Мренога: село во Општина Демир Хисар

Мренога — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Мренога
Мренога: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Мренога

Мренога во рамките на Македонија
Мренога: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Мренога
Местоположба на Мренога во Македонија
Мренога на карта
Координати 41°15′24″N 21°6′27″E / 41.25667° СГШ; 21.10750° ИГД / 41.25667; 21.10750
Регион Мренога: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Пелагониски
Општина Мренога: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Демир Хисар
Област Железник
Население 55 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7240
Повик. бр. 047
Шифра на КО 10021
Надм. вис. 760 м
Слава Спасовден
Мренога на општинската карта
Мренога: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Мренога во рамките на општината
Мренога: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Мренога на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во југозападниот дел на Општина Демир Хисар, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри.

Мренога се наоѓа во средишниот дел на Општина Демир Хисар, во долината на Мренога се наоѓа на 19 км северозападно од градот Демир Хисар.

Мренога е сместена во долината на Боишка Река. Источно од селото се наоѓа ридот Илиница, западно од него Плакенска Планина, а на север од селото долината на Боишка Река се отвора за да направи пат да се влее во Црна Река. Од општинското средиште градот Демир Хисар, селото е оддалечено 19 километри.

Атарот на селото зафаќа простор од 14,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.184 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 183 хектари, а на пасиштата само 45 хектари.

Историја

Во XIX век, Мренога било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство. Се наоѓало под црковно-пропагандното влијание на Бугарската егзархија. Селото се спомнува во спомените на Алексо Стефанов (војвода на ВМОРО), во контекст на борбите за време на Младотурската револуција од 1908. Исто така, се спомнува во спомените на Кирил Прличев, во примерите кои тој ги дава за ѕверствата врз месното население од страна на српската војска по окупацијата на Вардарска Македонија за време на Втората балканска војна (1913).

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

До 2004 година, Мренога било во составот на веќе непостоечката Општина Сопотница (се наоѓало во јужниот дел на оваа општина).

Стопанство

Во селото најзастапено е полјоделството и шумарството. Обработливото земјиште зафаќа 183 хектари, пасиштата зафаќаат 45 хектари, додека шумите доминираат со 1184 хектари. Најголем дел од селаните имаат ниви (вкупно 56). Во селото функционираат услужни објекти.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948544—    
1953493−9.4%
1961414−16.0%
1971360−13.0%
1981288−20.0%
ГодинаНас.±%
1991203−29.5%
1994185−8.9%
2002107−42.2%
202155−48.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мренога имало 380 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мренога имало 400 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.

Во текот на втората половина на XX век, од Мренога се иселил значителен број од населението, така што, населбата преминала од средно, во мало село. Во 1961 година селото имало 414 жители, а во 1994 година 185 жители, македонско население. Според последниот попис во 2002 година, бројот на жители во Мренога е 107. Половата дистрибуција е 51 мажи и 56 жени. Бројот на домаќинства е 44, а бројот на станови 71, што укажува на голем број на напуштени куќи.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 107 жители, од кои 105 Македонци и 2 други.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 53 Македонци и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 400 544 493 414 360 288 203 185 107 55

Родови

Мренога е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Пајковци (4 к.); Дуковци (1 к.); Радевци (9 к.); Ѓуровци (1 к.); Недановци (2 к.); Станојовци (1 к.); Андревци (1 к.); Богојовци со Кузмановци и Станковци (7 к.); Момировци (2 к.); Лозановци (2 к.); Руменовци (1 к.); Зеловци (3 к.); Николовци (2 к.); Мирчевци (1 к.); Јаневци (2 к.); Поповци и Рачковци (14 к.); Давидевци (3 к.); Секуловци (1 к.); Симоновци (3 к.); Толевци (3 к.); Димовци (2 к.); Маслинковци (2 к.); Шеклевци и Биљановци (5 к.); Јанкуловци (1 к.); Вавалковци со Цветановци (1 к.); и Пејовци (9 к.)
  • Доселеници: Чамовци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Вирово; Мијаковци (2 к.) доселени се од мијачкото село Лазарополе. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 40 г. во 1952 година) Насте-Јоан-Стојко, кој се доселил.

Општествени установи

  • Основно училиште до V одделение
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во тогашната Општина Жван, во која покрај селото Мренога, се наоѓале и селата Вирово, Жван, Радово, Слоештица, Сопотница, Суво Грло и Церово. Општината Жван постоела и во периодот 1950-1952, кога влегувале селата Жван, Мренога, Слоештица, Сопотница и Суво Грло.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 652 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 74 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Мренога: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на главната селска црква „Вознесение Христово“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Реки

Личности

  • Мице Радески — комита на ВМРО
  • Горјан Петрески — македонски писател
  • Тале Вељанов Дуковски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Биљана Павлева Биљановска — македонска револуционерка од ВМОРО.
  • Вељан Марков Маслинков — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Павле Ристев Талевски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Василе Јонов Поповски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Мирче Јонов Јанески — македонски револуционер од ВМОРО.

Иселеништво

Постари иселеници до 1952 година има во Србија (3 семејства), Бугарија (4 семејства), САД (1 семејство), Битола (1 семејство) и во Канада (1 семејство).

иселеништво продолжило и потоа и водело во Битола, Скопје, Демир Хисар, а надвор од Македонија посебно во Австралија.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Мренога Географија и местоположбаМренога ИсторијаМренога СтопанствоМренога НаселениеМренога Општествени установиМренога Самоуправа и политикаМренога Културни и природни знаменитостиМренога ЛичностиМренога ИселеништвоМренога НаводиМренога Надворешни врскиМреногаДемир ХисарЖелезникОпштина Демир Хисар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Овчи сипанициФашизамМакедонија во Првата светска војнаСкопско КалеУкраинаМакедонска азбукаУставен суд на МакедонијаМомче во пижами со риги (филм)Елена ЗагорскајаЗборник на МиладиновциРусијаДолна БелицаИндустријаЈугославијаСтудена војнаИлијадаИзборна единица 1Македонци-муслиманиТешкотоПискупштинаСтевчо ЈакимовскиИменки во македонскиот јазикЗглобАлжирЦрква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеБелото ЦиганчеГаличка свадбаСтале ПоповВоздушен коридорСипанициРак (болест)РогачГлаголи во македонскиот јазикСоцијалистичка Република МакедонијаПопис на населението во Македонија (2021)ПоумПарите се отепувачкаКиро ГлигоровАтинаДванаесет АпостолиРисто СтефановскиМакедонски парламентарни избори (2011)ГлаголКамбоџаСвета ПеткаФеникијаЗлосторство и казнаВасил ИљоскиКрвГодинаС’ботскоДоктор ОфболиМерилендЗаздравување на ранаМакедонскиБубрежен каменХомо (филм од 2020)БиблијаПолиграфБубрегЛокални избори во Македонија (2017)Лидија ДимковскаСкржавецот (Плавт)Географска картаИндонезијаМозочно крвавењеМакедонски претседателски избори (2019)Шеќерна приказнаАртритисКанадаОпштина Маврово и РостушеВизантијаРомантизамНародна Република КинаПолитички системСедум смртни гревовиДрагана Мирковиќ🡆 More