Мачка: домашно животно

Обична мачка (латински: Felis silvestris catus или латински: Felis catus) — најраспространетиот вид од семејството мачки (Felidae): како дива или домашна (Felis ocreata domestica) ја има насекаде.

Мачка
Мачка: Мачката како тема во уметноста и во популарната култура, Наводи
Научна класификација
Царство: Животни (Animalia)
Колено: `Рбетници (Vertebrata)
Класа: Цицачи (Mammalia)
Ред: Месојадци (Carnivora)
Подред: Мачковидни (Feliformia)
Семејство: Мачки (Felidae)
Потсемејство: Felinae
Род: Felis
Вид: Felis silvestris
Подвид: Мачка домашна
Научен назив
Felis silvestris catus
(Linnaeus, 1758)

Иако е припитомена, мачката не го загубила својот инстинкт на ловец и кога лови на жртвата ѝ се приближува со бесшумно прикрадување. И таа, како другите мачки, преде кога е задоволна. Иако ловат сами, мачките се социјални суштества и користат разни вокализации, феромон и видови говор на тело за комуникација, како мјаукање, предење, `ржење и сл.

Анатомијата на мачката е слична со онаа на другите животни од родот Мачки, со силно, еластично тело, брзи рефлекси, остри канџи и заби прилагодени за убивање ситен плен. Како ноќни грабливци, мачките го користат нивниот остар слух и вештината да гледаат во темно за да го најдат својот плен. Не само што слушаат звуци што се преслаби за да ги регистрира човечкото уво, туку тие исто така слушаат и звуци со повисока честота. Мачките исто така имаат и многу подобро сетило за мирис од тоа на луѓето.

Мачка: Мачката како тема во уметноста и во популарната култура, Наводи
Египетска скулптура во Лувр

Со луѓето е од многу одамна. Во стариот Египет, мачката била дури свето животно. Бастет, на пример, била мачколика божица на музиката, на танцот и на мајчинството. За разлика од кучето, мачката е многу понезависна и приврзана им е само на оние што знаат да ја пленат. Се претпоставува дека домашната мачка потекнува од дивата мачка од Стариот Свет (Европа, Азија, Африка) која е малку поголема и има подолга опашка.

Весникот The New York Times во 2007 напишал дека иако до неодамна за мачката се верувало дека била припитомена во стариот Египет каде била култно животно", една понова студија, од истата година, открива дека сите домашни мачки веројатно водат потекло од африканската дива мачка (Felis silvestris lybica), припитомени некаде околу 8000 п.н.е., на Блискиот Исток. Најстариот директен доказ за припитомената мачка е маче закопано до човек, уште пред 9.500 години на Кипар.

Мачката како тема во уметноста и во популарната култура

Мачка: Мачката како тема во уметноста и во популарната култура, Наводи 
Домашна мачка

Мачката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Мачката како тема во книжевноста

Мачка: Мачката како тема во уметноста и во популарната култура, Наводи 
Домашна мачка
  • „Приказна за мачката“ – приказна на африканското племе Свахили.
  • „Кокошката и мачорот“ – приказна на африканското племе Басумбва.
  • „Куцото петле и мачорот“ - македонска народна приказна.
  • „Круг“ — кус расказ на македонскиот писател Андреј Ал-Асади.
  • „Ах, тоа маче“ - расказ за деца на македонскиот писател Генади Болиновски.
  • „Мачката и кралот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.
  • „Мачорот и птиците“ - басна на Емброуз Бирс.
  • „Жена и мачка“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.
  • „Мачор на покривот“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.
  • „Црн мачор“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.
  • „Лисицата и мачката“ – сказна на браќата Грим.
  • „Јунаштво според јадењето“ — басна на Ристо Давчевски.
  • „Пријателство“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.
  • „Мачиња — забавачиња“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.
  • „Папагалот и мачката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.
  • „Четирите мачки“ (српски: Четири мачке) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Ќе има игранка“ (српски: Биће игранка) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Концерт“ - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Кукањето на мачката“ (српски: Мачково јадање) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Куќата на сивиот мачор“ - збирка раскази на бразилскиот писател Рибејро Коуто од 1922 година.
  • „Волкот и мачорот“ — басна на Иван Андреевич Крилов.
  • „Чуден мачор“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.
  • „Ева е во својот мачор“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес.
  • „Мачка во магла“ - книга на македонскиот писател Владимир Мартиновски.
  • „Големата авантура на Фигаро“ — расказ за деца на македонската писателка Оливера Николова.
  • „Мачето на Господ Бог“ - расказ на руската писателка Људмила Петрушевска.
  • „Петтоглава вечерна сказна за куклениот цар со тиква празна врз празните сандаци од мармалад, за црното маче Мау-Мау и за беззабиот пес од плоштад“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.
  • „Мачор-астроном“ — песна на македонскиот поет Живко Ризовски од 1995 година.
  • „Црна мачка“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.
  • „Cat's Avanger“ - расказ на романскиот писател Алекс Точилеску.
  • „Мачка со исклучителна убавина“ - расказ на руската писателка Људмила Улицка.
  • „Мачка на дождот“ - расказ на американскиот писател Ернест Хемингвеј.
  • „Мачор“ - песна во проза на полскиот поет Збигњев Херберт.
  • „Мачорот Мур“ - роман на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.
  • „Безимената мачка“ - расказ на рускиот писател Варлам Шаламов.
  • „Мачка во празен стан“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.

Мачката како тема во филмот

Мачката како тема во музиката

Мачка: Мачката како тема во уметноста и во популарната култура, Наводи 
Домашна мачка
  • „Луѓе-мачки“ (англиски: Cat people) - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1983 година.
  • „Мачки во чинија“ (англиски: Cats In A Bowl) - песна на американската рок-група Dinosaur од 1985 година.
  • „Храна за мачки“ (англиски: Cat Food) — песна на британската рок-група King Crimson од 1970 година.
  • „Љубовни мачки“ (англиски: Lovecats) - песна на британската рок-група Кјур (The Cure).
  • „Кога мачката е замината“ (англиски: When the Cat's Away) - песна на швајцарската панк-рок група Клинекс/ЛиЛиПУТ (Kleenex/LiLiPUT).
  • „Мачки и кучиња“ (англиски: Cats and Dogs) - албум на австралиската поп-рок група Mental As Anything од 1981 година.
  • „Блуз за мачките-скитници“ (англиски: Stray Cat Blues) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.
  • „Дивите мачки од Килкени“ (англиски: Wild Cats of Kilkenny) - песна на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1985 година.
  • „Мачката е во ормарот“ (англиски: Cat's in the Cupboard) - песна на британскиот рок-музичар Пит Таунсенд (Pete Townsend) од 1980 година.
  • „Мачка“ - песна на југословенската рок-група Фит од 1988 година.
  • „Како да одериш мачка“ (англиски: How To Skin A Cat) - песна на американската рок-група Хускер Ду (Hüsker Dü) од 1985 година.
  • „Мачор“ (англиски: Puss) - песна на американската рок-група The Jesus Lizard од 1992 година.
  • „Myau“ - песна на македонската рок-група The John од 2012 година.

Наводи

Tags:

Мачка та како тема во уметноста и во популарната култураМачка НаводиМачкаЛатински јазикМачки

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПсоријазаРисИндијаВтора влада на Зоран ЗаевЦрни и жолтиБолести и аномалии на очитеСписок на змии во МакедонијаЕкосистемМасакр кај ВејцеФјодор Михајлович ДостоевскиДвижење БесаЗоран ЗаевИшијасКрпен животДаниел ДефоОксидационо-редукциона реакцијаФранческо ПетраркаАмерикаРибиАли АхметиЈордан КамчевИзраелФК ИнтерЕфто ПупиновскиНационален парк ПелистерДемир ХисарАртан ГрубиПиту ГулиМакедонски претседателски избори (1994)ВртоглавицаЈужна ЕвропаМали сипанициСрцева слабостКипарМакедонија (регион)Стојан АндовРомул и РемБорјан ЈовановскиМакедонска граматикаСвети Климент ОхридскиЦрн ДримКоцкаКанцониеротКлиматските промени и сиромаштијатаОливера НиколоваЗНАМПаркинсонова болестВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)КавадарциМртво МореБојан ЈовановскиПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаСвети Кирил и МетодијГолеми и мали (роман)ТешкотоОбласти во КазахстанЅвезда од КутлешМедАвтобиографија (Григор Прличев)Население24 априлАнална фисураКошаркаЃорѓија СајкоскиСписок на македонски народни поговоркиЃорге ИвановГрцијаЈане СанданскиАсирски календарБактерииДијагоналаКристијано РоналдоМобингДекарДудукИсламски календарМасакр во СребреницаБитолаКалеш Анѓа🡆 More