Секирник: село во Општина Босилово

Секирник — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.

Секирник
Секирник: Географија и местоположба, Историја, Население

Влезот на селото

Секирник во рамките на Македонија
Секирник: Географија и местоположба, Историја, Население
Секирник
Местоположба на Секирник во Македонија
Секирник на карта
Координати 41°26′17″N 22°47′38″E / 41.43806° СГШ; 22.79389° ИГД / 41.43806; 22.79389
Општина Босилово
Население 871 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 27061
Надм. вис. 220 м
Слава Мала Богородица
Секирник на општинската карта
Секирник: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Секирник во рамките на општината

Географија и местоположба

Секирник: Географија и местоположба, Историја, Население 
Православна црква „Успение на Пресвета Богородица“
Секирник: Географија и местоположба, Историја, Население 
Католичка црква „Св. Никола Чудотворец“
Секирник: Географија и местоположба, Историја, Население 
ОУ „Кирил и Методиј“
Секирник: Географија и местоположба, Историја, Население 
Селска чешма
Секирник: Географија и местоположба, Историја, Население 
Дом на пензионери
Секирник: Географија и местоположба, Историја, Население 
Споменик на Русалиите

Секирник се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во источниот дел на Струмичка Котлина и во југоисточниот дел на Општина Босилово. Низ селото поминува патот Струмица-Ново Село, додека десно од селото поминува реката Струмица.

Надморската височина во селото е 220 метри, додека селото зафаќа површина од 8,8 км2. Од нив, 688 хектари се обработливо земјиште

Историја

Ран период

Според преданието, во средниот век, во селото се изработувале секири, па оттука и името Секирник. Село Секирник има старо потекло, се споменува уште во средниот век. Од една повелба од 1328 година, со која се потврдува Хрељовото подарување на земји од Струмичко на Хилендарскиот манастир, се гледа дека до ова време како ситен феудалец (пронијар) во селото Секирник бил Ласкар Котаниц.

Отоманско Царство

Во турско време, според народното предание, ова село било населено со муслиманско население. Се претпоставува дека турските колонисти доведени од пределите на Мала Азија, го истиснале христијанското население, и на нивно место се населиле Турци.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 80 семејства од кои 183 Македонци, 56 муслимани и 13 Роми. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 730 жители Турци. Како чисто турско село населбата е обележана на Етнографската карта од 1912 година, со името Секирник.

Царство Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Голем дел од муслиманското население ги напуштило своите домови. По крајот на војната, кога се дознало за одлуката дека селото и Струмичкиот крај ќе и припаднат на Бугарија, грчките војски пред да се повлечат од овие простори извршиле голем број на насилства. Селото делумно било опожарено. Во овој период во селото се населиле и македонски бегалци од Кукуш, кои биле протерани од Грција. Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Секирник живееле 15 Турци.

Југославија

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион. Во 1932 година била изградена православната црква „Успение на Пресвета Богородица“. По крајот на Втората светска војна, селото било вклучено во рамките на СФРЈ.

Македонија

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово. Во 2007 година била изградена католичката црква „Никола Чудотворец“. Пред тоа цели седум години постоело спор на месното население за обновување на овој храм со образложение дека во селото нема католици. Во текот на 2016 година бил реконструиран Домот на културата во селото.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948715—    
1953797+11.5%
1961966+21.2%
19711.147+18.7%
19811.222+6.5%
ГодинаНас.±%
19911.240+1.5%
19941.198−3.4%
20021.194−0.3%
2021871−27.1%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.

Во 1961 година селото Секирник имало 966 жители. Во 1994 година во селото живееле 1.190 луѓе, сите Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.194 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 871 жител, од кои 801 Македонец, 1 Албанец, 1 останат и 68 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 730 715 797 966 1.147 1.222 1.240 1.198 1.194 871

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1824 и 1824/1 според Државната изборна комисија, сместени во дом на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.070 гласачи.

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.063 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

  • Средби на Русалискиот фолклор

Култура и спорт

  • КУД „Русалии“

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Секирник Географија и местоположбаСекирник ИсторијаСекирник НаселениеСекирник Самоуправа и политикаСекирник Културни и природни знаменитостиСекирник Редовни настаниСекирник Култура и спортСекирник НаводиСекирник Надворешни врскиСекирникОпштина БосиловоСтрумица

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина БеровоАтрибут во македонскиот јазикПертусисХромозомСкопско КалеДелењеСловенијаГрб на МакедонијаФлебитисДемократска партија на Турците на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2016)Броеви во македонскиот јазикДекамеронХрватскаНапонОпштина Ново СелоИлијадаМакедонски хумористични народни приказни (книга)Изет МеџитиЛидија ДимковскаЕлектронска цевкаМакедонска граматикаЕкологијаГаличицаЦар Едип (драма од Софокле)РециклирањеБудизамТаџикистанВрхбоснаНовак ЃоковиќГодинаБаза (хемија)Емре БејСписок на главни градови во светотСредоземно МореДанела АрсовскаПочваПарадоксот на ДиогенРечник на стари македонски зборовиЛимфен јазолАлгиМакедонски јазикШведскаОпштина БитолаДен на востанието на МакедонијаОпштина КратовоПолип на маткатаРадождаНаталитетЕрман ШабанИвона ТалевскаСписок на повикувачки броеви на земјитеБојан (роман)Букурешки договор (1913)Демир ХисарМитологијаСончев Систем20000 милји под моретоПченкаСузан АкбелгеДишен системЕлектрицитетКорупцијаГрад СкопјеВенко ФилипчеАнгкор ВатГоран БреговиќРајко ЖинзифовНадреден знакТриаголникРелигијаПрилепФудбалСтрадањата на младиот ВертерМакедонски парламентарни избори (2014)Владимир Илич ЛенинСлезина🡆 More