Мало Тело Во Сончевиот Систем

Мало тело во Сончевиот Систем — тело во Сончевиот Систем кој не е планета, џуџеста планета или природен сателит.

Поимот првпат е дефиниран во 2006 г. од Меѓународниот астрономски сојуз.

Мало Тело Во Сончевиот Систем
Ојлеров дијаграм на кој се претставени разните видови тела во Сончевиот Систем.

Сите други објекти, освен сателитите, кои кружат околу Сонцето be referred to collectively as „мали тела во Сончевиот Систем“ ... Тука спаѓаат највеќето астероиди во Сончевиот Систем, највеќето заднептунци, комети и други мали тела.

Под мали тела се подразбираат сите комети и сите мали планети освен оние што се џуџести планети. Така, малите тела во Сончевиот Систем се: класичните астероиди со исклучок на џуџестата планета Церера; тројанците; и кентаурите и заднептунците со исклучок на Плутон, Хаумеја, Макемаке, Ерида и други кои може да се испостави дека се џуџести планети.

Дефиниција

Мало Тело Во Сончевиот Систем 
Застапеност на кентаурите и заднептунците

Засега не е познато дали во иднина ќе биде одредена долна величинска граница за малите тела во Сончевиот Систем, и дали дефиницијата ќе го опфаќа сиот материјал до степен на метеороиди, кои се најмалите макроскопски тела што кружат околу Сонцето. (На микроскопско ниво постојат други објекти како меѓупланетарната прашина, честичките од сончевиот ветер и слободните честички на водородот.)

Освен најголемите, кои се во хидростатичка рамнотежа, природните сателити (месечини) се разликуваат од малите тела не по големината, туку по орбитата. Орбитите на природните сателити не се околу Сонцето, туку околу другите објекти во Сончевиот Систем како што се планетите, џуџестите планети и малите тела.

Некои од малите тела во Сончевиот Систем во иднина може да бидат прогласени за џуџести планети, во зависност од тоа дали ќе се утврди дека се во хидростатичка рамнотежа.

Орбитите на највеќето мали тела во Сончевиот Систем се сместени во две подрачја: астероидниот и Кајперовиот Појас. Овие две појаси имаат извесна внатрешна структура поврзана со растројувањата на големите планети (особено Јупитер и Нептун) и имаат прилично нереско одредени граници. Мали тела постојат и во други подрачја во Сончевиот Систем, но во помали концентрации. Тука спаѓаат близуземските астероиди, кентаурите, кометите и објектите од расеани дискови.

Поврзано

Наводи

Tags:

Џуџеста планетаАстрономско телоМеѓународен астрономски сојузПланетаПрироден сателитСончев Систем

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПјацаКочо РацинМакедонски народни носииСлавко ЈаневскиМарија АнтоанетаЈугославијаМакедонска граматикаАбортусГостиварВодно растениеИнтернетБруто-домашен производДијабетична кетоацидозаПопис на населението во Македонија (2021)Занаетчиство во Старата скопска чаршијаКонтрацепцијаПлатонГравитацијаСлепо цревоВиолинаПравопис и правоговор на македонскиот јазикАвантурите на ПинокиоСедум смртни гревовиТоплинаФудбалска репрезентација на Црна ГораСписок на архаични зборови во македонскиот јазикАмерикаКоцкаВасил ИљоскиБубрежен каменВагинален исцедокЈонска врскаКичевоАлександар МикиќАлександар III МакедонскиПчеларствоСтрептококен фарингитис1663 во уметностаСтале ПоповАдаптација (биологија)МРП вакцинаВаташаСмесаЈапонофилијаРобинзон КрусоОхридско ЕзероСписок на реки во МакедонијаОсигурувањеСтара скопска чаршијаМекотелиПетар Илич ЧајковскиРајна АлексоваНатриум хидроксидСашка ДимитровскаСолунски атентатиБелгијаГане ТодоровскиСтрептококиЛалеСелим IIСтудентски дом „Гоце Делчев“Ослободување на Македонија во Втората светска војнаШутStaphylococcus aureusОперативен системТрајче Крстески1894 во уметностаДокументарен филмНАТОЕвропска УнијаЦрни и жолтиСончев СистемБлага ПетрескаЕлениМалтаСонце🡆 More