Мара Јосифоска - Ѓурѓа

Мара Јосифоска – Ѓурѓа (Прилеп, 1920 - Лавци, Битолско, 3 мај 1942) — македонска комунистка, учесничка во НОБ.

Мара Јосифоска - Ѓурѓа
Мара Јосифоска - Ѓурѓа
Родена 1920
Прилеп, Кралство СХС
(денес Македонија)
Починала 3 мај 1942
Лавци, Битолско
Занимање револуционерка, партизанка

Животопис

Мара Јосифоска - Ѓурѓа 
Родната куќа на Мара Јосифоска во Прилеп

Јосифоска е родена е во Прилеп во 1920 година како најстарата од трите сестри на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу. Уште од младински денови отишла по стапките на брата си Кузман и учествува во раздвижувањата на прилепската младина против големосрпскиот хегемонизам над Македонија.

За време на бугарската окупација по 1941 година илегално престојувала во Битола.

Поради големата априлска провала во 1942 година, за да се избегнат поголеми последици, месното раководство изготвило план за исфрлање на илегалците во Битола и битолско во партизански одред. На 22 април 1942 година, со формирањето на првиот партизански одред во Битола, кон него се приклучила и Јосифоска. Одредот го носел името „Пелистер“ и бил составен од 21 борец (од битолчани и прилепчани, кои како илегалци жиееле во Битола и битолско).

Но неподготвеноста и еуфоријата при формирањето на овој одред довела до тоа да на 30 април 1942 година покрај тоа што во околината на Битола имало голема раздвиженост на бугарски воени и полициски сили, одредот е близу Лавци без да преземе неопходни мерки на претпазливост и да се дислоцира на посигурни локации. Дознавајќи за ова, генералот Иван Маринов и обласниот полициски началник Ќурчиев, организирале блокада на месноста меѓу селата Буково, Ореово, Лавци и Брусник, каде што се наоѓал одредот. Во блокадата биле ангажирани неколку илјади лица, војници со офицери, полицајци и агенти. Обрачот околу Одредот на 3 мај 1942 година веќе бил затворен. Уште во самото утро Одредот ја прифатил борбата и покрај неспремноста со вооружување и со воена обука. Тогаш во месноста „Ореовска корија“ загинала и Мара Јосифовска-Ѓурга, заедно со Елпида Караманди-Бисера (ранета, потоа убиена), Димитар Николовски-Таки Даскало, Димче Хаџипоповски, Ордан Михајлоски - Оцка и Јоска Јорданоски-Сандански.

Поврзано

Наводи

Tags:

192019423 мајБитолскоЛавци (Битолско)НОБПрилеп

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ристо ШишковПрилепско КралствоТекстописецГерманијаЗемја (планета)Демографија на МакедонијаСврзникХемороидАзијаЦар Едип (драма од Софокле)Општина Ѓорче ПетровГуливеровите патувањаОрхидеиЛавСписок на реки во МакедонијаМенструален циклусСобрание на МакедонијаЗигмунд ФројдВујко Вања27 мартПлаошникТетовирани душиАлшарКонтинентОче нашЦрн дробДекарГолемата вода (роман)ДајреУнгарија2005 во архитектуратаЗвездана АнгеловскаО писменехГоце ТодоровскиЗаповеден начин во македонскиот јазикМакедонија (регион)РакометМакедонски народни песниМандолинаЛазар Манчевски - ПинџурГане ТодоровскиХрватски месециПјацаИзраелСвети Кирил и МетодијВладо ИлиевскиПравопис и правоговор на македонскиот јазикКозметикаТуризамБојан МиовскиЛазарова саботаФудбалЛарингитисБајрамПетре М. АндреевскиНатриумКрвен притисокЦрноризец ХрабарДождЛадислав ПалфиРајко ЖинзифовРоманијаОхридска пастрмкаПарите се отепувачкаКучеСаксофонЃорче ПетровХидроксидГевгелијаБугаријаСписок на македонски филмовиАнастас КоцаревОхридПравоаголникГоце ДелчевСлово за походот ИгоревИнтернетДишење🡆 More