Кичиница: село во Општина Маврово и Ростуше

Кичиница — целосно раселено село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.

Целата „рурална средина“ на селото е прогласена за културно наследство на Македонија.

Кичиница
Кичиница: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Традиционални куќи во селото

Кичиница во рамките на Македонија
Кичиница: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Кичиница
Местоположба на Кичиница во Македонија
Кичиница на карта
Координати 41°41′34″N 20°43′24″E / 41.69278° СГШ; 20.72333° ИГД / 41.69278; 20.72333
Регион Кичиница: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Полошки
Општина Кичиница: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07040
Надм. вис. 1.420 м
Кичиница на општинската карта
Кичиница: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Кичиница во рамките на општината
Кичиница: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Кичиница на Ризницата

Потекло на името

Името на селото доаѓа од неговиот основач Кичин, кој дошол од Врање или од Куманово. Кичин зимувал со стоката во околината по пештерите.

Географија и местоположба

Кичиница: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Влезот во селото

Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во средишниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на североисточната падина на планината Бистра. Селото е раселено уште од 1961 година. Селото е сместено доста високо на 1.420 метри надморска височина.

Селото е сместено во мало проширување на долината помеѓу Баричка Клисура и Дервенска Клисура. Оддалечено е 28 километри југозападно од Гостивар.

Селото има 8 куќи кои се изградени на почеток на XX век, но нема жители.

Историја

Селото двапати се преместувало. Прво се наоѓало преку реката, веднаш под Врбен, на местото Гури Кичиницас. По преданието се верува дека оттаму избегале поради змии.

Во XIX век, Кичиница било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 4,4 км2.

Население

Кичиница: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Видиковец во близина на селото
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194878—    
195389+14.1%
196148−46.1%
19710−100.0%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кичиница било село со 30 домаќинства и 86 жители.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Болетин живееле 120 жители, сите Албанци со православна вероисповед.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кичиница се води како чисто „албанско“ православно село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 21 куќа.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.

Селото е наполно раселено по 1961 година, кога броело 48 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Кичиница немало жители. Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 120 78 89 48 0 0 0 0 0 0

Родови

Како родови во селото се знаат: Арсенит (1 к.), Грубин (6 к.) и Михал (4 к.). Последните се најстари во селото. Арсенит се доселени од селото Нивиште, додека Грубин се доселиле од селото Врбен. Арсенит славеле Петковден, додека останатите семејства Ѓурѓовден.

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Кичиница се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Општината Трница постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Беличица, Волковија, Врбен, Кичиница, Сенце и Трница.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0494 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Маврови Анови.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Кичиница: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Никола“
    Цркви

Личности

    Родени во Кичиница
  • Арсен Јаневски (р. 1949) — правник
  • Бранко Манојловски (р. 1941) — пратеник и писател

Култура и спорт

Во пределот од Маврово до Кичиница преку Царевец има многу интересна патека за планински велосипедизам која минува низ убави шумски предели и која што може да се комбинира со другите патеки во регионот. Заради поставеноста во шумскиот појас може да се вози во било кој период од денот. Почетокот на патеката е по асфалтниот пат од Маврово за селото Галичник, и пред месноста Царевец се напушта асфалтот вртејки во десно од каде што започнува возење по широк и лесен за следење шумски пат. Вдолж патот има маркации и патокази. Вода за пиење има на две места и најдобро е да се користи водата од чешмата покрај асфалтниот пат за Галичник. Техничките тежини се умерени. Вкупна должина на патеката изнесува 12 километри, а потребно време за минување е од 2 до 4 часа.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Кичиница Потекло на иметоКичиница Географија и местоположбаКичиница ИсторијаКичиница СтопанствоКичиница НаселениеКичиница Самоуправа и политикаКичиница Културни и природни знаменитостиКичиница ЛичностиКичиница Култура и спортКичиница ГалеријаКичиница НаводиКичиница ПоврзаноКичиница Надворешни врскиКичиницаГорна РекаКултурно наследство на МакедонијаОпштина Маврово и Ростуше

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Кирил ПејчиновиќБроеви во македонскиот јазикРоднински односиДен на независноста на МакедонијаСписок на културно наследство на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2020)БакарПрилепПравоаголникГравитацијаЗемјотресБилјана ВанковскаОдбојкаХристијанизација на Киевска РусијаЛимфомХомерМустафа IТрескавецЕлектричен отпорСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаИзборни единици во МакедонијаДобовјаниБранко ЦрвенковскиАртритисАбортусЈане СанданскиЛехово (Леринско)Робинзон КрусоЗбунети годиниПарите се отепувачкаСтрушки вечери на поезијатаГаличка свадбаКокичеГеографија на МакедонијаЦветнициГлицеролГлавна страницаЦрвен крст на МакедонијаСписок на македонски писателиПертусисСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваПретседател на МакедонијаЕвропаОливера НиколоваДанела АрсовскаОсна симетријаКрсте Петков МисирковЧленконогиДен на шегатаРегионален пат 1101АтинаРасказХеродотЗглобАлександар Сергеевич ПушкинПрометејКатерина ТаневаРадождаКралот ЛирОмов законСписок на градови во Македонија по населениеХормонМалтаИзбори во МакедонијаЦрно семе (роман)Дијана (принцеза од Велс)КипарТашко ГеоргиевскиБајкаВилијам ШекспирДислексијаКопа АмерикаКошаркаОлимписки боговиЧасовникЛибија🡆 More