Сократoвиот метод или Методот на Сократ — метод на учење прво применуван од страна на атинскиот филозоф Сократ (470 п.н.е.
— 399 година пр. н. е). Тоа е форма на кооперативен аргументиран дијалог помеѓу поединци, заснован на поставување и одговарање на прашања за стимулирање на критичко размислување и извлекување идеи и основни претпоставки.
Сократ одел меѓу луѓето, разговарал со нив, ги терал на размислување, едностојно им поставувал прашања, а на одговорите други прашања. За него основен проблем бил човекот, пред сѐ, неговото однесување во етичката сфера и во политичката.
Во втората половина на V век пр. н. е., се појавиле софистите. Тие биле првите ангажирани и платени наставници по мудрост и реторика, кои се специјализирале за забавување, воодушевување или убедување на публиката да го прифати гледиштето на говорникот. Сократ не ги сакал софистите бидејќи тие ја злоупотребувале мудроста за свои интереси и ја одбивале вистината и правдата. Затоа, Сократ рекламирал алтернативен метод на настава, кој започнал да се нарекува Сократов метод.
Нашето знаење за Сократ потекнува главно од Платон, кој бил еден од неговите ученици, бидејќи Сократ ништо не пишувал.
Сократ бил познат по тоа што не одговарал прашања на директен начин. „Знам дека ништо не знам“, рекол тој. Наведениот став на Сократ (како што е претставен во дијалозите на Платон) е дека другото лице веќе го знаело одговорот на прашањето. Тој (С.) го извлекол само она што веќе му било во умот на другиот. Оттука произлегува неговата позната изрека: „Сознај се себеси!“
Во раните дијалози на Платон, еленхусот (англ. Elenchus; потекло: старогрчко) е техника што ја користел Сократ за да ги испита етичките концепти, како што се правдата или доблеста. Според еден научник, ги има следниве чекори:
Точната природа на техниката е предмет на голема расправа. Особено, без разлика дали станува збор за позитивен метод што води кон знаење или негативен метод што се користи исклучиво за да се побијат лажните тврдења за знаењето.
Според В.К.Ц. Гатри, Сократовиот метод имал за цел да покаже нечие незнаење. Сократ, за разлика од софистите, верувал дека знаењето е возможно, но верувал и дека првиот чекор кон знаењето е признавање на нечие незнаење. Гатри пишува: „Сократ бил навикнат да вика дека тој самиот не знаел ништо и дека единствениот начин на кој тој бил помудар од другите мажи било тоа што тој бил свесен за сопственото незнаење, додека тие не биле. Суштината на Сократовиот метод е да го убеди соговорникот дека иако тој смета дека знае нешто, всушност тој не знае“.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Сократов метод, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.