Татар Елевци: село во Општина Дебар

Татар Елевци (познато и како Турско Елевци или само Елевци) — раселено село во Општина Дебар, во областа Горен Дебар, во околината на градот Дебар.

Татар Елевци
Татар Елевци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Куќи во селото

Татар Елевци во рамките на Македонија
Татар Елевци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Татар Елевци
Местоположба на Татар Елевци во Македонија
Татар Елевци на карта
Координати 41°31′42″N 20°32′49″E / 41.52833° СГШ; 20.54694° ИГД / 41.52833; 20.54694
Регион Татар Елевци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Југозападен
Општина Татар Елевци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Дебар
Област Горен Дебар
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08035
Надм. вис. 1.160 м
Слава Спасовден
Татар Елевци на општинската карта
Татар Елевци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Татар Елевци во рамките на општината
Татар Елевци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Татар Елевци на Ризницата

Потекло и значење на името

Татар Елевци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќи во селото со поглед на Дебарското Езеро

Името на селото првпат е забележано во XVI век (1583 г.) во турски документи како Татар Елевци или Татарелевци. Името потекнува од турскиот збор татар со значење „гласник“, додека зборот Елевци се поврзува дека доаѓа од дрвото евла.

Бранислав Русиќ во својата книга „Дебарско Поле“ забележал дека мештаните селото си го именуваат само како Елевци, додека Македонците од соседните села го именуваат како Град Елевци (поради близината на Дебар) или како Татар Елевци (бидејќи некогаш во него живееле Татари), за да го разликуваат од Елевци во областа Жупа. Во малиот поменик на Раичкиот манастир од 1840 година, селото се наведува како Елевци над град и како Татар Елевци. Во поменикот на Бигорскиот манастир од 1863 година, селото не е споменато под овие имиња, но по селото Рајчица е споменато село Долно Елевци, што најверојатно се однесува за Татар Елевци.

Географија и местоположба

Ова мало село се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Дебар, на јужните огранки на планината Дешат, недалеку од самиот град Дебар, на оддалеченост од само три километри. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.160 метри.

Селското подрачје се наоѓа помеѓу подрачјето на Дебар на запад, Кривци на север, Горно Косоврасти и Долно Мелничани (во Долна Река) на исток и Рајчица на југ.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Ѓурѓеица, Средни Рид, Симоноски Извори, Слива, Под Вирој, Пашина Ливада, Горна Пашиница, Трајчев Камен, Елешка Пеш(т), Ристев Осој, Јаблашница, На Стол, Алко(а) Чешма, Елешка Краста, Шаткаоица, Ќерамидница, Гробишта, Рупи Водеинци, Белезен, Студенче, Големи Нивје, Вирои, Старци, Корита, Бачилиште, Орли и Зад Кула.

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1202 од самиот град Дебар.

Селското земјиште на исток е косо, планински, додека кон запад има неколку рамни скалести пасишта. Основата му е варовничка, а има и шкрилци.

Во селото е доведена вода од изворите Крштеинца, Студенчета и Глушеника, кои служат за пиење, напојување на стоката, за домашни потреби и за наводнување. Во селото има чешми Кај Црквана и Кај Чешмуле, а во долниот дел На Пив.

Селото е изградена на осојна страна и е највисоко село во Дебарското Поле. Куќите се збиени, од камења, со мали дворови и тесни и кривулкави сокаци. Куќите се свртени на запад.

Историја

Основано е во 1500 г. како Градец, а денес се користат имињата Татар Елевци и Град Елевци.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,4 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 287 хектари, на шумите отпаѓаат 108 хектари, а на обработливото земјиште 37 хектари. Населението воглавно се занимава со сточарство и земјоделство.

Главна стопанска гранка со кое се занимавало населението на Рајчица во минатото било ѕидарството.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194882—    
195386+4.9%
196167−22.1%
197144−34.3%
198139−11.4%
ГодинаНас.±%
199123−41.0%
199413−43.5%
200210−23.1%
20210−100.0%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 15 домаќинства со 52 жители христијани (Македонци).

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Татар Елевци имало 155 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Татар Елевци имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 67, а во 1994 година само 13 жители, и е во фаза на раселување.

Според пописот од 2002 година, во селото Татар Елевци живееле 10 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 155 112 82 86 67 44 39 23 13 10 0

Родови

Татар Елевци е чисто македонско село.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото биле:

  • Доселеници: Дурковци (9 к.), доселени се како сточари околу 1764 година од околината на Драч во Албанија. Се делат на Миновци, Трајчевци, Петревци, Неделковци и Силковци; и Мијовци (4 к.), доселени се од селото Волковија во Горна Река. Овде дошле околу 1817 година. Се доселил Мијо со своите синови Симон, Јосиф и Марко. Се делат на Симоновци и Јосифовци.

Иселеништво

Од ова село има голем број на иселени Македонци, на многу места во Македонија, како и надвор од неа.

Од ова село има иселеници на следните места: Браила (Миновци, 1 к.), Пловдив (Трајчевци, 1 к.), Дебар (Марковци, 2 к.), Скопје (Трајчевци, 1 к.; Петревци, 1 к.; Неделковци, 1 к.; Марковци, 1 к.), Косовска Митровица (Неделковци, 1 к.; Силковци, 1 к.) и Охрид (Марковци, 1 к.).

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Татар Елевци било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Дебарска градска општина, во која влегувал градот Дебар и селата Баниште, Бомово, Елевци, Коњари, Кривци, Рајчица, Селокуќи, Спас и Хаме. Во периодот 1950-1952 година селото било дел од градот Дебар, во кој влегувале и селата Рајчица и Елевци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0554 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на средното училиште „28 Ноември“ во Дебар. Во ова избирачко место е опфатен дел од градот Дебар и населените места: Рајчица и Татар Елевци.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 93 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 112 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Татар Елевци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на главната селска црква „Св. Димитриј“
    Цркви
    Спомен-плочи
  • Спомен-плоча за НОБ

Редовни настани

    Слави

Личности

    Починати во Татар Елевци

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Татар Елевци Потекло и значење на иметоТатар Елевци Географија и местоположбаТатар Елевци ИсторијаТатар Елевци СтопанствоТатар Елевци НаселениеТатар Елевци Самоуправа и политикаТатар Елевци Културни и природни знаменитостиТатар Елевци Редовни настаниТатар Елевци ЛичностиТатар Елевци ГалеријаТатар Елевци ПоврзаноТатар Елевци НаводиТатар Елевци Надворешни врскиТатар ЕлевциДебарДебар (област)Општина Дебар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општини во МакедонијаПтициСтале ПоповСкржавецот (Плавт)АртритисДонтов методХрватскаБарешаниПенис (човек)Македонски парламентарни избори (2020)Македонски парламентарни избори, 2008Питу ГулиМесопотамијаМинистерство за животна средина и просторно планирањеПсоријазаОпштина Шуто ОризариСоединети Американски ДржавиРастенијаЗборник на МиладиновциПеколот (Божествена комедија)Словенски преселби на Балканскиот ПолуостровОче нашФлебитисШизофренијаСипанициМислодеждаБранко ЦрвенковскиИсламПаризЏ. Р. Р. ТолкинЕлена ЗагорскајаОпштина Чучер-СандевоСтар векКристофер КолумбоТоплинаЃомлезеАнтон ПановДаниел ДефоСкопско КалеГорјан ПетревскиЛимфоцитАлжирОпштина СтуденичаниПочваГамеланНикола ТеслаАДХДСврзникМакедонски парламентарни избори (2016)Заздравување на ранаГлицеролРоднински односиЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеАвстријаСписок на електрани во МакедонијаСписок на хемиски елементиМеѓународни празнициМекотелиАвстралијаОпштина ДојранКоле НеделковскиПрва светска војнаС’ботскоЛимфен јазол20000 милји под моретоШтипАлександар Сергеевич ПушкинСаат-кула (Битола)РоманРенесансаПневмонијаИвона ТалевскаБојан (роман)ВикинзиВилијам ШекспирСвета ПеткаДемократска ДесницаГравитацијаМакедонски ора🡆 More