Порече Ореовец: село во Општина Македонски Брод

Ореовец (понекогаш нарекувано и Ореоец) — село во Општина Македонски Брод, во областа Долно Кичево, во околината на градот Македонски Брод.

Ореовец
Ореоец
Порече Ореовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Камена куќа во селото

Ореовец во рамките на Македонија
Порече Ореовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Ореовец
Местоположба на Ореовец во Македонија
Ореовец на карта
Координати 41°29′44″N 21°07′49″E / 41.49556° СГШ; 21.13028° ИГД / 41.49556; 21.13028
Регион Порече Ореовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Порече Ореовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Македонски Брод
Област Долно Кичево
Население 75 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03036
Надм. вис. 760 м
Ореовец на општинската карта
Порече Ореовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Ореовец во рамките на општината
Порече Ореовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Ореовец на Ризницата

Географија и местоположба

Порече Ореовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Дом на „Св. Јован Крстител“ во селото

Селото се наоѓа во областа Долно Кичево, во југозападниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Кичево. Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 10 километри.

Атарот зафаќа простор од 8,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 391 хектар, на пасиштата отпаѓаат 275 хектари, а на обработливото земјиште 96 хектари.

Покрај селото поминува регионалниот пат Македонски Брод-Кичево. Според катастарот, северниот дел од регионалниот пат припаѓа на атарот на селото Ореовец. Поради тоа, дел од новоизградените куќи на жители од селото Пласница, кај самата раскрсница кон тоа село, влегуваат во атарот на село Ореовец.

Историја

Во XIX век, Ореовец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948175—    
1953193+10.3%
1961153−20.7%
1971108−29.4%
198156−48.1%
ГодинаНас.±%
199177+37.5%
199485+10.4%
2002155+82.4%
202175−51.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ореовец имало 144 жители, сите Македонци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ореовец имало 128 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ореовец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Селото е мало, коешто во 1961 година имало 153 жители, од кои 152 биле Македонци и тројца Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 85 жители, од кои 52 Турци и 33 жители Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Ореовец имало 155 жители, од кои 26 Македонци, 128 Турци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 75 жители, од кои 7 Македонци и 68 Турци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 144 128 175 193 153 108 56 77 85 155 75

Родови

Ореовец е македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите години на XX век родови во селото се: Марковци (12 к.) и Рашајковци (11 к.), староседелци, потекнуваат од стариот народ кој живеел овде. Рашајко имал два сина од кои се намножиле родовите, во родот Рашајковци се знае следното родословие: Александар (жив на 48 г. во 1961 година) Мике-Стојан-Илија-Стојан, Рашајко бил дедо или прадедо на Стојан; Карпузовци (5 к.), потекнуваат од предокот Карпуз, споменатиот предок на врвење дошол во селото, и тука останал за Рашајко да не бидет сам. Населување на Карпузовци е извршено околу 1730-1760 година.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Марковци (7 к.), Рашајковци (7 к.) и Карпузовци (9 к.), сите родови се староседелски.

Самоуправа и политика

Порече Ореовец: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Архангел Гаврил“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Русјаци, во која влегувале селата Ореовец и Русјаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Ижиште, во која покрај селото Ореовец се наоѓале селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Пласница, Преглево и Русјаци.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0225 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
  • Мал Рид — црква и некропола од средниот век
    Цркви
    Манастири
  • Ореовички манастир — манастир

Иселеништво

До 1961 година од селото имало иселување во Македонски Брод (6 семејства) и во Кичево (5 семејства). Населението продолжило да се иселува и потоа, што се гледа и по падот на население од 1961 година до денес.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Порече Ореовец Географија и местоположбаПорече Ореовец ИсторијаПорече Ореовец СтопанствоПорече Ореовец НаселениеПорече Ореовец Самоуправа и политикаПорече Ореовец Културни и природни знаменитостиПорече Ореовец ИселеништвоПорече Ореовец ГалеријаПорече Ореовец НаводиПорече Ореовец Надворешни врскиПорече ОреовецМакедонски БродОпштина Македонски Брод

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Панонски легендиИсторија на БугаријаЖивко МукаетовПридавки во македонскиот јазикРевизор (комедија)ПаризЛатински јазикМухамедМакедонски парламентарни избори (2011)СпартаТуризамМинато определено несвршено време во македонскиот јазикФеникијаМитологијаПолип на маткатаТумор на мозокКрушевоХананТокиоРибиТрапезКлинесто писмоОпштина Виница20000 милји под моретоОптичка мамкаРајчицаДојранско ЕзероЉубе БошкоскиМакедонциКинетичка енергијаОхридПредмет (граматика)ТранспирацијаИзборна единица 3АДХДДерматитВоен конфликт во Македонија (2001)Студена војнаПравославиеБалкански ПолуостровБедија БеговскаСојуз на Ромите од МакедонијаСтрептококен фарингитисНационален парк МавровоГликемијаГодинаГаличка свадбаЕмре БејФудбалска репрезентација на КолумбијаБели мугриОбновливи извори на енергијаКомпасСтруен ударДемократска ДесницаТашмаруништаРоманКокошкаМакедонски народни инструментиГоран БреговиќРадолиштаПченкаГригор ПрличевКралот Лир‘Рбетен столбКонстантин МиладиновКумановоКоле АнгеловскиОпштина КратовоСветлинаГолеми и мали (роман)АбортусБитолаПреспански договорОпштина ПехчевоМинистерство за животна средина и просторно планирањеОпштина Гази БабаГлавна страницаТоплинаРастенија🡆 More