Мохамед Салах: египетски фудбалер

Мохамед Салах Гали (роден на 15 јуни 1992 во Басијун) — египетски фудбалер, крило или напаѓач на Ливерпул и на египетската репрезентација.

Мохамед Салах
Мохамед Салах: Технички одлики, Клупска кариера, Репрезентативна кариера
Лични податоци
Полно име Мохамед Салах Гали
Роден на 15 јуни 1992(1992-06-15)(31 г.)
Роден во Басјун, Египет
Држава Египет Египет
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција крило, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул Ливерпул
Број 11
Младинска кариера
Ел Мокавлон Ел Мокавлон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2012 Ел Мокавлон Ел Мокавлон 40 (11)
2012-2014 Базел Базел 47 (9)
2014-2015 Челси Челси 13 (2)
2015Фјорентина Фјорентина 16 (6)
2015-2017 Рома Рома 65 (29)
2017- Ливерпул Ливерпул 179 (117)
Репрезентација
2009-2011 Египет Египет 20 11 (3)
2011-2012 Египет Египет 23 11 (4)
2011- Египет Египет 84 (47)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Има прекар Египетскиот Меси.

Технички одлики

Неговата омилена позиција е лево крило во напад со 3 играчи, но исто така може да игра и по десната страна, како офанзивен играч од средниот ред или како втор напаѓач. Тој е природен левак, а најдобрите одлики му се брзината на дриблингот, техниката и брзина кој му овозмужуваат да асистита на својте соиграчи и да постигнува голови.

Клупска кариера

Ел Мокавлон

Мохамед Салах ја започнал својата професионална играчка кариера во 2010, кога дебитирал за екипата на Ел Мокавлон, влегувајќи како замена за последните десет минути во ремито 1-1 против Ел Масура на 3 мај 2010. На 25 декември 2010 го постигнал својот прв гол во професионалната кариера во натпреварот против Ал-Ахли. На 26 мај 2011 тој за првпат постигнал два гола на еден натпревар во својата кариера, во победата со 2-0 против екипата на Смоуха. Следната сезона (2011-2012), станал стартер меѓутоа првенството било суспендирано за рок од две години поради немири.

Базел

Мохамед Салах: Технички одлики, Клупска кариера, Репрезентативна кариера 
Салах во дресот на Базел.

На 10 април 2012, Салах потпишал четиригодишен договор со швајцарскиот шампион Базел. Своето деби го направил на 8 август во натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите против норвешкиот Молде. Четири дена подоцна, на 12 август дебитирал во Швајцарската Супер лига во победата со 3-1 против Тун на домашен терен, играјќи го целиот натпревар. Својот прв погодок за Базел го постигнал во следното првенствено коло, при победата дома над Лозана со 2-0. На 11 април 2013, Салах го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања откако ја затресол мрежата на Тотенхем во четвртфиналето на Лига Европа за сезоната 2012-2013; помагајќи им на швајцарците да се пласираат понатаму на пенали со 4-1, откако двата натпревара завршиле со резултат 2-2 (или вкупни 4-4). На 2 мај во реваншот од полуфиналето против Челси на Стмфорд Бриџ Салах одново бил стрелец, но неговиот тим бил елиминиран со вкупни 2-5. И покрај неуспехот во Европа, Салах ја завршил својата прва сезона во Базел со трофеј откако тие ја освоиле титулата во швајцарското првенство со три бода предност пред Грасхопер. Исто така клубот бил финалист во Купот на Швајцарија каде загубиле на пенали од Грасхопер, меѓутоа Салах не играл во тоа финале поради повреда. Сезоната ја завршил со вкупно 50 настапи во сите натпреварувања и 10 постигнати гола.

Следната сезона ја започнал во фантастична форма, постигнувајќи гол уште во првото коло од новото првенство при победата со 3-1 над Арау. Потоа тој постигнал два гола во првиот натпревар од плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите против бугарскиот Лудогорец, при победата со 4-2 на гости, за потоа со уште една победа во Базел швајцарците да се пласираат во групната на натпреварувањето. Во групната фаза Салах постигнал два гола во шест натпревари и двата против Челси; првиот на отворањето на 18 септември при победата со 2-1 на неговата екипа на Стемфорд Бриџ, а потоа и единствениот на натпреварот (1-0) одигран на Сент Јакоб Парк на 26 ноември. Овие перформанси ги натерале челниците на сините од Лондон да го доведат еѓипќанецот во својте редови веќе во следниот трансферен прозорец во јануари 2014.

Челси

Мохамед Салах: Технички одлики, Клупска кариера, Репрезентативна кариера 
Салах во Челси.

На 23 јануари 2014, Челси го купил Салах за 11 милиони фунти (15 милиони евра). На 8 февруари 2014 го направил своето деби за Челси во натпреварот од Премиер лигата против Њукасл Јунајтед кој сините го добиле со 3-0, влегувајќи како замена. На 22 март истата година, Салах го постигнал својот прв гол за Челси во победата со 6-0 во лондонското дерби против Арсенал на Стемфорд Бриџ, воедно и последни на натпреварот само неколку минути подоцна откако влегол во игра на местото на Оскар. На 5 април го постигнал својот втор гол во дресот на Челси во кариерата во победата со 3-0 над Стоук Сити.

Пред почетокот на сезоната 2014-2015 се појавиле шпекулации, дека Салах ќе биде принуден да се врати во својата татковина, за да ја отслужи воената служба, но подоцна е официјално објавено, дека службата му е одземена. Во текот на сезоната не успеал да се наметне кај менаџерот Жозе Мурињо, запишувајќи минути само во 3 натпревари.

Фјорентина

Мохамед Салах: Технички одлики, Клупска кариера, Репрезентативна кариера 
Салах во Фјорентина

На 2 февруари 2015, заминал на заем во Фјорентина како дел од трансферот на Хуан Квадрадо. Фјорентина му платила на Челси 1 милион евра за заем на Салах до 30 јуни 2015, со можност за откуп за 15 милиони евра. Салах избрал да го носи дресот со број 74, во чест на жртвите во Порт Саид. Дебитирал во Серија А на 8 февруари во натпреварот Фјорентина-Аталанта 3-2, влегувајќи како замена во 65-тата минута на местото на Хоакин. На 14 февруари, го постигнал првиот гол за виола во натпреварот од лигата против Сасуоло. На 26 истиот месец постигнал гол и во Лигата на Европа во победата со 2-0 над Тотенхем на домашен терен во шеснаестина-финалето. Салах ја продолжил својата серија на важни голови, постигнувајќи го одлучувачкиот во победата на Фјорентина (со 0-1) на гостувањето кај Интер на 1 март. Пет дена подоцна, во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, со своите два гола им овозможува на виолетовите победа над Јувентус (2-1), кој бил непоразен на својот стадион уште од 2013. Позајмицата во Фјорентина ја завршил со 26 настапи и 9 гола во сите конкуренции.

На крајот на сезоната Фјорентина го платила однапред договорениот износ за откупување на клаузула за откуп на играчот, но преку приватен договорот му е овозможено на Салах да се ослободи еднострано од клубот. Фјорентина, сепак, не го смета за валиден таквиот договор и се заканила со тужба.

Рома

По долги преговори, на 6 август 2015 Челси го продал Салах на Рома за 5 милиони евра на заем со опција за откуп за 15,5 милиони евра (искористена една година подоцна). Своето деби за Рома го направил во првото коло од Серија А, на гостувањето кај Верона. Својот прв гол за клубот го одбележал во својот четврти натпревар, во ремито против Сасуоло. На 4 ноември 2015, го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во дресот на Рома против германскиот Бајер Леверкузен; овој гол, постигнат по само 1 минута и 40 секунди од почетокот на натпреварот, бил најбрзиот постигнат од клубот од главниот град на Италија во некој натпревар од Лигата на шампионите. Првата сезона во Рома ја завршил 42 настапи и 15 голови (од кои 14 во Серија А).

На 6 ноември 2016 година, во натпреварот помеѓу Рома и Болоња, од десеттото коло на Серија А 2016-2017, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата. За време на сезоната 2016-2017, Салах постигнал 15 гола во Серија А, 2 во Купот на Италија и 2 во УЕФА Лига Европа. Својот последен натпревар во дресот на џалоросите го имал на 28 мај 2017 во победата со 3-2 против Џенова на Олимпико; тој го започнал натпреварот и играл до 54-тата минута кога бил заменет од клупската легенда Франческо Тоти, кој исто така во истиот тој натпревар се простил со навивачите на Рома по 25 години поминати во клубот.

Ливерпул

2017–2018: Рекорди и поединечни успеси

На 22 јуни 2017, Салах се преслил во Ливерпул за 42 милиони евра, кој потенцијално би можеле да пораснат на 50 милиони евра. Трансферот на Салах бил забележан како клупски рекорд, откако тој станал најскапото засилување на Ливерпул во историјата на клубот надминувајќи го трансферот на Енди Керол од Њуксал Јунајтед кој изнесувал 39,5 милиони евра во 2011-тата. По потпишувањето на договорот Салах го избрал дресот со број 11, претходно носен од неговиот бразилски партнер во нападот Роберто Фирмино, кој пред почетокот на оваа сезона се одлучил да го земе дресот со број 9. Така, тој станал првиот египетски фудбалер кој некогаш потпишал за Ливерпул.

Мохамед Салах: Технички одлики, Клупска кариера, Репрезентативна кариера 
Салах играјќи за Ливерпул во 2017 година. Неговите настапи за време на сезоната 2017–2018 му донеле бројни признанија, вклучувајќи ПФА Играч на годината и Играч на сезоната во Премиер лигата.

Салах постигнал гол уште на своето деби за црвените против Вотфорд во ремито 3-3 на Викариџ Роуд на 12 август. На 24 август, Салах го постигнал својот втор гол за Ливерпул, во плејоф рундата од квалификациите за Лигата на шампионите при победата со 4-2 над германскиот Хофенхајм, што бил неговиот прв гол пред домашните навивачи на Анфилд. Три дена подоцна, Салах постигнал нов гол и забележал асистенција во победата со 4-0 во дербито против Арсенал. Тој бил награден за својте добри игри во својот прв месец во клубот, откако бил избран од навивачите за Играч на месецот на Ливерпул за август. На 17 октомври, Салах постигнал два гола во убедливата победа во Лигата на шампионите со 7-0 над Марибор, помагајќи му на Ливерпул да ја достигне највисоката досега остварена победа во гости во ова натпреварување и воедно највисоката победа во гости на англиски клуб.

Салах се искачил на врвот на списокот на стрелците по бројот на погодоци во Премиер лигата, со двата гола кои ги постигнал влегувајќи како замена во победата со 3-0 на гостувањето кај Стоук Сити на 29 ноември. Следниот месец, Салах постигнал гол во победата со 4-0 над Борнмут; резултат со кој Ливерпул станал првиот тим во историјата на Премиер лигата што победил на четири последователни натпревари на гостински терен со маргина од најмалку три гола. Во тој процес, тој исто така станал втор најбрз играч кој постигнал 20 гола за Ливерпул - за што му требале само 26 настапи за клубот, останувајќи само зад Џорџ Алан кој ја достигнал оваа бројка на само 19 настапи во 1895.

На 17 март 2018 година, Салах постигнал четири гола во победата од 5-0 над Вотфорд, што бил негов прв хет-трик за Ливерпул. Во овој натпревар, тој исто така соборил уште еден рекорд станувајќи првиот играч кој постигнал 36 гола за Ливерпул во својата дебитантска сезона, а исто така станал и водечки стрелец во најдобрите пет европски лиги - престигнувајќи ги ѕвездата на Барселона Лионел Меси и напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн. Откако Салах го постигнал рекордниот гол за Ливерпул, поранешниот капитен на црвените Стивен Џерард изјавил „сведоци сме на почетокот на величието“.

На почетокот на април 2018 година, тој постигнал гол во двата меча од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити. На 22 април 2018 година, на Салах му била доделена наградата ПФА Играч на годината според фудбалерите, откако претходно бил избран во ПФА Тимот на годината за Премиер лигата. Два дена подоцна, тој постигнал два гола во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, кој Ливерпул на домашен терен го добил со 5-2 против поранешниот клуб на Салах, Рома. Притоа, тој истовремено станал првиот играч од Африка и првиот играч на Ливерпул кој постигнал 10 гола во една кампања од ова натпреварување. Неговите два гола, исто така, го однеле до бројката од 43 гола за оваа сезона во сите натпреварувања, надминувајќи ја бројката од 42 гола на Роџер Хант, што го направило втор најдобар стрелец на Ливерпул во рамките на една сезона, зад Ијан Раш. Тој претходно, исто така, соборил уште еден клупски рекорд во ерата на Премиер лигата, надминувајќи ја бројката од 36 голови на Роби Фаулер постигнати во сезоната 1995–1996 и како 33-те голови на Фернандо Торес, што го направило играч со најмногу постигнати голови за Ливерпул во својата дебитантска сезона во клубот. После двата гола и асистенција на првиот натпревар против Рома, Салах им помогнал на црвените во реваншот да ја сочуваат предноста од првиот натпревар против италијанците и со вкупен резултат од 7–6 да обезбедат пласман во финалето за првпат по единаесет години. До крајот на сезоната тој станал најдобар стрелец на сите времиња во Премиер лигата во сезона со 38 натпревари, регистрирајќи го својот 32. лигашки погодок во победата од 4-0 против Брајтон и Хоув Албион за да биде награден со Златната копачка на Премиер лигата.

Во Финалето на УЕФА Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Салах го повреди левото рамо во 30-тата минута. Откако првично се обидел да продолжи, подоцна тој го напуштил теренот во солзи откако паднал на земја по еден двобој со дефанзивецот на шпанскиот клуб Серхио Рамос; натпреварот заврши со пораз на Ливерпул од 3-1. Неколку дена подоцна египетската фудбалска асоцијација изјавила дека ова нема да има никакво влијание врз неговото играње на Светското првенство 2018 во Русија и дека Салах сепак ќе биде повикан во последниот состав на тимот на 4 јуни. Ден по натпреварот, Рамос напишал порака во која вели дека му посакува се најдобро на Салах.

Репрезентативна кариера

На 3 септември 2011 година, Салах дебитирал за египетската репрезентација во поразот со 2-1 на гостувањето кај Сиера Леоне.

Титули

Клупски

Мохамед Салах: Технички одлики, Клупска кариера, Репрезентативна кариера  Базел

    2012-2013

Мохамед Салах: Технички одлики, Клупска кариера, Репрезентативна кариера  Ливерпул

    2019-2020
    2019
    2019

Репрезентативни

Мохамед Салах: Технички одлики, Клупска кариера, Репрезентативна кариера  Египет

    вицешампион 2017

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Мохамед Салах Технички одликиМохамед Салах Клупска кариераМохамед Салах Репрезентативна кариераМохамед Салах ТитулиМохамед Салах НаводиМохамед Салах Надворешни врскиМохамед Салах15 јуни1992Напад (фудбал)Среден ред (фудбал)ФК ЛиверпулФудбалерФудбалска репрезентација на Египет

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

27 априлМакедонија (регион)Општина КарпошСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаХронична опструктивна белодробна болестГорјан ПетревскиОдржлив развојАнемијаЦистична фиброзаСвети Наум (манастир)Општина ТеарцеЏо БајденСојуз на Ромите од МакедонијаЛокални избори во Македонија (1996)Македонски претседателски избори, 2004Македонски парламентарни избори, 1994Антибиотик со широк спектар на дејствоСобрание на МакедонијаСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаКрпен животХристијанствоОхридски топчест сунѓерКронова болестЈане СанданскиНикола КаревМакедонски парламентарни избори (2008)Данела АрсовскаАлијанса за АлбанцитеМравкаБилјана ВанковскаАнета МицевскаБелгијаДен на независноста на МакедонијаМавровоШармери од осмоПрва влада на Никола ГруевскиЧорбаџи ТеодосЖелезнецМиле ЈаневскиКрешник БектешиХипотироидизамБерлинСрцева слабостМинистерство за животна средина и просторно планирањеЛазар КолишевскиДенес над МакедонијаМакедонска азбукаВесна БендевскаК-15Сојуз на комунистите на МакедонијаДемократијаМакедонски претседателски избори (2019)ИстанбулЦирозаВанчо МихајловЈустинијан IМакедонски претседателски избори, 2009Министер за здравство на МакедонијаЗНАМКозјак (езеро)Македонски парламентарни избори (2006)Список на реки во МакедонијаПечалбариРамазанХепатит ЦГостиварПатен сообраќајВелесБиполарно растројствоЧир на желудникотОпштина ДолнениВтора влада на Никола ГруевскиСписок на планини во МакедонијаЦрвени крвни зрнцаДафина СтојаноскаДијалекти на македонскиот јазикЈудаизам🡆 More