Логичко Коло

Логичко коло или логичка врата – електронски склоп составен од прекинувачки елементи кој има барем еден влез и барем еден излез.

Овие кола се користат за вршење пресметки во Буловата алгебра. Логичките кола можат да се конструираат од релеи, диоди или оптички елементи. Никола Тесла прв побарал патент за електромеханичко И (AND) логичко коло во 1899 година. Клод Шенон во 1937 година го вовел користењето на Буловата алгебра во анализата и дизајнот на прекинувачките кола. Валтер Боте, пронаоѓачот на т.н. „совпаѓачко коло“ добил дел од Нобеловата награда за физика во 1954 година, за првото електрично И коло направено во 1924 година.

Прекинувачки кола

Електронските прекинувачки кола се практични реализации на апстрактните Булови идеи.

Прв чекор во разбирањето на практичното коло е воспоставување врска меѓу апстрактните концепти „1“ и „0“ (или кое било име дадено за овие две состојби) и како се прикажани во реално аналогно коло. Вообичаено истите се претставени со различни напони иако понекогаш се претставуваат и сос различни јачини на струјата.

Референтната точка за напонот мора да биде одредена однапред, најчесто тоа е заземјувањето иако во некои случаи се користи и разликата во напон. Во случај кога како референтна точка се зема заземјувањето, распоните на дозволените напони мора однапред да се знаат. На пример во стандардот RS232, овие распони се од -15 до -3 V за логичка „1“ и од +3 до +15 V за логичка „0“.

Исто така мора да се одреди т.н. „логички поларитет“. На пример, најчесто при толкувањето на значењето прифатена е позитивната логика при која најголемиот напон ѝ е придружен на логичката единица. Транзисторско-транзисторската логика ја користи оваа позитивна логика. Од друга страна, претходно споменатиот стандард RS232 користи т.н. „негативна логика“.

Реализација на логичките кола

Логичките кола можат да се конструираат од релеи и прекинувачи. Иако полуспроводничката електронска логика е присутна во најголемиот број на примени, релеите и прекинувачите сè уште се користат во некои индустриски примени и во наставни цели. Во статијава, различните типови логички кола се илустрирани со цртежи на нивните релејни и прекинувачки конструкции, но треба да се има предвид дека електрично гледано тие се поинакви од нивните полуспроводнички еквиваленти.

Три основни типа логички кола реализираат три основни логички функции, а тоа се И (AND), ИЛИ (OR) и НЕ (NOT) коло. Со овие кола можно е да се конструираат други логички функции како што се НИ (NAND), НИЛИ (NOR), ЕКСИЛИ (XOR) и НЕКСИЛИ (XNOR). Овие кола не изгледаат логичен избор, но заради едноставната конструкција на сложени логички изрази некои од нив често се користат. НИ колото е наједноставно за реализација, со тоа коло се конструираат логички склопови кои содржат најмалку транзистори, а со самото тоа површините на полуспроводничките плочки од силициум се најмали. Со помош на НИ колото можно е да се конструира НЕ коло, па и И коло, а со примена на Де Моргановите правила и ИЛИ коло. Значи сите сложени логички кола (логички изрази) може да се реализираат со примена на само едно, НИ основно коло (основна функција). Таквиот начин обезбедува униформност и едноставност на логичкото проектирање, а програмибилните логички полиња (PLA) се реализирани баш така.

И коло

Прв пример е И колото, кое ја реализира логичката функција на „таблицата на вистинитоста“ прикажана на десната страна.

Логичко Коло 
Дијаграм на прекинувачко И коло
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A B A И B
0 0 0
1 0 0
0 1 0
1 1 1

Буловата И функција може да се имплементира со два редно врзани прекинувачи, A и B, како што е прикажано на сликата лево. За колото да спроведува струја, двата прекинувачи (A и B) мора да бидат „вклучени“.

ИЛИ коло

Следно важно коло е ИЛИ колото кое ја реализира логичката функција на „таблицата на вистинитоста“ прикажана на десната страна.

Логичко Коло 
Дијаграм на прекинувачко ИЛИ коло
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A B A ИЛИ B
0 0 0
1 0 1
0 1 1
1 1 1

ИЛИ колото е реализирано со два прекинувачи кои се во паралелна врска така што спроводливоста се обезбедува ако макар еден од прекинувачите A или B е вклучен.

Табела на логички операции

  • Разни логички операции со еден или два влеза се прикажани во табелата.
Тип Посебен облик Квадратен облик Булова алгебра меѓу A и B Табела на вистинитоста
И коло Логичко Коло  Логичко Коло  Логичко Коло 
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A B A И B
0 0 0
0 1 0
1 0 0
1 1 1
ИЛИ коло Логичко Коло  Логичко Коло  Логичко Коло 
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A B A ИЛИ B
0 0 0
0 1 1
1 0 1
1 1 1
Инвертерско коло или НЕ коло Логичко Коло  Логичко Коло  Логичко Коло 
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A НЕ A
0 1
1 0
НИ коло Логичко Коло  Логичко Коло  Логичко Коло 
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A B A НИ B
0 0 1
0 1 1
1 0 1
1 1 0
НИЛИ коло Логичко Коло  Логичко Коло  Логичко Коло 
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A B A НИЛИ B
0 0 1
0 1 0
1 0 0
1 1 0
ЕКСИЛИ коло Логичко Коло  Логичко Коло  Логичко Коло 
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A B A ЕКСИЛИ B
0 0 0
0 1 1
1 0 1
1 1 0
ЕКСНИЛИ коло Логичко Коло  Логичко Коло  Логичко Коло 
ВЛЕЗ ИЗЛЕЗ
A B A ЕКСНИЛИ B
0 0 1
0 1 0
1 0 0
1 1 1

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Логичко Коло Прекинувачки колаЛогичко Коло Реализација на логичките колаЛогичко Коло Табела на логички операцииЛогичко Коло ПоврзаноЛогичко Коло Надворешни врскиЛогичко Коло1899Булова алгебраВалтер БотеДиодаЕлектроникаИ вратаКлод ШенонНикола ТеслаНобелова награда за физикаРеле

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЈајчникАнафораЖичени инструментиСписок на политички партии во МакедонијаВодаПринцезата на едно зрно грашокДимитар Поп-Георгиев БеровскиКларинетБели мугриПраисторијаАјфелова кулаРајко ЖинзифовМакедонијаСвети Кирил и МетодијГлавна страницаСписок на македонски филмовиПере ТошевКоприварка (пеперутка)КласицизамБожествена комедијаКрал МаркоСолунска афераТиквешко востаниеИлинденско востаниеСлавко ЈаневскиРокселанаСтар векЈапонијаГастритисСтобиГајдаГустав ШвабМакедонско востаниеГонорејаНАТОМагнезиумСписок на македонски народни и староградски песниЗемјоделство во МакедонијаБалкански ПолуостровШутСоединети Американски ДржавиАргентинаКучеВетарИменки во македонскиот јазикСтрептококиПролетЗора зад аголот (роман)Мирка ВелиновскаЏонатан СвифтМузеј на македонската борбаПреспанско ЕзероЗвездана АнгеловскаАтрибут во македонскиот јазикСреден векСанстефански договорКоличникСловенска писменостМинистер за култура на Македонија2BonaТенко цревоВртоглавицаГепардНикола ТеслаАрхангел (музичка група)Бадминтонс бендАДХДИлузијаСписок на хемиски елементиЈане СанданскиСолунски атентатиРајна АлексоваМакедонциДимитар РаевНедоразбирање (драма)ДанскаКиро ГлигоровРусија🡆 More