Косовка Девојка

Косовка девојка — српска епска (јуначка) песна.

Песната прв ја запишал Лукијан Мушицки, кој ја слушнал од непозната слепа жена од Гргуревац и потоа му ја испратил на Вук Караџиќ.

Косовка Девојка
Сликата Косовка девојка од Урош Предиќ

Содржина

Една девојка од Косово станува рано наутро, во недела, уште пред изгрејсонце и заминува низ полето, носејќи леб на грбот и два сада, едниот со вода, а другиот со вино. Таа оди на местото каде што се водела Косовската битка и бара преживеани војници за да им даде леб и да ги напие со вино. Првиот јунак на кој налетува девојката е знаменосецот на цар Лазар, Павле Орловиќ, кого го затекнува големи рани: десната рака му е отсечена, како и левата нога до коленото, ребрата му се скршени и му се гледаат белите дробови. Девојката му ги замива раните и му дава леб и вино, така што јунакот малку закрепнува и ја прашува, дали меѓу убиените и ранетите бара некој свој близок. Тогаш, девојката му кажува дека пред битката со турската војска, цар Лазар ја причестил српската војска, во церемонија која траела три недели, при што служеле 30 калуѓери. Откако се причестила војската, на крајот тоа го направиле и трите војводи: Милош Обилиќ, Иван Косанчиќ и Милан Топлица. Притоа, војводата Милош ѝ дал подарок на девојката, ветувајќи дека ако се врати жив од битката, ќе ја омажи за својот побратим Милан и дека тој ќе ѝ биде кум; Иван, исто така, ѝ дал подарок на девојката, ветувајќи дека ако се врати од борбата, ќе ја омажи за побратимот Милан, а тој ќе ѝ биде девер; најпосле, и Милан ѝ дал подарок, ветувајќи дека ќе ја земе за жена. Затоа, девојката ги бара трите војводи. На тоа, Павле Орловиќ ѝ кажува дека залудно ги бара, зашто тројцата војводи се мртви. Тогаш, девојката се враќа дома, облеана со солзи, жалејќи се на својата лоша судбина.

Наводи

Tags:

Вук КараџиќЛукијан Мушицки

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јане СанданскиКрпен животЗурла (македонска)Наполеон БонапартВасил ИљоскиТито ПетковскиИзборни единици во МакедонијаЕрих КестнерМакедонски парламентарни избори (1986)ЧовекГригор ПрличевНеологизамСтара скопска чаршијаНационални паркови во МакедонијаЛокални избори во Македонија (1996)ХепатитСрпска пропаганда во МакедонијаИлинденско востаниеИзбори во МакедонијаЛиберална партија на МакедонијаШенка Колозоваgr7cmСлезинаЛила СтојановскаitqmaВилма ТрајковскаПолжавиОпштина ДолнениИзбирачко местоВикипедија на македонски јазикОче нашДоктор ОфболиСписок на македонски народни поговоркиХамлетРистиќева палатаДемократска обнова на Македонија‘Рбетен столбТапанКорупцијаГордана СилјановскаСипанициМакедонски парламентарни избори (2014)Список на повикувачки броеви на земјитеСписок на држави по населениеХоландијаУДБАТрапезКубаДомашно говедоМетодија Андонов-ЧентоМасакр во СребреницаЈоаким КрчовскиПоп-музикаГрб на МакедонијаСашо ОрдановскиДемократска алтернативаПингвинГласачки системКошаркаСписок на градоначалници на Општина СтрумицаНационализамДесница (политика)ШтипКрал МаркоМакедонски претседателски избори, 2014Војдан ЧернодринскиГаличицаПенис (човек)Родина МакедонијаСтојан АндовКриптовалутаОпштина КрушевоМалиот принцСамоилово ЦарствоЈосип Броз-Тито🡆 More