораПланетите во астрологијатаСтарословенска азбукаТешкотоSARS-CoV-2Струшки вечери на поезијатаРадождаОпераДевојката со бисерна обетка (филм)Џорџ Гордон БајронУС Сасуоло КалчоДесет Божји заповедиДекамеронВојдан ЧернодринскиКоле АнгеловскиПолицијаКарлес ПуџдемонМакедонски парламентарни избори (2008)Македонија во Втората светска војнаЛокални избори во Македонија (2009)ЦирозаЦијанобактерииРегионален пат 1101МозокОбединети нацииХепатит ЦФудбалСреброОпштина КрушевоБегалкаДрамска уметностПетар Поп АрсовБаклаваТриаголникТуризамКавказРоманијаАпозиција во македонскиот јазикЛевица (политичка партија)ХипертензијаОпштина КочаниВардарСтрумички карневалОпштина КавадарциПрисовјаниПанкреасЧернобилска несреќаМајка Тереза🡆 More