Кралица

Кралица е женски монарх кој владее над држава, додека царица е женски монарх кој владее над царство (империја).

Машката верзија на кралица е крал. Меѓутоа, многу почесто во историјата, оваа титула е куртоазна наместо владејачка, и едноставно означува дека жената е сопруга на владетелот.

Кралица
Маргарета I (Данска), владетелка на Данска, Шведска и Норвешка од крајот на 14 до почетокот на 15 век.

Историја

Во древен Египет, Античка Персија, Азијиските и Пацифичните култури, и некои европски земји, на женските монарси им била доделена титулата крал. Византиската царица Ирина понекогаш себеси се нарекувала basileus (βασιλεύς) - "цар", отколку basilissa (βασίλισσα) - "царица“, и Јадвига од Полска била крунисана како Rex Poloniae - кралот на Полска.

Меѓу Давидските Монарси од Јудејското царство, се споменува само една кралица, Готолија, иако во Хебрејската Библија таа е негативно прикажана. Многу подоцна Хасмонејската кралица Салома Александра (Shlom Tzion) била многу популарна.

Наследството може да биде матрилинеално, патрилинеалното, или и двете. Правото на наследство можат да го имаат и мажите и жените, или да е ограничено само за мажите или само за жените.

Во 2011 година, Британскиот Комонвелт се согласи да го отстрани владеењето на патрилинеалното првородство.

Источна Азија

Во Кина, Ву Зетиан станала кинеска царица и ја формира Џоу династијата по отпуштањето на нејзините синови. Треба да се напомене дека, сепак, царицата Ву ја користела титулата huangdi ("цар") што е спротивно на huanghou ("царица") и била често нарекувана, и во азиски и европски извори, женски император, а во еден била наречена царица. Слично на тоа, неколку децении порано во Кореја, кралиците Сеондеок од Сила и Јиндеок од Сила го развиле терминот yeowang ("женски крал") за себе наместо терминот hwanghu, што обично се преведувало како "кралица" и се однесувал на сопругата на кралот или царот.

Иако Хризантемскиот престол на Јапонија во моментов е забранет за жени, ова не било секогаш случајот; во текот на јапонската историја имало осум царици. Во Јапонскиот јазик се користи терминот josei tennō ("женски цар") наместо "царица", а терминот kōgō се користи за сопругата на царот.

Кралицата како тема во уметноста и во популарната култура

Кралицата како тема во книжевноста

  • „Сиромашната девојка која станала кралица“ – полска народна приказна.
  • „За принцезата маѓепсана во змија“ – полска народна приказна.
  • „За проколнатата принцеза“ – полска народна приказна.
  • „Марцика и проколнатата принцеза“ - унгарска народна приказна.
  • „Портрет на инфантата“ - песна на рускиот поет Павел Антокољски.
  • „Вештерката“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.
  • „Принцезата и пенисот“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.
  • „Мртвата кралица“ - книга на францускиот писател Анри де Монтерлан.
  • „Кралицата и шутот“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1901 година.
  • „Принцезата Брамбила“ - роман на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.
  • „Принцеза“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.

Кралицата како тема во музиката

  • „Павана за мртвата принцеза“ (Pavane pour une infante defunte) - композиција на францускиот композитор Морис Равел.
  • „Нејзиното височество“ (Her Majesty) - песна на британската поп-рок група Битлси од 1969 година.
  • „Господе, спаси ја кралицата“ (англиски: God Save the Queen) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1983 година.
  • „Мала кралица“ (Little Queenie) - песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.
  • „Кралица-Кучка“ (Queen Bitch) - песна на британскиот поп-рок-музичар Дејвид Боуви од 1971 година.
  • „Планетарна кралица“ (Planet Queen) - песна на британската рок-група Т. Рекс (T.Rex) од 1971 година.
  • „Господе, спаси ја кралицата“ (God Save the Queen) - песна на британската панк-рок група Секс пистолс (Sex Pistols).
  • „Тетоважите на кралицата“ (Queen's Tattoos) - песна на британската група Ацтек камера (Aztec Camera) од 1983 година.
  • „Кралицата и војникот“ (The Queen and the Soldier) - песна на американската поп-музичарка Сузан Вега (Suzanne Vega) од 1985 година.
  • Кралицата е мртва“ (The Queen is Dead) - песна од истоимениот албум на британската поп-рок група Смитс (The Smiths) од 1986 година.
  • „Кралица“ - песна на македонската рок-група The John од 2012 година.

Кралицата како тема во сликарството

  • „Хлебинската кралица под ѕвездите“ (Hlebinska kraljica pod zvijezdama) - слика на хрватскиот уметник Јосип Генералиќ од 1989 година.

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Кралица ИсторијаКралица Источна АзијаКралица та како тема во уметноста и во популарната култураКралица Надворешни врскиКралица НаводиКралицаКрал

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ХипотироидизамКрешник БектешиСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаОпштина ПласницаГлаголицаКавалБајкаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеБалканска приказна (ТВ-серија)ПоткастЈоаким КрчовскиКрал МаркоПанкреасМарокоКаролина Ристова - АстерудКошаркаБерлински конгресМовНова алтернативаВМРО-ДПМНЕБојан ЈовановскиПолскаПсоријазаШишман АнгеловскиСписок на команданти на ОНАgr7cmЦветнициОпштина КумановоПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеПапратУстав на МакедонијаРадовишМакедонија (регион)Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаОвчи сипанициОпштина Демир ХисарМамутчевоБубрежна слабостЕгејска МакедонијаМакедонска револуционерна организацијаЉубомир ГајдовГрб на МакедонијаТумор на мозокПоздивиштаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоКловерфилдЏек ЛондонКичевоСлавко ЈаневскиОпштина КривогаштаниТартифМакедонски месециИталијаСрпска пропаганда во МакедонијаБошко СмаќоскиРистиќева палатаМакедонски претседателски избори (2004)Момче во пижами со риги (филм)Павле АрсоскиБитолаБелото ЦиганчеСоцијалистичка партија на МакедонијаАтентат врз Киро ГлигоровЗлосторство и казнаВелесПечалбариОпштина Маврово и РостушеКристина АгилераСветско населениеЕпилепсијаКамен мост (Скопје)СипанициГордана Силјановска-ДавковаПутурусПопулизамМакедонски ораМасакр кај Карпалак🡆 More