Прстеноопашест Лемур

Прстеноопашест лемур или ката (науч. Lemur catta) — најпознат вид од семејството на лемурите (Lemuridae) и единствен член на родот лемур (Lemur).

Му припаѓа на подредот влажноносни (Strepsirrhini) од редот на приматите. На малгашки, животното се нарекува маќ или маки (maky).

Прстеноопашест лемур
Прстеноопашест Лемур
CITES, Додаток I (CITES)
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Подред: Влажноносни примати
Семејство: Лемури
Род: Лемур
Линеј, 1758
Вид: Прстеноопашест лемур
Научен назив
Lemur catta
Линеј, 1758
Прстеноопашест Лемур
Распространетост на прстеноопашестиот лемур во Мадагаскар

Примероци од ова животно можат да се видат во Скопската и Битолската зоолошка градина.

Распространетост

Овој лемур се среќава на југот и југозападот на Мадагаскар, во суви и отворени предели, како и во шумите. Застапени се од Толанаро на запад и на север до Монрадова на западното кражбрејже. Помала група живее и на масивот Андрингитра на југоисточната висорамнина.

Изглед

Прстеноопашестиот лемур е витко животно, со големина колку мачка. Телото им е долго 38-45 см, а црно-белата опашка е прстенесто обоена и долга 55-62 см . Како правило, горниот дел од опашката го држат во свиена положба. Крзното на грбот им е сиво, понекогаш розикаво-кафеаво, рацете и нозете им се сиви, а главата и вратот се темносиви. Стомакот и внатрешната страна на шепите им се бели, муцката им е исто така бела. Околу очите имаат триаголни дамки околу очите, а носот им е црн. На опашката се забележуваат 13 црни и бели пруги налик на прстени. Долгата опашка им служи за сигнализирање, за размафтување и ширење на миризба, како и за одржување рамнотежа кога се јазат или скокаат. Достигнуваат тежина од 3,5 кг, при што само опашката може да тежи преку 1,5 кг.

Поведение

Од сите лемури, прстеноопашестиот проведува највеќе време на земја, што претставува прилагодување на делумно супната околина. Активни се ноќе и имаат мошне друштвен начин на живот. Се среќаваат во групи од 20 до 30 единки, во кои владее строга хиерархија, и каде предводат женки-старешини. Тие имаат предност во изборот на храна и мажјаци. Женките обично остануваат во своите родни групи, додека пак мажјаците постојано одат во нови групи. Семејната група зазема територија од 6 до 33 хектари. Мажјаците имаат заострени краеви на прстите, со кои гребат по кората на младите дрва; на шепите имаат жлезди што испуштаат остра миризба, која се пренесува на кората, така одбележувајќи ја територијалната граница. Лемурите секој ден прават обиколки по својата територја во потрага по грана и покажуваат агресија кога ќе сретнат единки од други групи.

Поради потребата од топлина, прстеноопашестиот лемур седнуваат на сончевина за да се загрејат, ширејќи ги рацете и нозете.

Исхрана

Прстеноопашестиот лемур се храни претежно со плодови, помимо этого в их меню входят листови, цветови, травести растенија, кактуси, а повремено и со инсекти.

Размножување

Женките раѓаат по едно младо, или поретко по две, меѓу август и октомври, на почетокот на влажната сезона. Се размножуваат секоја година, а бременоста трае околу 222 дена. Кога ќе се роди, младото тежи од 80 до 120 грама. Новороденчињата се фаќаат за крзното на мајката и така висат на неа, но по некое врме се префрлаат на грбот. На возраст од 1–2 месеца младото почнува да се симнува од мајката и самостојно да шета, враќајќи се на неа за спиење и цицање. На возраст од 5–6 месеци младите веќе се остамостојуваат и се одвикнуваат од млеко. Потоа животниот век им трае 34 до 37 години.

Закани

Во споредба со другите лемури, прстеноопашестиот лемур е прилично чест. Меѓународниот сојуз за заштита на природата сепак го смета за загрозен вид поради опаѓањето на неговата бројност. Постојното население на овие лемури се проценува на 10.000—100.000 единки. Главни закани по видот е уништувањето на живеалиштата и ловот, кој се одвива делумно и од стопански причини.

Галерија

Наводи

Литература

  • Ronald M. Nowak: Walker’s Mammals of the World. Johns Hopkins University Press, 1999. — ISBN 0-8018-5789-9
  • Alison Jolly: Ringtailed lemur biology — lemur catta in madagascar. Springer-Verlag 2006. — ISBN 0-387-32669-3

Надворешни врски

Tags:

Прстеноопашест Лемур РаспространетостПрстеноопашест Лемур ИзгледПрстеноопашест Лемур ПоведениеПрстеноопашест Лемур ИсхранаПрстеноопашест Лемур РазмножувањеПрстеноопашест Лемур ЗаканиПрстеноопашест Лемур ГалеријаПрстеноопашест Лемур НаводиПрстеноопашест Лемур ЛитератураПрстеноопашест Лемур Надворешни врскиПрстеноопашест ЛемурБиномна номенклатураВлажноносни приматиМалгашки јазикПримати

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоДојранско ЕзероПустина (роман)ИнтеграДемократска партија на АлбанцитеНадбубрежна жлездаКристофер КолумбоОпштина ГостиварМинато определено свршено време во македонскиот јазикЛиберална партија (Македонија)Тигрица (птица)Ајфелова кулаВтора влада на Зоран ЗаевУрологијаСписок на тегоби и болки на стапалатаСтрептококен фарингитисКанадаКарлес ПуџдемонСамка ИбраимовскиИлче СтојановскиКрпен животСашко КедевБраќа МиладиновциГеографија на ГрцијаТапанМакедонска револуционерна организацијаСредоземно МореЃомлезеРистиќева палатаДаут ХарадинајЛешокБета-таласемијаОсновен приходПридавкаРамиз МеркоВолфганг Амадеус МоцартГликемијаТалат ЏафериПавле АрсоскиДоста ДимовскаЛиберална партија на МакедонијаО писменехБистрица (Велешко)Миле ЗечевиќМовНебо од ванила (филм)Народна Република КинаМакедонски парламентарни избори, 2002Општина БитолаПсоријазаСипанициИзборна единица 8Национален парк ПелистерХронична опструктивна белодробна болестФосилМачкаЛазарова саботаОпштина СтуденичаниСреден клеточен волуменЕдинствена МакедонијаПајак (пејач)ФранцијаЛибанГордана Силјановска-ДавковаЗа наша МакедонијаМиом на маткаСписок на држави во светотЕвропска УнијаХазби ЛикаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиСоветски СојузОкситоцинСоединети Американски ДржавиВасил ИљоскиМинистер за здравство на МакедонијаБолести и аномалии на очитеСлепо црево🡆 More