Отишани: село во Општина Дебар

Отишани — село во Општина Дебар, во областа Голо Брдо, во околината на градот Дебар.

Отишани
Отишани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Воздушен поглед на селото Отишани

Отишани во рамките на Македонија
Отишани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Отишани
Местоположба на Отишани во Македонија
Отишани на карта
Координати 41°30′17″N 20°28′49″E / 41.50472° СГШ; 20.48028° ИГД / 41.50472; 20.48028
Регион Отишани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Отишани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Дебар
Област Голо Брдо
Население 331 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1250
Повик. бр. 046
Шифра на КО 08030
Надм. вис. 740 м
Отишани на општинската карта
Отишани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Отишани во рамките на општината
Отишани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Отишани на Ризницата

Селото е едно од двете села од областа Голо Брдо (заедно со селото Џепиште), кои се наоѓаат на денешна Македонија. Главно е населено од Македонци, но дел од Македонците-муслимани се изјасниле како Турци поради политичко-религиски причини.

Географија и местоположба

Отишани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на Долно Маало

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Дебар, чиј атар нашироко се допира со државната гранична линија со Албанија. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 740 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 12 километри.

Отишани е составено од две главни маала, кои се сместени на врвот на една широка долина на еден мал и краток поток. Маалата се наречени Горно Маало или Варсовци и Долно Маало или Присој. Во долината на Мирешица се наоѓа местото Јогленик, каде имало чифлиг (во 1937 г. имало само една празна куќа), а кај устието на потокот се наоѓал поранешниот чифлиг Миреш.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Старо Гумно, Врабич, Висока Кула, Рецисте, Стара Нива, Мартиница, Булки, Гура, Рамни и Краста.

Низ самото село поминува регионалниот пат 1201.

Во селото се наоѓале изворите Гуштица и Стари Студенец, но селото оскудевало со вода и во минатото купувало вода од салото Мало Острени во Албанија на потокот Мирешица.

Куќите во маалата во селото се збиени, освен тие на христијанските родови кои во минатото биле малку издвоени.

Историја

Подрачјето на Отишани е населено уште од средниот век, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.

Постои предание дека Отишани било православно село и дека моменталните муслимански родови во него водат потекло од исламизираните христијани. Најдобар доказ за ова се огромните православни гробишта, кои се наоѓале под куќите на Јакимовци.

Се говори дека додека селото било православно, во него имало три цркви (денес црквишта во шумите над селото): Св. Никола над селото, Св. Петка со гробишта на Стара Нива и Мала Богородица над Долно Маало. Додека имало православни жители се правел мал панаѓур за Богородица, а голем панаѓур за Свети Никола.

Во селото се појавила чума, па така во православните гробишта има многумина закопани кои умреле од чума, додека нема такви гробови во исламските гробишта, што значи дека исламизацијата се случила кон крајот на XIX век.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 8,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 636 хектари, на пасиштата отпаѓаат 87 хектари, а на обработливото земјиште 82 хектари.

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-шумарска функција. Во селото работат услужни објекти.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948281—    
1953295+5.0%
1961328+11.2%
1971355+8.2%
1981447+25.9%
ГодинаНас.±%
1991566+26.6%
1994544−3.9%
2002530−2.6%
2021331−37.5%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 27 домаќинства со 36 жители муслимани (Македонци) и 54 христијани (Македонци).

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Отишани имало 265 жители, сите Македонци, од кои 240 муслимани и 25 православни. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Отишани имало 24 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Отишани е средно по големина село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 328 жители, од кои 253 биле Турци, 67 Албанци и пет жители Македонци. Во 1994 година бројот се зголемил на 544 жители, од кои 284 биле Македонци, 220 Турци и 33 жители Албанци.

Според пописот од 2002 година, селото Отишани брои 530 жители од кои:

Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 331 жител, од кои 55 Македонци, 31 Албанец, 129 Турци, 29 останати и 87 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 265 24 281 295 328 355 447 566 544 530 331

Родови

Селото Отишани отсекогаш било населено во целост со Македонци. Денес селото е речиси целосно населено со Македонци-муслимани, а во минатото во него живееле и православни христијани.

Според истражувањата од 1937 година, родови во селото биле:

  • Македонски родови:
    • Муслимански родови:
      • Староседелци: Абазовци со Батмановци (14 к.), чиј член во триесеттите години на XX век на православните во Џепиште им кажувал дека дедо му бил христијанин и дека во нивната куќа имале крст во родот Батмановци, живеел и некој Турчин со неговата мајка, посинок од селото Коџаџик; Џаферовци со Исмаиловци и Муратовци (9 к.), во чиј род како посинок било доведено и некое дете од Требиште; Минчовци и Вејсиловци (7 к.); Патовци (3 к.); Бајрамовци (2 к.) и Бакловци (2 к.).
      • Доселеници: Имеровци (1 к.), основани од домазет кој дошол од Тучепи во Голо Брдо во Албанија пред 95 години; Торбач Џеладин (1 к.) се доселиле од селото Торбач во Голо Брдо во Албанија пред 110 години; Јолџиевци (1 к.) се доселиле од Тучепи во Голо Брдо во Албанија пред 105 години; Фејзоски (1 к.) се доселиле исто така од Тучепи во Голо Брдо во Албанија пред 105 години; Изовци (1 к.) потекнуваат од некој помакедончен Турчин кој бил доведен од селото Праленик (Проваленик) во Дебарска Жупа пред 100 години.
    • Христијански родови: Ѓоровци (3 к.) и се делеле на огранките Јакимовци и Митровци.

Иселеништво

Стари православни иселеници од ова село има во Солун.

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Отишани било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дебар, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Дебар.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Манастире, во која влегувале селата Буринец, Дренок, Модрич, Отишани, Селце и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година селото било дел на некогашната Општина Џепиште, во која влегувале селата Отишани и Џепиште.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0553 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште на селото Џепиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.030 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.076 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
  • Гробој — средновековна некропола; и
  • Црквиште — средновековна црква и некропола.
    Џамии

Личности

    Родени во или по потекло од Отишани

Галерија

Поврзано

Наводи

    Забелешки

Надворешни врски

Tags:

Отишани Географија и местоположбаОтишани ИсторијаОтишани СтопанствоОтишани НаселениеОтишани Самоуправа и политикаОтишани Културни и природни знаменитостиОтишани ЛичностиОтишани ГалеријаОтишани ПоврзаноОтишани НаводиОтишани Надворешни врскиОтишаниГоло БрдоДебарОпштина Дебар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ајдучка треваНаталитетПеш по светотГихтМочуриштеДискус хернијаФудбалска репрезентација на КолумбијаПчелиПланетаБалкански ПолуостровПартија за движење на Турците во МакедонијаМаричка биткаРимГолеми и мали (роман)ИлијадаОливера НиколоваМакедонски парламентарни избори (2020)Николај ГогољМенструален циклусЦијанобактерииВагинален исцедокГамеланСветлана Ражнатовиќ-ЦецаРечник на стари македонски зборовиЈужна АмерикаСвети Климент ОхридскиРевматоиден артритисЛист (ботаника)ПротестантствоПресметување на датумот на ВелигденМоралБукурешки договор (1913)Ромски јазикПрисовјаниВранаКорозијаШар ПланинаРобинзон КрусоПодгорциЈан Амос КоменскиПодметПовикувачки броеви во МакедонијаИменкаОпштина ДојранСедум смртни гревовиАутизамРазловечко востаниеКвадратСлуз-цедење во грлотоСредоземно МореПингвинДраган МијалковскиКирил ЛазаровОпштина ВиницаСтар заветЅвезда од КутлешБлаговештениеПланетите во астрологијатаМакедонски претседателски избори (2019)Словенска писменостКлеткаЕпикаИзет МеџитиМустафа IРаички манастирБели мугриЖабаРибиМакедонски парламентарни избори, 2014Ристо СтефановскиДен на шегатаЧовечки папиломен вирусРелигијаБубрегХананХидроксидЛетно сметање на времето🡆 More