Спејс Шатл

Спејс шатл (англ.

Space Shuttle) програмата на НАСА позната и како Вселенски транспортен систем е група од идентични вселенски летала кои се користат за мисиите со човечки екипаж на владата на САД. При лансирањето се состои од надворешен резервоар (кафен), две ракети за помош при лансирањето и самото вселенско летало.

Спејс Шатл
Спејс шатл Дискавери на лансирањето во мисијата СТС-120.

Леталото носи астронаути и корисен товар како што се сателити или делови од вселенската станица во ниската орбита околу Земјата. Обично екипажот се состои од 5-7 члена. Товарниот капацитет е 22.700кг. Кога ќе ја заврши вселенската мисија, леталото со помош на своите мотори се упатува кон Земјата и навлегува во атмосферата. За време на спуштањето леталото лизга по слоевите од атмосферата додека се спушти, слично како авион, на некој од аеродромите направени за таа намена.

Спејс Шатл
Типичен тек на мисија на Спејс шатл.

Спејс шатлот е првото вселенско летало кое се користи повеќекратно. По лансирањето, откога ќе достигне одредена висина, ги отфрла ракетите и резервоарот, но леталото во целост останува употребливо.

Поради таа практична особина, се употребува за сервисирање на сателити, размена на екипажите и испорака на делови за Меѓународната вселенска станица, и разнесување на други товари од и до Земјата. Секој шатл бил проектиран да трае барем за 100 мисии во тек на 10 години.

Од првобитно произведените 6 летала, 2 се загубени во мисии, заедно со екипажите, вкупно 14 луѓе, што учествувале во мисиите. Иако била замислена од НАСА како еден вид „вселенски автобус“ кој ќе овозможи евтин повеќекратен превоз на луѓе и товари во вселената, спејс шатл програмата се покажала како многу ранлива од аспект на сигурноста и надежноста, но и како многу скап проект.

Наводи

Tags:

НАСА

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РадишаниЃурѓовденЛокални избори во Македонија (2009)ТалофитМакедонски парламентарни избори (1994)Општина Ѓорче ПетровНикола КаревДрогаСписок на градови во МакедонијаВладимир ГлигоровЗвукМакедонски парламентарни избори, 2016Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Меѓународни празнициГригор ПрличевМакедонски парламентарни избори, 2014Општина Маврово и РостушеСоединети Американски ДржавиАтрибут во македонскиот јазикДијалекти на македонскиот јазикОтворени листиХристијанствоГемиџииМомче во пижами со риги (филм)ЕндометриозаЏек ЛондонМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаДржавни празници во МакедонијаОбединети за МакедонијаДвижење БесаМасакр кај КарпалакНаполеон БонапартВагинален исцедокIP-адресаДемократски сојузЧернобилска несреќаЗнаме на МакедонијаРајко ЖинзифовРимска култураСписок на главни градови во ЕвропаОксидационо-редукциона реакцијаЛазарова саботаМарко ЦепенковКубаГ’зим ОстрениСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаСолунОпштина ЧашкаТоме АрсовскиСтрептококен фарингитисПретседател на МакедонијаДесница (политика)Изборна единица 8Локални избори во Македонија (2000)Стале ПоповТалат ЏафериВладо БучковскиСтево ПендаровскиВитамин Б6Историја на Македонија (1991 - денес)БиблијаМакедонски парламентарни избори, 1990КловерфилдГзим ОстрениАтентат врз Киро ГлигоровМакедонски парламентарни избори, 1994За наша МакедонијаКавадарциОхридски рамковен договорСтрујно колоГраѓанска опција за МакедонијаНикола ПопоскиПечалбариФилип ПетровскиЃорге ИвановРаковиДискус хернијаБразил🡆 More