Стеван Сремац

Стеван Сремац (11 ноември 1855, Сента, Австроунгарија - 13 август 1908, Соко Бања, Србија) бил српски писател.

Стеван Сремац
Стеван Сремац
Роден/а11 ноември 1855
Сента, Војводство Србија и Тамишки Банат, Австриско Царство
Починат/а13 август 1906(1906-08-13) (возр. 50)
Сокобања, Кралство Србија
Занимањеписател
НационалностСрбин

Животопис

Стеван Сремац 
Домот на С. Сремац во Сента.

Стеван Сремац се родил на 11 ноември 1855 година,во занаетчиско семејство во Сента, Војводина, која тогаш била во составот на Австроунгарија. Татко му се викал Аврам, а мајка му Катарина.[1] Во Сента го поминал раното детство, а дел и кај баба му по мајка во Пирот. Бидејќи останал без родители, вујко му Јован Ѓорѓевиќ, познат српски историчар и книжевник, го однел 1868 година во Белград на понатамошно школување. Тука завршил гимназија (1875) и се определил за студии по историја на Големото училиште(Велика школа) во Белград и за припадност кон Либералната партија. Својот работен век го поминал како професор во гимназиите во Ниш, Пирот и Белград. Како доброволец учествувал во војните во 1876 и 1877 — 1878 година. Сремац починал на 13 август 1908 година, во Соко Бања од сепса. Погребан е на Новите гробишта во Белград.

[2] 
Стеван Сремац 
Стеван Сремац

Творештво

Стеван Сремац 
Илустрација од првото издание на „Поп Ќиро и поп Спиро“ од 1894 г.

Стеван Сремац е еден од најистакнатите претставници на српскиот реализам. Негови најпознати дела се:

  • Ивкова слава (расказ)
  • Зона Замфирова (расказ)
  • Поп Ќиро и Поп Спиро (роман).

Според неговите дела „Ивкова слава“ и „Зона Замфирова“ се снимени филмови и телевизиски серии, кои оствариле голем комерцијален успех.

Стеван Сремац 
Биста на С. Сремац пред Народниот театар во Ниш.

Творештво

Сремац почнал да пишува релативно доцна. Во триесет и третата година од животот 1888 година почнал да објавува прозни хроники за личности и настани од српското минато, кои се појавиле како книга 1903 година под наслов „Од книгите староставни“ („Из књига староставних“). Тоа било писателовото одолжување на долгот кон професијата историчар и љубовта према националното минато. Реалистичка проза почнал да пишува дури по пристигнување во Белград. Долгогодишниот живот во Ниш, од 1879 до 1892, бил период на творечка инкубација. Прв реалистички расказ го објавил 1893 година под наслов „Божиќна печеница“ („Божићна печеница“), а потоа се нижат „Ивкова слава“ (1895), „Вукадин“ (1903), „Лимунација на село“ („Лимунација на селу“)(1896), „Поп Ќира и поп Спира“, (1898), еден од најдобрите хумористични романи во српската литература и „Зона Замфирова“(1906), најдобро компонираното дело на Сремац. Инаку, Сремац бил познат како „писател со бележница“. Неговите дела претежно се реалистични и содржат одредена доза на хумор во себе. Одлика на неговото творештво е исто така и епизодноста. Неговите дела се врзани за три релации: Белград-Ниш-Војводина.

Дела

  • Ивкова слава, 1895;
  • Поп Ќира и поп Спира (Поп Ћира и поп Спира), 1898;
  • Зона Замфирова, 1903;
  • Насрадин-хоџа;
  • Од книгите староставни (Из књига староставних);
  • Раскази (Приповетке);
  • Вукадин;
  • Лимунација на село (Лимунација на селу);
  • Чича Јордан — једна слика, 1901;
  • Кир Герас, 1903;
  • Ибиш-ага;
  • Аца Грозница — слики од Бачка (Аца Грозница — слика из Бачке),1905;
  • Идеал, 1904;
  • Дим и дим, 1904;
  • Мица и Микица – или „За ’но наше некаде што беше“ (Мица и Микица – или „За ’но наше негда што бијаше“), 1904;
  • Ѓокица — слика од Белград за време на пописот на луѓето и стоката (Ђокица — слика из Београда приликом пописа људства и стоке), 1904;
  • Малер — слика од Белград за време на пописот на луѓето и стоката (Малер — слика из Београда приликом пописа људства и стоке), 1905;
  • Зол поданик (Зли поданик);
  • Нова година, 1904;
  • Јусуф-агините политички назори;
  • Јунак на денот – или „Негов ден“ (Јунак дана – или „Његов дан“), 1904;
  • Нацкова женидба, 1906;
  • Јексик-аџија, 1902;
  • Капетан Марјан — една слика (Капетан Марјан — једна слика), 1902;
  • Чесна старина!... (Часна старина!...)— слика од општеството, 1903;
  • Поштаревиот испит (Поштарев испит)— слика ;
  • Божиќна печеница (Божићна печеница);
  • Максим (Максим)— една троглава силуета од наши денови;
  • Бури и Англичани (Бури и Енглези)— слика од српскиот живот;
  • Погрешно експедован аманет (Погрешно експедовани аманет)— слика од белградскиот живот ;
  • Политички маченик (Политички мученик)— слика од српското општество;
  • Пазар за старо — стопанско-економска слика од животот на белградските домаќинки ;
  • Патувачко друштво (Путујуће друштво);
  • Ћир Моша Абеншаам (Ћир Моша Абеншаам)− или приказна за тоа како кир Моша изгубил една своја повластицз , 1902;
  • Пера Дружески (Пера Дружески)— слика од српскиот општествен живот , 1904;
  • Величествена прошетка на мадам-Помпадур – или (Што кажал Вук Врчевиќ) »Дали е подобра наравска дали учена« (Величанствена шетња мадам-Помпадуре – или (Што је рек′о Вук Врчевић) »Али је боља наравска али учена«), 1906;
  • Seccesio plebis;
  • Либаде — скица;
  • Јубилејот на Ќира (Ћирин јубилеј);
  • Приказна за тоа како еден книжевник го изел својот мецена (Прича о томе како је један књижевник појео мецената свог) — скица;
  • Човекова трагедија или Бал во Елемир (Човекова трагедија – или – Бал у Елемиру) – вистинит настан, еп во 10 песни;

Филмови

Делата на Сремац од 1957 година до данас се прикажувани на филмско платно:

  • 1957 Поп Ќиро и поп Спиро (Поп Ћира и поп Спира)
  • 1961 Миќа и Микица (Мића и Микица) (ТВ)
  • 1962 Јунаци на денот (Јунаци дана) (ТВ)
  • 1967 Зона Замфирова (ТВ)
  • 1968 Вукадин (серија)
  • 1972 Поп Ќиро и поп Спиро (Поп Ћира и поп Спира) (ТВ)
  • 1982 Поп Ќиро и поп Спиро (Поп Ћира и поп Спира) (мини-серија)
  • 2002 Зона Замфирова
  • 2005 Ивкова слава
  • 2007 Божиќна печеница (Божићна печеница) (ТВ)
  • 2007 Онаа наше што некогаш беше (Оно наше што некад бејаше) (серија)

Наводи

Tags:

Стеван Сремац ЖивотописСтеван Сремац ТворештвоСтеван Сремац ТворештвоСтеван Сремац ДелаСтеван Сремац ФилмовиСтеван Сремац НаводиСтеван Сремац11 ноември13 август18551908АвстроунгаријаСрбија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Владо МисајловскиХајди (роман)Список на архаични зборови во македонскиот јазикМала РечицаБели мугриВелики четвртокГевгелијаКипарМакедонски парламентарни избори, 2006Армија на МакедонијаБиљал КасамиОхридска пастрмкаТодор АлександровВевчаниСтефан БогоевБлаже КонескиЛатвијаОпштина КавадарциМакедонски БродЦар Едип (драма од Софокле)Пиреј (роман)Општина АеродромАлопецијаЕдинствена МакедонијаГолосеменициЧорбаџи ТеодосЦрн дробАвтобиографија (Григор Прличев)ПневмонијаГлас за МакедонијаПридавкаОпштина Кисела ВодаСтево ПендаровскиАтинаПеколот (Божествена комедија)Македонско востаниеОстеопорозаГолеми и мали (роман)ТелефонСтојанче АнгеловПоштенски броеви во МакедонијаПрва влада на Никола ГруевскиХристијанствоHAARPСкриеносеменициБиблијаЧовечки папиломен вирусРечник на стари македонски зборовиАлијанса за АлбанцитеАлжирБедија БеговскаДијалекти на македонскиот јазикАнтарктикШтипОпштина БитолаСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Изборна единица 2Лазар КолишевскиБугаријаСписок на птици во МакедонијаОпштина КарпошЃорѓија ПулевскиНационализамГостиварМијациХромозомБајрамПрометејДУИРак на грлоДаниел ДефоСписок на политички партии во МакедонијаЕвропска УнијаБугарска пропаганда во МакедонијаСписок на команданти на ОНАПат околу светот за 80 денаРециклирање🡆 More