Ремко Евенепул: белгиски велосипедист

Ремко Евенепул (холандски: Remco Evenepoel; р.

25 јануари 2000) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Судал Квик-Степ.

Ремко Евенепул
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи
Лични податоци
Цело имеРемко Евенепул
ПрекарАеробулет (Aerobullet)
Роден25 јануари 2000(2000-01-25)(24 г.)
Алст, Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи Белгија
Висина1,71 м
Маса61 кг
Податоци за клубот
Мом. клубСудал Квик-Степ
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2019– Декојнинк-Квик Степ
Значајни победи
Големи трки

Етапни трки

Еднодневни трки и класици

Последна промена
18 ноември 2022

Тој е син на Патрик Евенепул, поранешен велосипедист, кој победил на Гран при Валони 1993. Ремко Евенепул најпрвин започнал со фудбал, играјќи за младинските екипи на Андерлехт и Ајндховен и бил вклучен во младинската репрезентација на Белгија. Сфаќајќи дека неговата градба е повеќе подобна за велосипедизам, во 2017 година се насочил кон овој спорт. Откако ги освоил друмската трка и хронометарот во јуниорските категории на Светското друмско првенство 2018, Евенепул станал професионалец со Декојнинк-Квик Степ, прескокнувајќи го рангот под 23 години.

Евенепул е сметан за еден од најголемите таленти во светскиот велосипедизам и често е споредуван со Еди Меркс, најуспешниот велосипедист на сите времиња.

Евенепул ја освоил Вуелта а Еспања 2022 и Светското друмско првенство две недели подоцна.

Кариера

Јуниорска кариера

Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи 
Победувајќи на светското јуниорско првенство во 2018 година

Син на поранешниот професионален велосипедист Патрик Евенепул, Ремко Евенпул ја започнал својата спортска кариера како фудбалер. На пет години станал член на Андерлехт. Кога имал 11 години се префрлил во младинската академија на ПСВ Ајндховен пред да се врати во Андерлехт на 14 години. Играл четири пати за белгиската репрезентација под 15 години и пет пати за белгиската репрезентација под 16 години. По некои разочарувања и неуспеси се префрлил на велосипедизам во 2017 година. Ги освоил хронометарската и друмската трка на Европското јуниорско друмско првенство во 2018 година. Разликата меѓу него и второпласираниот на друмската трка била 9 минути и 44 секунди.

Истата година ги повторил истите резултати и на Светското јуниорско друмско првенство.

Декојнинк-Квик-Степ

2019

Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи 
Евенепул ја слави победата на Класика де Сан Себастијан 2019

Избирајќи да ги прескокне ранговите до 23 години, Евенепул објавил во јули 2018 година дека ќе се приклучи на Декојнинк-Квик Степ за сезоната 2019. Во првата сезона, Евенепул требало да настапува на пократки етапни трки и ќе ги избегнел калдрмисаните еднодневни класични трки. На неговата прва трка на Вуелта а Сан Хуан, Евенепул го освоил пласманот за млад возач и деветтото место во генералниот пласман. Воедно го освоил својот прв професионален подиум на третата етапа (хронометар), кога завршил зад колегата Жилијан Алафилип и Валерио Конти. Првата професионална победа на Евенепул дошла на Трката околу Белгија, каде го освоил генералниот пласман, како и етапа и бодовниот пласман. На 3 август 2019 година, Евенепул ја забележал својата прва победа во Светската турнеја, кога ја освоил трката Класика де Сан Себастијан. Се одвоил од групата, придружуван од Томс Скујињш на околу 20 километри од целта, откачувајќи го неговиот придружник на последното искачување со што стигнал сам до победата. Станал трет најмлад возач некогаш кој освоил велосипедски класик во историјата на спортот. На 8 август 2019 година, Евенепул го освоил хронометарот на Европското друмско првенство 2019. На Светското друмско првенство во септември, Евенепул можел да настапил во категоријата под 23 години, но одлучил да се настапи во возрасната категорија. Го освоил сребрениот медал на хронометарот. Поголем дел од годината го поминал делејќи соба со Филип Жилбер, кој му имал менторска улога.

2020

Евенепул ја започнал сезоната 2020 на Вуелта а Сан Хуан, каде го освоил поединечниот хронометар на третата етапа и генералниот пласман. Потоа настапил на Волта ао Алгарве. Таму, ја освоил втората и последната етапа, хронометар, со што ја запечатил победата на трката пред Максимилијан Шахман.

По паузата од трките поради пандемијата на коронавирусот, ја освоил Вуелта а Бургос и Трката околу Полска.

Ремко Евенепул доживеал сериозен пад на Џиро ди Ломбардија. Додека се спуштил на Муро ди Сормано и по остра кривина, удрил во низок ѕид на мост од кој бил фрлен преку него, паѓајќи во каллив дел близу дрвја, неколку метри под патот. Немало други велосипедисти вклучени во падот и тој брзо преземен од спасувачките екипи, свесен и можел да одговара. Неколку часови подоцна, неговата екипа потврдил дека има скршена карлица и набиено десно белодробно крило, истакнувајќи дека нема набрзо да се врати на трки.

2021

Евенепул се вратил на трките на Џиро д’Италија 2021, завршувајќи седми на воведниот пролог, по кој изјавил: „Стоев на рампата за тргнување со солзи во моите очи. Беше тежок пат за враќање и почеток на Џиро како овој. Но веднаш место меѓу првите десет, не очекував – многу сум среќен“. Откако бил меѓу првите 15 етапи меѓу првите десет во генералниот пласман, паднал на етапата 17 и не можел да ја продолжи трката.

Настапил на презакажаните Летни олимписки игри 2020 во Токио на обете дисциплини, друмската трка и хронометарот, завршувајќи меѓу првите десет на хронометарот. Во текот на Светското првенство 2021 во Фландрија го освоил неговиот втор медал на светските првенства, освојувајќи ја бронзата на хронометарот. Пред друмската трка било јасно дека Ваут ван Ерт бил предвиден предводник за белгиската репрезентација за да се дојде до домашна победа, а Еди Меркс изјавил за Хет Ниусблад дека „Ако има само еден предводник, навистина не треба да се земе Евенепул [...] Тој главно вози за самиот себе; го видовме тоа на Олимпијадата“. Евенепул реагирал „Тој секогаш има да каже нешто и тоа е срамно [...] Можеби ме боцка дека не возам за екипата на неговиот син. Имам многу почит за Еди, но очигледно тоа не е меѓусебно“. На самата трка изјавил: „Тука сум да работам за Белгија, за Ваут, бидејќи знам дека ова е прилика на неговиот живот да биде светски првак. Тој е во животна форма и ќе биде глупо од мене да возам за себе. На оваа патека, никој не е посилен од Ваут. Веќе изјавив претходно многу пати дека ќе направам сѐ за Ваут“.

Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи 
Евенепул на Трката околу Данска, која ја освоил

На друмската трка, Евенепул очигледно одговорил на критиките на Меркс дека е себичен велосипедист приклучувајќи се на ран напад на преостанати 180 километри, по што следел напад на средина на трката, а потоа создал одлучувачки избор во завршните кругови. Ван Ерт не успеал да ја освои трката, која ја освоил Жилијан Алафилип. По трката, луѓето од светот на велосипедизмот како менаџерот на Евенепул Патрик Лефевр ја пофалил силата на Евенепул и се запрашал дали белгиската репрезентација направила погрешен избор на предводник. Лефевр прашал: „Зашто Белгијците сакале да ја скршат трката толку рано? И над тоа, зашто го фрлиле Ремко во судир толку рано? За мене, Ремко беше најдобар на трката по Жилијан. Но, тие само го жртвувале и го послале црвениот тепих за Жилијан“.

Евенепул одговорил на критиките за тактиката на Белгија откривајќи дека чувствувал дека можел да ја освои трката, но дека „петок вечерта пред првенството имало состанок на сите. Било многу нејасно што точно се очекува од мене. Откако преспав, следниот ден отидов до тренерите Свен Вантуренхаут и Серж Пауелс] и прашав: Што се очекува од мене на трката? „Исто така јасно кажав дека мислам дека можам да ја освојам трката во одредено сценарио. Дали ќе имам шанса или не?' Тоа го прашав. Не беше одговорот“. Ова предизвикало јаз во екипата; Ван Ерт изјавил „Очекував да слушнам критика бидејќи не победивме, но да дојде од некој од екипата не е паметно и служи само за потпалување на оганот. Срамно е и жалам поради тоа. Ремко критикуваше повеќе на телевизија отколку на состанокот на екипата“ и „тој бил тој што се согласил со тактиката, кој се согласил со изборот. Држел лекции со недели како се договорил со тоа и е многу чудно да се сврти 180 степени сега“.

Денови по трката, сонародникот Јаспер Стејвен изјавил дека Евенепул не се појавил на состанокот на екипата: „Сите беа таму, освен Ремко [...] Беше свесен, но мислам дека беше потребно. Мислам дека е срамота, особено бидејќи мислеше дека е потребно да кажува работи на телевизија. Тоа остана со некои од нас. [...] Мислам дека Ремко треба понекогаш да забави со неговата свита. Треба да научи кога може и кога не може да кажува работи. Исто така, како супер силен возач - што несомнено е - треба да научи дека некои работи треба да останат внатрешни“.

2022

Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи 
Евенепул на Светското друмско првенство 2022

На 24 април, на 22 години, Евенепул го освоил својот прв велосипедски монумент на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2022 со соло-напад на 29,6 километри пред целта, завршувајќи 48 секунди пред второпласираниот. Тоа било прво негово учество на овој монумент. Ја завршил трката во должина од 257,1 километар со просечна брзина од 41,397 км/ч, што било најбрзо издание во историја на трката. Ја освоил Класика де Сан Себастијан 2022 започнувајќи соло-напад на 44 километри до целта, завршувајќи скоро две минути пред второпласираниот Павел Сиваков.

Во почетокот на септември, Евенепул ја освоил Вуелта а Еспања 2022, негов прв триумф на некоја голема трка. Евенепул ја освоил црвената маичка по шестата етапа на трката, која завршила со 800 метри искачување. Иако етапата ја освоил Џеј Вајн, Евенепул успеал да заврши втор, со што се оддалечил од другите соперници за генералниот пласман, вклучувајќи го Примож Роглич, фаворитот пред трката. Евенепул го проширил неговото водство во генералниот пласман на 2 минути и 41 секунда по доминантниот настап на поединечниот хронометар на десеттата етапа, завршувајќи ја патеката од 30,9 километри за 33 минути и 18 секунди, 48 секунди пред второпласираниот Роглич. На следните предизвикувачки планински етапи Роглич и Енрик Мас вратиле дел од изгубеното време, намалувајќи го водството на Евенепул во генералниот пласман на само 1 минута и 26 секунди. Меѓутоа, по повлекувањето на Роглич од трката по падот на етапата 16, Евенепул ја освоил етапата 18, уште една завршница на нагорнина, обезбедувајќи предност од 2 минути и 7 секунди пред Мас, што ќе се покаже недостижно во последните две етапи. Пристигнувајќи во Мадрид, предноста на Евенепул била две минути и две секунди пред Мас и 4 минути и 57 секунди пред третопласираниот Хуан Ајусо.

Во септември, Евенепул настапил на поединечниот хронометар и на друмската трка на Светското друмско првенство во Волонгонг, Австралија. Завршил трет на хронометарот, 9 секунди зад победникот Тобијас Фос. Една седмица подоцна ја освоил друмската трка, завршувајќи две минути и 21 секунда пред Французинот Кристоф Лапорт. Приклучувајќи се на бегството на 32 километри до целта, Евенепул успеал да се одвои од Алексеј Луценко по седум километри и возел сам до целта за негова прва победа на Светското првенство во елитно ниво.

Достигнувања

    2017
    1. Ла Филип Жилбер јуниори
    1. Ла Рут де Жеан
    Обел-Тимистер-Ла Глејз
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Бодовен пласман
      1. Етапа 2b
    2018
    Светско јуниорско друмско првенство
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Друмска трка
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Хронометар
    Европско јуниорско друмско првенство
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Друмска трка
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Хронометар
    Национално јуниорско друмско првенство
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Друмска трка
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Хронометар
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Џиро дела Луниџана
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Бодовен пласман
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Планински пласман
      1. Етапа 1а
      1. Етапа 2
      1. Етапа 4
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Мировна трка јуниори
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Бодовен пласман
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Планински пласман
      1. Етапа 2а (ITT)
      1. Етапа 4
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман ГП Женерал Патон
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Бодовен пласман
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Планински пласман
      1. Етапа 1
      1. Етапа 2
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Обел-Тимистер-Ставел
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Бодовен пласман
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Планински пласман
      1. Етапа 3
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Трофеј Сентр Морбијан
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Бодовен пласман
      1. Етапа 1
    1. Курне-Брисел-Курне јуниори
    1. Хроно де насионс јуниори
    1. Класик Гвидо Рејбрук
    2019
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Европско хронометарско првенство
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Трка околу Белгија
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Бодовен пласман
      1. Етапа 2
    1. Класика де Сан Себастијан
    2. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Светско хронометарско првенство
    3. Национално хронометарско првенство
    4. Краен пласман Трка околу Турција
    8. Краен пласман Трка Адријатика Јоника
      1. Етапа 3
    9. Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад возач
    2020
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Волта ао Алгарве
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад возач
      1. Етапа 2
      1. Етапа 5 (ITT)
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Трка околу Полска
      1. Етапа 4
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Вуелта а Бургос
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад возач
      1. Етапа 3
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Вуелта а Сан Хуан
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад возач
      1. Етапа 3 (ITT)
    2021
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Трка околу Данска
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад вочач
      1. Етапа 3
      1. Етапа 5 (ITT)
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Трка околу Белгија
      1. Етапа 2 (ITT)
    1. Бриселски велосипедски класик
    1. Копа Берноки
    1. Дрејвенкурс Оверејсе
    Европски друмски првенства
      2. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Друмска трка
      3. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Хронометар
    Национални друмски првенства
      2. Хронометар
      3. Друмска трка
    3. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Светско хронометарско првенство
    5. Џиро дел’Емилија
    5. Хроно де насионс
    9. Хронометар, Олимписки игри
    2022
    Светски друмски првенства
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Друмска трка
      3. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Хронометар
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Национално хронометарско првенство
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Вуелта а Еспања
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад возач
      1. Етапа 10 (ITT)
      1. Етапа 18
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Трка околу Норвешка
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад вочач
      1. Етапа 1
      1. Етапа 3
      1. Етапа 5
    1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Краен пласман Волта ао Алгарве
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад вочач
      1. Етапа 4 (ITT)
    1. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
    1. Класика де Сан Себастијан
    1. Гулегем Курсе
    1. Етапа 8 (ITT) Тур де Свис
    2. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад вочач
      1. Етапа 1
    4. Краен пласман Трка околу Баскија
      1. Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Пласман за млад вочач
    6. Брабантсе Пејл

Распоред на резултатите на етапните трки

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2019 2020 2021 2022
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Џиро СО
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Тур
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Вуелта 1
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапни трки 2019 2020 2021 2022
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Париз-Ница
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Тирено-Адријатико 11
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Волта а Каталуња НСО
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Трка околу Баскија 4
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Тур де Романди 76
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Критериум ди Дофине
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Тур де Свис НСО 11

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе НСО
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 1
Џиро ди Ломбардија СО 19
Класик 2019 2020 2021 2022
Страде Бјанке
Дварс дор Вландерен НСО
Е3 Саксо Банк Класик
Гент-Вевелгем
Брабантсе Пејл 6
Амстел Голд Рејс НСО
Флеш Валон 43
Класика де Сан Себастијан 1 НСО 1
Бриселски велосипедски класик 1
Копа Берноки НСО 1

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Распоред на резултатите на првенствата

Настан 2019 2020 2021 2022
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Олимписки игри Хронометар НСО 9 НСО
Друмска трка 49
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Светски првенства Хронометар 2 3 3
Друмска трка СО 62 1
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Европски првенства Хронометар 1 3
Друмска трка 2
Ремко Евенепул: Кариера, Достигнувања, Наводи  Национални првенства Хронометар 3 2 1
Друмска трка 84 3 37

Рекорди

  • Победник на монумент, победник на голема трка и светски првак за 1 година: 2022 (рекорд поделен со Алфредо Бинда, Еди Меркс и Бернар Ино)
  • Победник на Светско јуниорско друмско првенство и Светско друмско првенство: 2018 и 2022 (рекорд поделен со Грег Лемонд)

Награди

  • Кристален велосипед - најдобар млад возач: 2018
  • Белгиски ветувачки талент на годината 2018
  • Белгиски спортист на годината: 2019
  • Кристален велосипед - најдобар професионален велосипедист: 2019, 2022
  • Фландриец на годината: 2022
  • Белгиска национална спортска награда: 2022

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Ремко Евенепул КариераРемко Евенепул ДостигнувањаРемко Евенепул НаводиРемко Евенепул Надворешни врскиРемко Евенепул200025 јануариБелгијаДрумски велосипедистСветска турнеја на UCIХоландски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на држави во светотРелигијаСонцеНегушко востаниеАкутен бронхитисМузеј на македонската борбаТимпанЗабДен на шегатаРевматоиден артритисЧичко ГориоСашка ДимитровскаТапаниЗанаетСписок на змии во МакедонијаСписок на реки во МакедонијаСимеон Мони ДамевскиХоландијаВиницаСелим IIАвтоматикаДишен системПрекршување (физика)2BonaШинелГоран ПандевПустинаЗборник на МиладиновциЦрн дробХрватскаТелефонОдисејаАрхангел (музичка група)Рак на желудникБрадикардијаРусијаПластикаПетар Илич ЧајковскиПридавки во македонскиот јазикАпостол Поце ИкономовВоен конфликт во Македонија, 2001ЗмијаКалендар на Велигденски датумиСписок на езера во МакедонијаДанскаЛавци (Битолско)Сан МариноСончев СистемЈагликиМакедонски месециДелењеРимска култураУкраинаСтрептококен фарингитисСтара скопска чаршијаСтрадањата на младиот ВертерНалеј, налејИндустријаАтомЦар СамоилСловенска писменостВаско ЃурчиновскиСеверна АмерикаГостиварМекотелиТромбоцитопенијаПиколоАнтон ПановГорјан ПетревскиИнтервал (музика)КучковоДемографија на МакедонијаГрадови во МакедонијаОнлајн покерЛавКокошкаПчеларство🡆 More