Карен Хорни

Карен Хорнај (16 септември 1885 - 4 декември 1952), психоаналитичар.

Карен Хорни
Карен Хорни

Животопис

Хорни била ќерка на норвешки поморски капетан и на Германка. Иако нејзиниот татко ѝ купувал скапи подароци и ја носел на возбудливи патувања, таа чувствувала дека тој повеќе внимание посветувал на нејзиниот помал брат. Нејзиниот личен развој не бил лесен и таа се соочувала со депресија уште од деветтата година. Студиите по медицина ги завршила во Берлин, во 1913 година. Од 1914 до 1918 г. специјализирала невропсихијатрија, а потоа работела на Берлинскиот психоаналитички институт од 1918 до 1932 година. Карл Абрахам, кој работел со Хорни, посочува дека таа е многу надарена аналитичарка.

Во 1932 година, по покана на Франц Александер, Хорни закинала во САД, каде две години била заменик-директор на Чикашкиот психоаналитички институт. Потоа, заминала во Њујорк каде отворила приватна пракса. Така започал најплодниот творечки период за Карен Хорни. Од 1941 година, таа предавала на Психоаналитичкиот институт во Њујорк. Исто така, таа била една е од основачите на Здружението за напредок на психоанализата и на американскиот Инситут за психоанализа, каде била декан сè до нејзината смрт во 1952 година.

Психоаналитичка дејност

Хорни смета дека нејзините идеи спаѓаат во рамки на фројдовската ориентација и не припаѓаат на потполно нов пристап кон личноста. За разлика од Фројд таа наведува дека социјалното влијание е поважно од биолошкото влијание. Таа подвлекува дека личноста се гради и развива преку интеракција со средината. Како и повеќето психоаналитичари смета дека искуството во детството е многу важно и дека најголемиот број на развојни проблеми се јавуваат во детството.

Најважен поим поврзан со теоријата на Хорни е базична анксиозност. Понатаму таа пишува за невротични потреби кои се појавуаат поради базичната анксиозност. Тие десет невротични потреби ги класифицира во три групи:

  • ориентација кон луѓе (потреба за љубов)
  • ориентација од луѓето (потреба за независност)
  • ориентација против луѓето (потреба за моќ)

Карен Хорјни била издавач и уредник на списанието: „The American Journal of Psychoanalysis” и предавач на Новата школа за социјални истражувања во Њујорк.

Библиографија

Поважни дела на Хорни се:

  • „Невротичната личност на нашето време“
  • „Нови методи во психоанализата“
  • „Себе-анализа“
  • „Нашите внатрешни конфликти“
  • „Неврозата и човечкиот развој“

Tags:

16 септември188519524 декемвриПсихоанализа

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЃурѓовденТристан и ИзолдаПопис на населението во Македонија (2021)Крешник БектешиЛокални избори во Македонија (2009)Антони ПешевРодина МакедонијаБедија БеговскаГоран МинчевМијациВласиЈапонијаСојузни држави на САДСтрумицаРак на белите дробовиАвантурите на ПинокиоСписок на главни градови во светотДрогаЈосип Броз-ТитоВладо БучковскиИсламДемократски сили на РомитеМајка ТерезаМарија АнтоанетаОпштина ЛипковоСтале ПоповДПАПутурусKлиндамицинОпштина Кисела ВодаОтворени листиГлаголи во македонскиот јазикГустав ШвабПрометејМакедонски парламентарни избори (1998)Список на острови во Средоземното МореДелчевоВоен конфликт во Македонија, 2001Социјалдемократска унијаМакедонски парламентарни избори (2002)МовСветлинаИталијаМакедонски претседателски избори, 1994Лозје (книга)ЛасерОвчи сипанициСлезинаПартија за движење на Турците во МакедонијаНова либерална партијаВидови аглиЗлосторство и казнаДен на независноста на МакедонијаЗнаме на МакедонијаБекир ХалимиПартија за целосна еманципација на РомитеМетодија Андонов-ЧентоОпштина РанковцеОливера ТрајковскаСамоилово ЦарствоШармери од осмоМакедонски ораЦар Едип (драма од Софокле)Општина ЦентарКронова болестИзборни единици во МакедонијаМасакр кај ВејцеИсусово воскресениеМакедонски парламентарни избори, 2014Области во КазахстанПоделба на гласовите во македонскиот јазикПридавки во македонскиот јазикРак на грло на маткаПовикувачки броеви во МакедонијаХипотироидизамHAARPЏек ЛондонДекамерон🡆 More