Ратево: село во Општина Берово

Ратево — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.

Ратево
Ратево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на Ратево

Ратево во рамките на Македонија
Ратево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Ратево
Местоположба на Ратево во Македонија
Ратево на карта
Координати 41°40′59″N 22°51′00″E / 41.68306° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.68306; 22.85000
Регион Ратево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Источен
Општина Ратево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Берово
Област Малешевија
Население 630 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2330
Повик. бр. 033
Шифра на КО 01010
Надм. вис. 860 м
Слава Павловден
Ратево на општинската карта
Ратево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Ратево во рамките на општината
Ратево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Ратево на Ризницата

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, во горното сливно подрачје на реката Брегалница, недалеку од Беровското Езеро (нарекувано и Ратевско Езеро). Селото е ридско, на надморска височина од 860 метри. Од градот Берово е оддалечено 7 километри.

Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 39,7 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 1.843 хектари, на шумите отпаѓаат 1.205 хектари, а на пасиштата 836 хектари.

Историја

Во XIX век, Ратево било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 20 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.259—    
19531.267+0.6%
19611.229−3.0%
19711.145−6.8%
19811.060−7.4%
ГодинаНас.±%
1991934−11.9%
1994910−2.6%
2002844−7.3%
2021630−25.4%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ратево имало 630 жители. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ратево имало 640 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.

Селото е големо, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото имало 1.229 жители, од кои 1.176 биле Македонци, a 53 жители биле Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 910 жители, од кои 905 Македонци и 5 Роми. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 844 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 630 жители, од кои 612 Македонци и 18 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 630 630 1.259 1.267 1.229 1.145 1.060 934 910 844 630

Општествени установи

Ратево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Ратево, во која единствено село било Ратево.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Беровска градска општина, во која покрај селото Ратево се наоѓале градот Берово и селата Двориште и Смојмирово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0013 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 664 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Ратево: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Петар и Павле“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Бисти
  • Биста на Ефтим Папалиски
  • Биста на Ефтим Крстовски
    Реки

Редовни настани

  • Ратевски бамбурци (20 јануари) — жителите се маскираат со маски направени од животински кожи; карневалот има вековна традиција која се одржала до денес, со идеја маските и звукот од прапорците да ги избркаат лошите духови.
  • Павловден (13 јули) — главна селска слава
  • Илинден (2 август) — црковно-народен собир
  • Голема Богородица (28 август) — црковно-народен собир

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Ратево Географија и местоположбаРатево ИсторијаРатево СтопанствоРатево НаселениеРатево Општествени установиРатево Самоуправа и политикаРатево Културни и природни знаменитостиРатево Редовни настаниРатево ГалеријаРатево НаводиРатево Надворешни врскиРатевоБеровоМалешевијаОпштина Берово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Антибиотик со широк спектар на дејствоПитом пелинПопис на населението во Македонија (2021)Никола ГруевскиУкраинаГлавна страницаВооружена престрелка во Куманово (2015)ПолскаНезависен политичарЉубиша ГеоргиевскиФранческо ПетраркаМакедонски парламентарни избори (2006)Чернобилска несреќаРевизор (комедија)Охридски рамковен договорБорис ПисториусЗоран ЗаевСтрептококен фарингитисМакедонски парламентарни избори, 2006Овчи сипанициГрузијаСтале ПоповМаркетингСоцијалдемократијаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаСојуз на Ромите од МакедонијаЛасерАкутен панкреатитСтево ПендаровскиХепатитПавле ТрајановМеѓународен ден на трудотВелики петокУнгаријаДаунов синдромСердаротСолунГраѓанска опција за МакедонијаМакедонски претседателски избори (2004)Јосип Броз-ТитоТимчо МуцунскиРак на грло на маткаБраќа МиладиновциТапанСузан АкбелгеЈудаизамЈордан Хаџи Константинов-ЏинотКрушевска РепубликаМакедонски парламентарни избори, 1994Прекршување (физика)Црна ГораИстанбулТуберкулозаr9bf6ДијалектМакедонски денарЏо БајденСашо ОрдановскиВелигденски јајцаЃомлезеДафина СтојаноскаАмди БајрамСкопјеЖичени инструментиБистрица (Велешко)Елизабета ЃоргиевскаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаХристијан МицкоскиГрегоријански календарТодор СкаловскиХристо ТатарчевРусијаМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаСредоземно МореПсоријазаСашо МијалковЖивотниГлаголицаВоен конфликт во Македонија (2001)🡆 More