Лиман Каба

Лиман Каба (Дебар, 1924 - Банова Јаруга, Славонија, 17 април 1945) бил учесник во НОВ, народен херој на Југославија.

Лиман Каба
Лиман Каба
Роден 1924
Дебар
Починал 17 април 1945
Банова Јаруга
Лиман Каба
Биста на Лиман Каба во Дебар

Животопис

Лиман Каба е роден во Дебар, во многудетно сиромашно семејство. Откако завршил основно училиште во Дебар, по Априлската војна (1941) учел во гимназијата во Приштина, каде што дејствувал и на организирањето на антифашистичката младина, поради што двапати бил апсен (во 1942 година).

Учество во НОБ

Избегал од Приштинскиот затвор и се вратил во Дебар, дејствувајќи како организатор на народноослободителното движење. Неговата куќа била центар за илегалните партиски состаноци на активистите на КПЈ и во нивната куќа Кузман Јосифовски - Питу го формирал Месниот комитет на КПЈ во Дебар.

Од економски причини, во февруари 1943 отишол во Тирана. Во мај истата година станал борец на албанскиот партизански одред „Дајти“. Извесно време со партизанската единица престојувал во Дебарско и на теренот на Пешкопеја.

По капитулацијата на Италија (на 8 септември 1943) пристигнал во слободниот Дебар и бил назначен за заменик политички комесар на чета при Командата на градот, а потоа при формирањето стапил во Четвртата македонска (албанска) бригада (26 август 1944). Подоцна истата година бил примен за член на КПЈ. Како заменик политички комесар на баталјон на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ загинал во борба со четнички сили на Сремскиот фронт во западна Славонија.

На 8 октомври 1953 година е прогласен за народен херој на Југославија.

Литература

  • Садо Хаме, „Лиман Каба“, Скопје, 1978 (на албански)

Наводи

Tags:

Лиман Каба ЖивотописЛиман Каба Учество во НОБЛиман Каба ЛитератураЛиман Каба НаводиЛиман Каба17 април19241945ДебарНОВНароден херој на ЈугославијаСлавонија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КамилаStaphylococcus aureusСан МариноШведскаХектарСвети Кирил и МетодијПеколот (Божествена комедија)1 век п.н.е.ТромбоцитопенијаБрадикардијаЗуица ЛазоваМандолинаСписок на држави и територии во ЕвропаКонтрацепцијаМанастир (Габревци)Броеви во македонскиот јазикТимпанИфтарСинонимРисто СамарџиевЛавци (Битолско)Церебрална парализаКонстантин МиладиновВеличествениот султан (ТВ-серија)ПоезијаСолиЦрн дробДиво месо (драма)Ангел ЧалаковАнгкор ВатПрва светска војнаВодно растениеЏузепе ВердиХрватскаФаготКирилицаЛазарова саботаСврзникСлавко ЈаневскиСкопски аквадуктРајна АлексоваСашка ДимитровскаБели мугриПретседател на МакедонијаРечник на стари македонски зборовиФранцијаПролетСифилисТекстописецБензенГрадска ластовичкаАлкохолизамМакедонски денарБожествена комедијаХристијанствоХоландијаПравоаголникКиселинаАртритисСветско првенство во ракомет за мажи 2023Скржавецот (драма од Плаут)РЕК „Битола“ПискавицаТрета фудбалска лига на Македонија 2020/2021МавровоБубрежен каменДомашно говедо27 мартГудачки инструментиИнтервал (музика)RAM меморијаДелењеРомантизамОхридско ЕзероКозјак (езеро)ВетарСимболи на Македонија🡆 More