Лаки или Лакагигар (Кратерите на Лаки) — вулкански кратер во јужниот дел на Исланд, недалеку од кањонот на Елдџа и малото село Киркјубејарклаустур.
Вулканот е дел од вулкански систем, во центарот на вулканот Гримсветн и вулканот Тордарирна. Се наоѓа помеѓу ледниците Мирдалсјекул и Ватнајекул, во кратерската област во југозападниот до североисточниот правец.
Лаки | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | Варира: кањон до 1,725 метарs (5,659 ст) |
Координати | 64°03′53″N 18°13′34″W / 64.06472° СГШ; 18.22611° ЗГД |
Географија | |
Лаки на карта | |
Геологија | |
Вид | Вулканска пукнатина |
Последен избув | 1784 |
Во периодот меѓу јуни 1783 и февруари 1784 имало силни ерупции цели осум месеци од кратерот Лаки и соседниот вулкан Гримсветн, кои исфрлиле околу 42 милијарди тони 14 км3 на базалтна лава и облаци од отровна флуороводородна киселина и сулфурно диоксидни соединенија кои ја загадиле почвата, што довело до смрт на над 50% од добитокот на Исланд и уништување на поголемиот дел од сите култури. Ова довело до глад од што изумреле околу 25% од човечката популација на островот. Лавата воедно уништила и 20 села.
Ерупцијата на Лаки и последиците предизвикале пад на глобалните температури, а 120 милиони тони сулфур диоксид бил исфрлен во северната полутопка. Ова предизвикало штети на посевите во Европа и веројатно ја предизвикало сушата во Северна Африка и Индија.
На 8 јуни 1783, 25 километри долгата пукнатина со 130 кратери се отворила со фреатични експлозии поради интеракција на подземната вода со зголемувањето на базалтната магма. По неколку дена ерупциите станале помалку експлозивни, со стромболски, а подоцна, хавајски карактер, со високи стапки на излевање на лава. Овој настан се оценува со показател на вулканска избувност од 4 но осуммесечното испуштање на сулфур довело до тоа да стане еден од најбитните климатски и социјално реперкусни настани од минатиот милениум.
Ерупцијата, позната и како Скафтарелдар ("Скафта пожари") произвела околу 14 км3 базалтна лава, а вкупниот волумен исфрлена тефра изнесувал 0.91 кубни километри. Фонтаните од лава се проценува дека достигнале височини од 800 до 1.400 метри. Гасовите достигнале надморски височини од околу 15 километри.
Ерупцијата продолжила до 7 февруари 1784, но повеќето лава била исфрлена во првите пет месеци. Вулканот Гримсветн, од кого се протега кратерот Лаки, исто така избувнал во тоа време, од 1783 до 1785. Изливот на гасови, вклучувајќи околу 8 милиони тони флуороводород и околу 120 милиони тони сулфур диоксид, довеле до тоа што оттогаш станало познато како "Лаки магла" низ Европа. Во 1783 година, Исланд доживеал огромна вулканска експлозија, која според бројот на жртвите поставила светски рекорд. Активноста на вулканот траела 6 месеци и однела речиси 20.000 животи, или околу една третина од населението во земјата.
Последиците за Исланд биле катастрофални. Околу 20-25% од населението починало од глад и труење со флуор по вулканските ерупции. Околу 80% од овците, 50% од добитокот и 50% од коњите угинале, поради дентална флуороза и скелетна флуороза од 8-те милиони тони водороден флуорид кои биле исфрлени.
Парохискиот свештеник и декан на Вестур-Скафтафелсисла, Јон Стејнгримсон (1728-1791), станал познат поради неговата елдмеса ("оганска проповед") што ја одржал на 20 јули 1783, во чест на луѓето од малата населба Киркјубејаклаустур заробени од лавата.
Минатата недела, и двете претходно, повеќе отров падна од небото отколку што може со зборови да се опише: пепел, сулфурен дожд и сето помешано со песок. Ноздрите и нозете на стоката станаа жолти. Водата стана светлосина а каменот посиве. Сите билки на земјата изгореа, едно по едно, како огнот се зголемуваше и се доближуваше до населбите.
Шефот на геолошката служба на Исланд, д-р Сигурдур Торарисон, во 1978 година му рекол на писателот на Националното географско друштво Вилијам Греј:
"Исланд е дел од дното на океанот. Ние седиме онаму каде што беше ослободена магма и, следствено, се создало копно".
Жителите на Исланд пред експлозијата забележале доволно знаци на приближувачката катастрофа. Прво, одамна било познато дека Исланд се наоѓа на северниот дел на еден од главните центри на вулканизмот. Непосредно пред ерупцијата, жителите доживеале мала серија на сеизмички поместувања. Неколку недели по ред, имало тонење на земјиштето и гејзери и водни столбови периодично избивале во морето, со што значително се зголемила плимата и осеката.
Неколку дена пред ерупцијата на Лаки, морето буквално се сварило. 50.000 жители на Исланд, повеќето од нив земјоделците и нивните семејства, беа ужаснати, се криеле во куќите, ги заклучувале прозорците и вратите.
Центарот на вулканската активност бил во близина на Лакашгар, еден од најголемите кратери во пустиот дел на Исланд. На 11 јуни 1783 година планината Скптар-Екул, во близина на Лакашгар, експлодирала. Тоа создало 24 километарски расцеп. Гасови под притисок избувнале на површината. Во длабоката река Скапта, сува за неколку часа, наместо вода во коритото со 60 метри во ширина и 120-180 метри длабочина, потекла лава.
Воздухот се наполнил со вулканска пепел. Пасиштата во површина од 80 километри биле затруени, а илјадници луѓе загинале. Во еден извештај се вели: "Ридовите беа полни со трупови што се распаѓаат, воздухот го исполнуваше ужасна смрдеа". Во тек на следните две години, 70 отсто од стоката на Исланд угинала. Вулканските сили што почнаа да се движат не се смириле. Голем проток на лава, најмоќен во историјата на ерупциите, избувнал на различни точки во 24-километарската пукнатина. Зафатил огромна површина од 23.400 хектари, уништувајќи ја, создавајќи облаци од отровни гасови.
Според пресметките, лавата покривала површина од 83 квадратни километри. Според еден од првите вулканолози професорот Е. Бишов, тоа била "најголемата ерупција во целиот свет, лавата, собрана на куп, ќе заземе поголем волумен од Монблан".
Потоци на жешка магма однеле цели села. Вкупно, потоците исфрлиле толку многу лава што можело да ја поплави површина од 2600 квадратни километри со дебелина од 45 метри. Повеќе од 9.000 селани починале од задушување предизвикано од токсичните испарувања, или беа закопани во лава. Достигнувајќи до бреговите, лавата полека се преселила во морето. Тежок облак од пепел паднал над водата, рибите го напуштиле крајбрежјето а облаци од прашина се протегале во Европа. Ерупциите продолжиле и понатаму. Оние кои побегнале од магмата и нејзините директни влијанија, починале од глад. Вулканската пепел ги уништила и рибите и житните култури.
Впечатоци за огромната катастрофа можат да се добијат со споредување со најсилните ерупции на Везув. Но дури и во најлош случаи, протокот на лава на Везув покрива површина од околу 2,5 квадратни километри во слој до 8 метри.
Постојат докази дека ерупцијата на Лаки ги ослабела африканските и индиските монсунски ветрови, што довело до намалување на нормалната стапка дневни врнежи над Сахел во Африка, што меѓу другото резултирало и со намалување на водата на реката Нил. Гладот како резултат на ова во Египет во 1784 се чини погодил околу една-шестина од населението. Ерупцијата имала влијание и на јужниот дел на Арапскиот Полуостров и Индија.
Проценетите 120.000.000 тони исфрлен сулфур диоксид е околу трипати повеќе од вкупниот испуштен сулфур диоксид во Европа во 2006 година од страна на индустријата и е шест пати повеќе од вкупниот испуштен сулфур диоксид во 1991 при ерупцијата на Пинатубо. Поради ова излевање на сулфур диоксид при необични временски услови густа магла се проширила низ Западна Европа, што довело до илјадници смртни случаи во текот на 1783 и зимата 1784.
Летото 1783 било најжешкото забележано лето и ретката зона на висок притисок над Исланд предизвикала ветровите да дуваат кон југоисток. Отровниот облак летнал до Берген во Данска–Норвешка, потоа се проширил во Прага во Царството Бохемија (денешна Чешка) до 17 јуни, Берлин до 18 јуни, Париз до 20 јуни, Авр до 22 јуни и Велика Британија до 23 јуни. Маглата била толку густа што бродовите останале во пристаништата, не можејќи да запловат, а сонцето било опишано со "крвава боја".
Вдишувањето сулфур диоксид предизвикало задушување кај жртвите – гасот реагира со влагата во белите дробови и произведува сулфуреста киселина. Локалната стапка на смртност во Шартр била 5% во текот на август и септември, со повеќе од 40 мртви. Во Велика Британија, записите покажуваат дека дополнителни смртни случаи имало меѓу работниците на отворено; стапката на смртност во Бедфордшир, Линколншир и источниот брег била два-трипати повеќе од нормалната. Се проценува дека 23,000 Британци умреле од труење.
Времето станало многу топло, предизвикувајќи сериозни грмотевици со голем град кој го убивал добитокот,. Зимата 1783-1784 била многу тешка; Природонаучникот Гилберт Вајт во Селборн, Хемпшир, пријавил 28 дена постојан мраз. Екстремната зима се проценува дека предизвикала 8,000 дополнителни смртни случаи во Велика Британија. За време на пролетното топење, Германија и Средна Европа пријавиле тешки штети од поплави.
Метеоролошките влијанија на Лаки продолжиле, придонесувајќи во Европа да се бележат екстремни временски услови. Во Франција, низата екстремни временски настани придонела за слаба жетва во 1785 што предизвикало сиромаштија на селаните, како и суша, лоши зими и лета. Овие настани придонесе значително да се зголеми во сиромаштијата и гладот што можеби било една причина за започнување Француската револуција во 1789. Лаки бил само еден фактор, во декадата на климатски пореметувања, бидејќи и Гримсветн еруптирал од 1783 до 1785, и можеби имало невообичаено силен Ел Нињо ефект од 1789 до 1793.
Во Северна Америка, зимата 1784 била најдолга и една од најстудените кои биле забележани. Тоа бил најдолгиот период на температури под нулата во Нова Англија, со најголема акумулација на снег во Њу Џерси, а најдолга замрзнатост на Чесапик Заливот, каде што се наоѓа Анаполис, Мериленд, тогашен главен град на САД. Поради временските услови конгресмените го одложиле доаѓањето во Анаполис да гласаат за Договорот од Париз со кој официјално завршила Американската војна за независност. Огромна снежна бура го погодила Југот. Реката Мисисипи замрзнала во Њу Орлеанс и имало извештаи за мраз во Мексиканскиот Залив.
Гилберт Вајт запишал негово видување за настанот во Селборн, Хемпшир, Англија:
Летото 1783 година беше неверојатно и полно со ужасни феномени; покрај алармантните метеори и огромните бури со грмотевици кои потресоа различни земји на ова кралство, чудниот чад и магла која преовладуваше неколку недели на овој остров, и во секој дел од Европа, па дури и надвор од нејзините граници, беше со невообичаен изглед, нешто досега невидено од човекот. Во весникот, ја забележав оваа чудна појава од јуни 23 до јули 20, период во кој ветрот варираше на секои петнаесет минути без да направи каква било промена во воздухот. Сонцето, на пладне, беше бело, како облачна месечина, и испушташе црвеникава светлина, а на изгрејсонце и на зајдисонце беше со крваво црвена боја. Жештината беше неподнослива [...]
Бенџамин Френклин ги запишал неговите набљудувања во Америка во 1784:
Во текот на неколкуте летни месеци од 1783 година, кога ефектот на сончевите зраци за загревање на земјата во овие северни региони треба да е поголема, имаше постојано магла над цела Европа, и голем дел од Северна Америка. Оваа магла беше од трајна природа; таа беше сува, и зраците на сонцето се чинеше дека имаат мал ефект да ја растргнат, како што тоа лесно се прави со влажната магла[...]
Причината на оваа универзална магла сè уште не е јасна [...] или дали таа огромна количина на чад, долго продолжена, поттекнуваше летово од Хекла во Исланд, или од другиот вулкан кој се појавил од морето во близина на тој остров, кој чад може се шири преку разни ветришта, над северниот дел на светот, сè уште е неизвесно.
Сепак, Хекла не избувнал во 1783; нејзината претходна ерупција била во 1766. Ерупцијата на Лаки била 72 км на исток а Гримсветн вулканот избувнал околу 121 км североисток. Дополнително Катла на само 50 км југоисток, сè уште бил познат по неговата спектакуларна ерупција 28 години претходно, во 1755.
Сер Џон Калум од Суфок, Англија, ги запишал неговите набљудувања на 23 јуни 1783 (на истиот датум на кој Гилберт Вајт, го истакнал почетокот на необичниот атмосферски феномен), во писмо до Џозеф Бенкс:
... околу шест часот, тоа утро, воздухот беше многу кондензиран а кога станав потстанарот ме информира дека му пристудело во кревет, околу три часот по полноќ, погледна во неговиот прозорец, и на неговото големо изненадување, видел дека земјата е покриена со слана.
Сер Џон продолжува да ја опишува последицата на ваквиот, "мраз" врз дрвјата и растенијата
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Лаки (вулкан), which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.