Кокосово Млеко

Кокосовото млеко е состојка за готвење со млечно бела боја и благ вкус, добиена од месото на зрел кокосов орев.

Богатиот вкус и белата боја се должат на високата содржина на масло и шеќери. Во Малезија, Брунеи и Индонезија кокосовото млеко се нарекува сантан а на Филипините гата. Во Тајланд се нарекува га-ти (กะทิ) и се користи во многуте тајландски зачинети јадења. Во Бразил Бразил, се нарекува leite de coco (дословно, „кокосово млеко„). Кокосовото млеко не е исто што и кокосова вода (кокосов сок), која пак е природната течна содржина внатре во кокосовиот орев.

Кокосово Млеко
Кокосово млеко во сад.

Подготовка

Постојат два типа на кокосово млеко: густо и ретко (досл. тенко). Густото кокосово млеко се подготвува со директно гмечење на дробено кокосово месо низ газа (на пр. за цедење на сирење). За добивање на ретко кокосово млеко веќе гмеченото месо се натопува во топла вода и потоа наново се гмечи. Густото млеко се користи претежно за готвење десерти и богати, тнр. суви сосови. Реткото млеко се користи за супи и за готвење воопшто. На запад најчесто не се прави разлика помеѓу овие два типа на кокосово млеко со оглед на тоа дека кокосот се увезува, и повеќето корисници млекото го купуваат во конзерви. Произведувачите на кокосовото млеко во конзерви, обично ги комбинираат двата начина на цедење со додавање на вода како дополна.

Зависно од брендот и староста на самото млеко, при врвот на конзервата плута погуст слој и понекогаш се употребува при готвења во кои рецептата бара кокосов крем наместо кокосово млеко. Со протресување на конзервата пред отворањето можно е исто да се доведе млекото во кремаста состојба. Некои брендови продавани низ западните земји додаваат средство против згуснување за да го спречат одвојувањето на млекото додека е во конзерва, бидејќи потрошувачите кои немаат искуство со кокосовото млеко, одвоениот крем погрешно го сметаат како знак на расипување.

По отворањето на конзервата со кокосово млеко, истото мора да биде ставено во ладилник и треба да се потроши во наредните неколку дена. Во спротивно лесно скиснува и се расипува.

Кокосовото млеко може да се приготви и во домашни услови преку обработка на исецканото кокосово месо со жешка вода (на пр. со мелење во блендер) која помага да се издвои маслото и ароматичните состојки. Така приготвеното млеко содржи приближно 17% мрснотии. Тоа не е исто што и кокосова вода (објаснето погоре). Ако се одложи во ладилник, по некое време на врвот ќе се издвои кокосовиот крем од млекото.

Кокосовото млеко може да се користи за пиење одвоено, или како замена за млеко од животинско потекло во кафиња, чаеви итн. Може да се измеша со овочје како замена за овошен јогурт но и да се употребува при печењето на разни печива.

Готвење

Кокосово Млеко 
Кокосовото млеко од конзерва делумно може да биде во цврста состојба која на одредена температура преоѓа во течна.

Кокосовото млеко е придружна состојка на бројни јадења од тропските кујни, особено кај оние од Југоисточна Азија (Бурманската, камбоџанската , филипинската, индонезијската, малезијската, сингапурската, тајлндската, бангладешката и индиската кујна, но и во бразилксата, карипската и полинезијската кујна).

Смрзнатото кокосово млеко подолго останува свежо.

Кокосовото млеко е основа на бројни тајландски зачинети јадења. При подготовка на тнр. кари сос, кокосовото млеко се вари на повисока температура за да се спои млекото и кремот, воедно овозможувајќи маслото да се издвои. Потоа се додава кари-паста како и други ароми, зеленчуци и украси.

Во Бразил се употребува претежно во кујните од северозападните делови на земјата, заедно со морска храна, како и за подготовка на десерти. Во делови на Бразил постојат неколку јадења кои се познати по тоа што користат и кокосово млеко и палмино масло.

Медицински својства

Во Ајурведа кокосовото млеко се смета за мошне здраво. Некои луѓе сметаат дека кокосовото млеко може да се користи како лаксатив. Исто така се користи и за лекување на афти во усната шуплина. Во истражување врз стаорци, им беа давани два препарати засновани на кокос со цел проверка на неговиот заштитен ефект против чир на желудникот.. И двете супстанции овозможиле заштита против појавата на чир, при што кокосовото млеко овозможи 54% наспроти кокосовата вода од 39%.

Алкохол

На ренелскиот остров (дел од Соломонски Острови) се подготвува локално домашен алкохолен пијалак со ферментирање на кокосовото млеко, квасец и шеќер во канти кои се оставаат скриени во бушот околу недела дена. Овој кокосов рум е спомнат во песната Poppa Joe од музичкиот бенд The Sweet.

Слично на ова во Бразил, кокосовото млеко се меша со шеќер и Кашаса (cachaça - вид ликер од шеќерна трска) за да се подготви коктел наречен Батида де Коко (Batida de Côco).

Употреба во земјоделието

Во 1943, Јохан ван Овербеек открил дека кокосовото млеко активно го поттикнува растењето на растенијата. Подоцна беше откриено дека ова се должи на бројни фактори, пред сè поради присуството на цитокинин познат како зеатин. Сепак, кај некои растенија како на пр. р`доквите не влијае врз забрзувањето на нивниот раст. Додавањето на 10% кокосово млеко на супстратите во кои житото расте, има покажано значителни подобрувања на придонесите.

Пијалаци

Во јужна Кина и Тајван, засладеното кокосово млеко се послужува засебно како безалкохолен пијалак во текот на пролетта и летото. Се прави со додавање на шеќер и испарено или свежо млеко во текот на подготвувањето на кокосовото млеко.

Пијалаците при чија подготовка се користи кокосово млеко се:

  • Piña Colada и безалкохолната варијанта Virgin Piña Colada (може да се употреби и кокосов крем)
  • Coquito con Ron

Погледни исто така

Белешки

Надворешни врски

Tags:

Кокосово Млеко ПодготовкаКокосово Млеко ГотвењеКокосово Млеко Медицински својстваКокосово Млеко АлкохолКокосово Млеко Употреба во земјоделиетоКокосово Млеко ПијалациКокосово Млеко Погледни исто такаКокосово Млеко БелешкиКокосово Млеко Надворешни врскиКокосово МлекоБразилБрунеиИндонезијаКокосКокосова водаМалезијаТајландФилипини

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на езера во МакедонијаВиолета ТомовскаМакедонска револуционерна организацијаФудбалска репрезентација на Фарски ОстровиМоравска мисијаСрцев ударЕлектричен отпорДевојкаДезире КлариСврзникОхридско ЕзероСистемски лупус еритематозусРак на грло на маткаОпштина КарпошРак (болест)Варшавски договорСписок на држави по населениеПарацетамолБик (хороскопски знак)Македонија во Втората светска војнаВикипедијаВоен конфликт во Македонија (2001)Сузан АкбелгеБританска Индоокеанска ТериторијаСценариоПасхаКларенс СедорфСтрумички карневалХотел Москва (Белград)20 векРасказБруто-домашен производКоличникКалендарТопографска картаТатарлиМакедонски народни инструментиКамилаАвантурите на Хаклбери ФинНадреден знакЕпикаВасил ИљоскиРепродуктивен системИталијаГеографија на МакедонијаКилијан МбапеСобрание на МакедонијаСлаткаристикаДрагана МирковиќПролетКомунизамСтрадањата на младиот ВертерАкутен панкреатитВодаГустина на населениеПарагвајКандидПридавкаКактусиДијафрагмаДеменцијаГолемите географски откритијаРазловечко востаниеАеродром Париз-БовеСтобиИнтернетЛазарова саботаМакедонски парламентарни избори (2020)ФлебитисНародна банка на Република МакедонијаГаличка свадба21 ЛутецијаДемократска унија за интеграцијаНР КинаЊујорк (град)Општина БосиловоВласи🡆 More