Коцкарница

Коцкарница (казино) — објект или просторија во која се одвиваат одредени активности на коцкање.

Коцкарниците најчесто се градат или се отвораат во комбинација со хотели, ресторани, трговски центри, бродови за крстарење или други туристички атракции.

Некои коцкарници се познати по тоа што организираат вечери на забава во живо, како што се стенд ап комеди, концерти и спортски натпревари. Употребата на зборот во минатото и модерната употреба во некои земји, не секогаш вклучуваат коцкање.

Коцкање во коцкарница

Коцкарница 
Коцкарските автомати се наоѓаат скоро во сите коцкарници

Во повеќето јурисдикции ширум светот, коцкањето е дозволено за лица кои имаат навршено од 16 до 21 година во зависност од државата.

Посетителите се коцкаат играјќи игри на среќа, а во некои случаи за тоа е потребно одредена вештина, како кај крапс, рулет, бакарат, блек џек, и видеопокер. Повеќето од игрите имаат математички определени коефициенти, кои гарантираат дека куќата секогаш има предност пред играчите. Во игрите, како што е покерот, каде што играчите играат еден против друг, куќата зема посебна провизија. Коцкарниците понекогаш даваат некои други комплементарни награди на играчите.

Исплата е процентот освоен од страна на играчите.

Во коцкарниците во САД кога играчот игра со пари освоени во коцкарница, се вика дека тој игра со парите на куќата.

Слот машините станаа најпопуларната форма на коцкање во коцкарниците. Во последно време се спроведени истражувања со кои се подига прашањето дали модерните слот машини создаваат зависност.

Семрежна коцкарница

Семрежна коцнарница (анг. online casino), исто така позната и како онлајн казино, виртуелна коцкарница или семрежна коцкарница, е семрежна верзија на традиционалната коцкарница. Семрежните коцкарници им овозможуваат на играчите да играат и да се обложуваат на игри преку семрежјето.

Ваквите коцкарници претежно нудат коефициенти и исплата кои се споредливи со традиционалните коцкарници. Некои семрежни коцнарници тврдат дека имаат повисоки проценти на исплата за коцкарски автомати („еднораки џекови“), а некои дури и објавуваат ревидирани извештаи за процентот на исплата на нивните мрежни места.

Поголемиот дел од семрежните коцкарници го изнајмуваат или го купуваат програмот од претпријатија како Microgaming, Realtime Gaming, Playtech, International Game Technology and CryptoLogic Inc.

Видови на семрежни коцкарници

Семрежните коцкарници може да бидат поделени во две групи во зависност од нивниот кориснички посредник: прелистувачки и за преземање. Некои коцкарници ги нудат и двата.

Прелистувачки семрежни коцкарници

Ова се коцкарници каде што корисниците може да играат игри без да го симнуваат програмот на својот сметач, односно играат на мрежното место преку самиот прелистувач.

Семрежни коцкарници за преземање

Кај овој вид на коцнарници треба да се преземе на самиот сметач и да се воспостави програмот за да може да се игра и обложува на понудените коцкарски игри.

Понудени игри

Најзастапени игри на семрежните коцкарници се:

  • бакарат
  • блек џек
  • крапс
  • рулет
  • коцкарски автомат
  • кено
  • бинго

Коцкарницата како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Коцкарот“ (Losejas) - литванско-леотонски филм од 2013 година, во режија на Игнас Јонинас.

Наводи

Tags:

Коцкарница Коцкање во коцкарницаКоцкарница Семрежна коцкарницаКоцкарница Видови на семрежни коцкарнициКоцкарница Понудени игриКоцкарница та како тема во уметноста и во популарната култураКоцкарница НаводиКоцкарницаБродРесторанХотел

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЕјакулацијаКлеткаСојузни покраини во ГерманијаСрцева слабостЗемја (планета)Македонска крвава свадба (филм)Дуфски ВодопадКамен мост (Скопје)Сојузни држави на САДОпштини во МакедонијаЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридБактерииЦрн дробАлпразоламКозјак (Козјачија)Руса треваШишевски манастирБукурешки договор (1913)Роднински односиАневризмаЕлениАбортусОпштина КичевоКрушевоКочо РацинХајди (роман)Оче нашДојранНарушување на сонотМавровоМакедонски народни песниДеменцијаКирил ПејчиновиќЦркваГихтСебороичен дерматитДанскаМечкаПајациСтрептококен фарингитисМесечинаСписок на повикувачки броеви на земјитеИсус ХристосКавалаБарселонаМедСписок на политички партии во МакедонијаАнтички МакедонциАнемијаРечник на стари македонски зборовиСлепченски манастир (Демирхисарско)Римски бројкиРаде ШербеџијаМакедонски народни инструментиСвети Кипријан СлепченскиШенка КолозоваСписок на градови во Македонија по населениеХерпесШар ПланинаБолести и аномалии на очитеМалиот принцБродец (Скопско)Колешински ВодопадЧовечки папиломен вирусДневникот на Ана ФранкНационален парк МавровоЧорбаџи ТеодосЗагадување на воздухотАлое вераБерлинМакедонско-римски војниЈугославијаСвети Јоаким ОсоговскиФК Шкендија ТетовоИталијаКостур (град)30 април‘Рбетен столб🡆 More