Село Моклиште: историско село во Кавадаречко

Моклиште — историско село во Кавадаречко, на 6км југоисточно од Кавадарци, во непосредна близина на селото Ваташа, на десниот брег на реката Луда Мара.

Моклиште
Моклиште во рамките на Македонија
Село Моклиште: Историја, Културни и природни знаменитости, Поврзано
Моклиште
Местоположба на Моклиште во Македонија
Моклиште на карта
Координати 41°23′15″N 22°02′41″E / 41.38750° СГШ; 22.04472° ИГД / 41.38750; 22.04472
Регион Село Моклиште: Историја, Културни и природни знаменитости, Поврзано Вардарски
Општина Кавадарци
Население нема жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО
Надм. вис. 411 м
Моклиште на општинската карта
Село Моклиште: Историја, Културни и природни знаменитости, Поврзано

Атарот на Моклиште во рамките на општината
Село Моклиште: Историја, Културни и природни знаменитости, Поврзано Моклиште на Ризницата

Историја

Моклиште е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Моклишко Кале непосредно до манастирот.

Во XIX век Моклиште ѝ припаѓало на Тиквешката каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Моклишта имало 140 жители, сите Македонци христијани.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Моклишта (Moklišta) како христијанско село населено со Македонци.

Родови

Моклиште било македонско село, но денес иселено.

Според истражувањата од 1920-1924 во селото живееле следните македонски родови.

  • Староседелци: Петревци (1 к.), Тренчевци (1 к.) и Петковци (2 к.)
  • Доселеници: Лазарковци (1 к.) доселени биле во 1860 година од селото Гарниково; Дрчевци (1 к.) доселени биле во 1860 година од селото Бунарче, а таму во почетокот на 19 век од селото Драчевица; Пеневци (1 к.) и Ширковци (1 к.) доселени биле во 1880 година од селото Гарниково; Грасковци (1 к.) доселени биле во 1890 година од селото Бунарче; Бошавци (1 к.) доселени биле во 1896 година од селото Долна Бошава; Андовци-Колчевци (1 к.) и Пановци (1 к.) доселени биле во 1902 година од селото Конопиште; Дуковци (2 к.) доселени биле во 1906 година од селото Бунарче; Серенковци (1 к.) и Биџовци (1 к.) доселени биле во 1916 година од мегленското село Зборско; Трајковци (1 к.) доселени биле во 1919 година од селото Горна Бошава; Миндевци (2 к.) доселени биле во 1920 година од селото Дабниште, каде се населиле во 1916 година од мегленското село Зборско.

Денес

Денес Моклиште е познато излетничко и рекреативно место во Тиквешијата. Каде кавадарчани најчесто го слават 1 мај. Поради широките и рамни тревнати ливади, близината на реката Луда Мара и споменикот на 12-те убиени ваташки младинци, Моклиште исто така е и позното одредиште за екскурзии на основни и средни училишта од другите градови во Македонија.

Преку хидросистемот „Моклиште“, изграден во 1950 г. градот Кавадарци се снабдува со вода за пиење.

Во селото подигнат споменик на 12-те младинци од Ваташа стрелани од бугарскиот окупатор во 1943 г.

Културни и природни знаменитости

Моклишки манастир „Свети Никола“

Во Моклиште се наоѓа и познатиот Моклишки манастир, посветен на Свети Никола, подигнат во 1595 г. од страна на зографот Никола и неговите синови од селото Тимјаник.

Во Моклишкиот манастир во XVII век мошне успешно работи ќелијното училиште, а првите писмени луѓе во овој крај своето описменување го стекнале токму во овој манастирски комплекс. Манастирот имал богата библиотека која според Јордан Хаџи Константинов - Џинот, кој бил учител во селото Ваташа изнесувала околу 30 товари книги и ракописи. Со запустувањето на Полошкиот манастир монасите се преселиле во овој манастир и ја продолжиле својата работа.

Археолошки наоѓалишта

На подрачјето на Моклиште и околината среќаваат археолошки наоѓалишта:

Поврзано

Наводи

Tags:

Село Моклиште ИсторијаСело Моклиште Културни и природни знаменитостиСело Моклиште ПоврзаноСело Моклиште НаводиСело МоклиштеВаташаКавадаречкоКавадарциЛуда МараСело

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонска православна црква - Охридска архиепископијаМакедонија (регион)Билјанини ИзвориДанскаВасил ИљоскиБислимска КлисураАвантурите на ПинокиоРак на усна празнинаФилип II МакедонскиЛешочки манастирАлександар ПротогеровТурновоАнглијаСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ХрватскаОпштина Маврово и РостушеЕмпатијаСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Момче во пижами со риги (филм)Блага ПетрескаЏеј РамадановскиИталијаОдбивање (физика)Владимир Ангеловски202330 априлВласиБродец (Скопско)Римска култураУкраинаИндијаКолешински ВодопадАприлКарпошДванаесет АпостолиКире КостадиновскиСвета ГораДрачевоСамовилското коњчеРесенМилан ЗавковAppleБаба (планина)РанченциМариовциАдолф ХитлерГолосеменициНародна Република КинаЕвроМозамбикАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаОхридска архиепископијаМенингитисЧовечко телоОпштина ДојранПешнаОпштина ЧаирЕрекцијаМајка ТерезаРастенијаНикола Димитров (дипломат)Руса треваБугаријаОлимписки богови24 мај (празници)СлезинаДевица (хороскопски знак)Системски лупус еритематозусАвстралијаКиро ДоневАутизамСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001СУ „Д-р Панче Караѓозов“ - СкопјеЖелки🡆 More