Педро Пичардо

Педро Пабло Пичрдо Пералта (роден на 30 јуни 1993 г.) — кубански атлетичар кој се натпреварува во дисциплината трискок.

Тој бил светски јуниорски шампион во својата дисциплина во 2012, а на Светското првенство 2013 го освоил сребрениот медал. Тој исто така бил „сребрен“ на Светското првенство 2015.

Педро Пабло Пичардо
Педро Пичардо
Пичардо на митингот во Доха во 2015
Лични податоци
Роден(а)30 јуни 1993(1993-06-30)(30 г.)
Сантјаго де Куба, Куба
Висина&100000000000001850000001,85 м
Тежина71 kg (157 lb)
Спорт
ЗемјаПедро Пичардо Куба
СпортАтлетика
ДисциплиниТрискок
Успеси и титули
Лични рекорди
  • трискок: 18.08 м (2015)

Неговиот скок од 17.76 метри бил најдобар скок во 2014 година. Во 2015 тој прескокнал 18.08 метри со што остварил трети најдобар резултат на сите времиња и најдобар резултат по 1996 година.

Животопис

Првиот медал во кариерата на меѓународни првенства, Пичардо го освоил на јуниорското првенство на Средна Америка во 2012, каде со прескокнати 16.40 метри успеал да го освои златниот медал. Две недели подоцна, на светското јуниорско првенство во Барселона, кубанецот станал светски јуниорски шампион откако успеал да прескокне 16.79 метри.

Во февруари 2013, Пичардо за првпат ја прескокнал границата од 17 метри, прескокнувајќи 17.16 метри во Хавана. На почетокот на јуни, повторно во Хавана, тој го поставил најдобриот светски резултат дотогаш во годината откако успеал да прескокне 17.69 метри. На Светското првенство 2013 во Москва, Пичардо прескокнал 17.68 метри кои биле доволни за сребрениот медал зад Теди Тамго кој го подобрил најдобриот резултат во годината на 18.04 метри.

Во 2014, тој го освоил бронзениот медал на Светското првенство во сала во Сопот, прескокнувајќи 17.24 метри во шестиот обид. Истата година тој го поставил најдобриот резултат во годината откако во Хавана прескокнал 17.76 метри.

На 8 мај 2015, во Хавана, Пичардо поставил нов кубански рекорд во трискок, прескокнувајќи 17.94 метри, со што го соборил 18. годишниот рекорд на Јоелби Кесада од 17.85 метри.. Една недела подоцна, на митингот од дијамандската лига во Доха, кубанецот за првпат во својата каериера ја прескокнал границата од 18 метри, прескокнувајќи 18.06 метри, со што повторно поставил нов кубански рекорд. Американецот Кристијан Тејлор завршил веднаш зад Пичардо со скокот од 18.04 метри, со што за првпат во историјата на дисциплината биле прескокнати два скока преку 18 метри на еден митинг.

На 28 мај 2015 во Хавана, Пичардо третпат во годината го подобрил кубанскиот рекорд во трискок прескокнувајќи 18.08 метри, резултат кој претставува трето најдобро остварување на сите времиња.

Достигнувања

Год Првенство Место Позиција Дисциплина Резултат
2012 Светско јуниорско првенство Педро Пичардо  Барселона Прво Трискок 16.79 м
2013 Светско првенство Педро Пичардо  Москва Второ Трискок 17.68 м
2014 Светско првенство во сала Педро Пичардо  Сопот Трето Трискок 17.24 м
2015 Панамерикански игри Педро Пичардо  Торонто Прво Трискок 17.54 м
Светско првенство Педро Пичардо  Пекинг Второ Трискок 17.73 м

Лични рекорди

Дисциплина Резултат Место Датум
Трискок На отворено 18.08 м Педро Пичардо  Хавана, Куба 28 мај 2015
Во сала 17.32 м Педро Пичардо  Прага, Чешка 25 февруари 2014

Наводи

Надворешни врски

Спортски позиции
Претходник
Педро Пичардо  Алексеј Федоров
Светски јуниорски шампион во трискок
15 јули 2012 – 27 јули 2014
Наследник
Педро Пичардо  Лазаро Мартинес

Tags:

Педро Пичардо ЖивотописПедро Пичардо ДостигнувањаПедро Пичардо Лични рекордиПедро Пичардо НаводиПедро Пичардо Надворешни врскиПедро ПичардоКубаСветско првенство во атлетика 2013Трискок

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Масовен глад во Русија (1921-1922)21 ЛутецијаЈужна КорејаХемоглобинМарлен ДитрихИсламЕндоскопКрушевоВакцина против тетанусМадејраСтара скопска чаршијаДраган МијалковскиДемократска партија на Турците на МакедонијаМногубоштвоМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаМакедонска кујнаБосна и ХерцеговинаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаМакедонска азбукаМухамедЕлектрична струјаФилмКалендарБарселонаАнгкор ВатМонголијаТопографска картаИзборна единица 2Системски лупус еритематозусМакедонски народни носииВоен конфликт во Македонија (2001)Светски ден на свесноста за аутизмотДоминикаИсторија на САДНАТООпштина КарпошОдбојкаБеровоЦицачиСтудена војнаБегалкаУнгарија во Втората светска војнаХемороидБраќа Миладиновци20 векМоравска мисијаКени ЏиЕлектрицитетАлшарСистем за варењеПрва светска војнаСДСМГрцијаСтрани на светотЖивко МукаетовВојните во ЈугославијаУдовоЈапонијаФотосинтезаЗемјотресПол ДиракХромозомМКБ-10Алиса во земјата на чудатаПравоаголникВардарЗбогум Румелија (ТВ-серија)КлеопатраКристофер КолумбоБалканска приказна (ТВ-серија)ЗаушкиКир Велики28 мартПланетаМарихуанаБогородичната црква во Париз🡆 More