Подвис — село во областа Копачка, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Охрид.
До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Подвис | |
Поглед на старото село Подвис | |
Подвис на карта | |
Координати 41°28′0″N 20°54′0″E / 41.46667° СГШ; 20.90000° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 55 жит. (поп. 2021)
|
Пошт. бр. | 6261 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12055 |
Надм. вис. | 840 м |
Подвис на општинската карта Атарот на Подвис во рамките на општината | |
Подвис на Ризницата |
Селото е значајно за македонската историја и култура бидејќи во ова село во селското училиште во 1943 година за првпат се одржала настава на современ македонски јазик.
Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, во горното сливно подрачје на реката Треска, недалеку од левата страна на регионалниот пат Кичево-Охрид. Селото е ридско, на надморска височина од 840 метри. Од градот Кичево е оддалечено 10 километри.
Селото е сместено десно од реката Треска, на западната падина на масивот Планиница (1.053 метри). Околни села се: Видрани, Пополжани, Другово и Лавчани.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Градиште, Викало, Планиница, Пилотец, Варница, Стара Куќина, Лозиште, Маало, Лајкина Куќа, Селиште, Плевење, Долна Вода, Ќерамидница и Горни Куќи.
Селото има збиен тип. Постојат две маала, Горно и Долно маало.
Денес, Горното маало, или старото село Подвис, е целосно напуштено и во него се наоѓаат останати стари руини на куќи и главната селска црква, како и старото селско училиште, по кое селото е познато.
Северно од селото се издига тврдината Градиште. Тврдината претставувала една од најважните утврдувања во Кичевската Котлина. Служела за заштита на патиштата Кичево-Охрид и Кичево-Дебар. Денес, може да се најдат остатоци од ѕидини и понекогаш уште се наоѓаат монети.
Источно од селото се наоѓа месноста Селиште. По зборување на мештаните, таму некогаш имало село. Исто така, се верува дека се живееле и на месностите Стара Куќа, Маало, Лајкина Куќа и Горна Куќа.
Денешното село потекнува од крајот на XVIII век. Тогаш во него се населиле доселеници од Закамен. Од основачите на селото потекнува големиот македонски род Каракашовци.
Во XIX век, Подвис било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
За време на Втората светска војна, на 23 септември 1943 година во селското училиште во Подвис за првпат се одржала настава на македонски јазик на слободната територија, а за прв учител бил наименуван Василко Лазарески од Подвис.
Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 629 хектари, на пасиштата отпаѓаат 121 хектар, а на обработливото земјиште само 78 хектари.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците од 1873 година, селото имало 19 домаќинства со 78 жители христијани (Македонци).
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подвис имало 304 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Подвис имало 280 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Подвис се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Подвис:
Домаќинства | Гурбетчии | Писмени | Неписмени | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
мажи | жени | вкупно | мажи | жени | вкупно | ||
37 | 20 | 39 | 13 | 52 | 59 | 84 | 143 |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Подвис е мало село, населено со македонско население. Во 1961 година броело 188, а во 1994 година 99 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Подвис живееле 72 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 53 Македонци и 2 лица без податоци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 304 | 280 | 217 | 198 | 188 | 142 | 90 | 91 | 99 | 72 | 55 |
Подвис е населено со православни Македонци. Сите родови во Подвис се доселенички. Првиот род во селото дошол крајот на ХVIII век од Закамен, а потоа дошле и други родови.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Каракашовци (21 к.) и Бојовци (17 к.).
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Другово, во која покрај селото Подвис, се наоѓале и селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Другово, Јаворец, Лавчани, Манастирско Доленци, Пополжани и Србјани. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Подвис, во која влегувале селата Горно Добреноец, Долно Добреноец, Лавчани и Подвис.
Во селото постои избирачкото место бр. 0775 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 60 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 60 гласачи.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи.
Од Подвис се иселени 12 домаќинства. Иселениците живеат во соседното село Другово (2 к.), во Кичево (2 к.), во Битола (2 к.) и во Софија (6 к.).
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Подвис (Кичевско), which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.