Источна туја (Platycladus orientalis) е вид на четинар кој прв го опишал Лине, давајќи ѝ го името Thuja orientalis Linnaeus, во 1753 година.
До денес имало преку 70 синоними, за на крајот овој вид да биде сместен во монотипскиот род Platycladus orientalis (Linnaeus) Franco, Portugaliae Acta Biol., ser. B, Sist. Vol. "Júlio Henriques". 33. 1949 година. Platycladus е во заеднички кладус со родот Microbiota, поврзани се со родот Tetraclinis како сестринска група, а не со родовите Juniperus и Thuja.
Источна туја | |
---|---|
Источна туја во Ресавската улица во Беолград. | |
Научна класификација | |
Царство: | |
Тип: | |
Класа: | |
Ред: | |
Семејство: | |
Род: | Platycladus |
Врста: | P. orientalis |
Биномно име | |
Platycladus orientalis (L) Franco | |
Ареал | |
Синоними | |
List
|
Името на родот значи „со широки или сплескани изданки“, а епитетот orientalis (источен) се однесува на изворното живеалиште во Кина. Во својата татковина Кина се нарекува че бај (拉柏), што буквално значи наведнат чемпрес. Покрај името источна туја, поретко се среќаваат и имињата обична туја, азиска туја, а исклучително ретко источна смрека и смрека.
Источната туја е зимзелено, еднодомно дрво високо 10-20 м, со пречник на стеблото до 1 м (или повеќе), честопати со повеќе стебла од земјата. Кората е од црвеникаво кафеава до светло сивкасто кафеава, тенка, се лупи на долги хартиени ленти. Круната во младоста е овална, широко заоблена или неправилна кај постарите стебла. Гранките се насочени нагоре, разгранети во вертикалната рамнина. Главните изданки се кружни на пресек. Гранчињата се широки 1-1,5 мм, во вертикална рамнина, секундарно косо распоредени, плоснати, со слична боја од двете страни, зелена или жолто-зелена.
Четинитесе лушпести, со големина од 1-3 мм, широко-јајцевидни, со тап врв, цврсто прилегнати, распоредени во 4 реда; средишни лушпи се ромбоидни, страничните лушпи кои се преклопуваат со средишните, конусни, благо свиткани на врвот; сите лушпи се со воочлива, линеарна, потоната смолна жлездичка во центарот и групи на белузлави, точкасти стоми странично, абаксиално; кога ќе се протријат слабо мирисаат на смола.
Микростробили жолтеникаво зелени, јајцевидни, 2-3 мм, со 8-12 микроспорофили, секој со 3-6 прашници. Опрашување во март-април. Макростробили синкаво-зелени, тркалезни, со дијаметар од 3 мм, терминално распоредени. Шишарките созреваат истата година. Пред созревањето, тие се меснати и со синкаво-бел пепел, зрели црвено-кафеави, овални или издолжени, 1,5-2 (-2,5) × 1-1,8 см; се состои од 6-8 луспи, распоредени во парови, проксимални луспи со 2 семиња, средните со 1 семе, дистални стерилни. Луспите се меѓусебно сраснати, само врвовите се слободни со долго свиткано трновидно умбро. Шишарките се зрели во септември-октомври, набрзо од нив испаѓа семето.
Семињата се сивкасто-кафеави или виолетово-кафеави, мазни, немаат сјај, јајцевидни или во облик на капка 5-7 × 3-4 мм, безкрилни, честопати со два фини надолжни рабови. Хилумот со посветла боја има форма на лента, која поминува преку основата на семето. Семињата ртат над земја ; никулец со два котиледони, тие се долги 15-25 мм и широки 2-3 мм. Примарните спротивни четини, долги 15 мм и широки околу 1 мм; следните четини по 4 во пршлен, слични на примарните. Котиледоните опаѓаат кон крајот на втората година од животот. Странични гранчиња со метаморфирани, скратени и припиени четини се јавуваат рано.
По потекло е од Кина, каде што долго време се одгледува на гробовите и во градините на храмовите, како и на историските локалитети како што е Забранетиот град; во Јапонија не е автохтона, иако таму е широко одгледувана. Се чини дека во природата е прилично ретка и дека границата на природната дистрибуција е нејасна, поради екстензивното одгледување и садење во минатото. Фитогеографски, денес е речиси симпатричен вид.
Шкотскиот ботаничар и „ловец на растенија“ Фортун (Robert Fortune, 1812-1880) ја видел во планините западно од Пекинг, кои популации ги сметал за природни и се чини дека нема сомнеж во природниот статус на насадите во северозападниот дел на Јунан, кои прв ги забележал шкотскиот ботаничар Форест (George Forrest, 1873-1932), а подоцна австрискиот ботаничар Хендел-Мазети (Heinrich Raphael Eduard Freiherr von Handel-Mazzetti, 1882-1940) и австрискот-американскиот ботаничар, истражувач и географ Јосеф Рок (Joseph Francis Charles Rock, 1884-1962). Расте, на пример, во некои странични долини на Салуен-Меконг, на стрмните суви падини или дури и на вертикалните стрмни карпи. Рок источната туја ја видел во оддалечениот дел на западен Сечуан.
Според кинеските извори природниот ареал ги опфаќа јужниот дел на Гансу, Хебеј, Хенан, Шенси, Шанси ; а воведен или со неизвесен статус е во Анхуеј, Фуџијан, северен Гуангдонг, северен Гуангси, Гуејџоу, Хубеи, Хунан, Ђангсу, Ђангси, Ђилин, Љаонинг, југ на Внатрешна Монголија, Шандунг, Сичуан, Автономен регион Тибет, Јунан; надвор од Кина, статусот е неизвесен во Кореја и на истокот на Русија. Расте од 300-3300 м надморска височина.
Видот е широко проширен од луѓето по цела Азија, Европа и Америка. Во Европа ја внел Кемпфер во Лајден (Холандија), околу 1690 година. Источна туја се одгледувала во Холандија на почетокот на 18 век. Подоцна, француските мисионери испраќале семе од Пекинг во Париз, од каде англискиот ботаничар Милер (Philip Miller, 1691-1771) ја внел во Лекарската градина во Челзи (Chelsea Physic Garden) околу 1740 година. Фортун повторно ја внел во 1861 година, а несомнено е дека порано во векот постоеле и други набавки на семиња од Кина.
Се покажала како отпорна на суши на пониски, многу разновидни живеалишта; расте бавно; иако хелиофитот добро поднесува сенка. Доста е отпорна на гасовите, а благодарение на еластичните гранки отпорна е на ветер и снег. Добро поднесува сечење на гранки. Не е пребирлива кон почвата, иако најдобро расте на песокливио глиниште, или на чакал, добро дренирано земјиште, одлично ги поднесува алкалните земјишта. Нема посебни непријатели помеѓу инсектите и габите. Штета сепак и нанесуваат глувците и дивечот. Зона 5-7.
Иако нема особено значење за шумарството во североисточна Кина се користи за пошумување на обешумените ридски и планински подрачја. Дрвото е лесно и многу е трајно. Како украсен вид има првокласно значење поради големиот број култивари, отпорност на суша, градски услови и резидбата. Се користи при поединечно садење, во комбинирани лишано-иглолисни и иглолисни групи и живи огради (формирани или слободни), а култиварите имаат примена во зависност од големината и бојата на четините од жардинери и алпинетуми до високи живи огради. Жолтата и кафеавта сорта претставуваат колоритни јадра.
Траги од нејзино одгледување во Србија има во текот на 19 век. Така во 1887 година во „Ценовник на овошни дрвја и други растенија под управа на топчидерската економија“ единствен четинар кој се произведувал била „зимска зелена туја“. Петровиќ пишувал за источната туја во половината на 20 век:
„ | Ја има во многу паркови и гробишта, потоа по железнички станици и најнакрај по приватни дворишта и градини. Колку имам видено,расте и до 12 м височина и до 30 см дебелина. Такви силни примероци сум видел пред една куќа во главната улица на Петроварадин, па во дворот на гимназијата во Нови Кнежевац и во Топчидер. Може да се каже дека се се млади туји. Староста тешко да им е преку 60 години. | “ |
Покрај својата религиска и духовна вредност, источната туја честопати се користи во кинеското билкарство, каде што се смета за едно од 50-те есенцијални растенија. И листовите и семките содржат етерично масло кое се состои од борнеол, борнил ацетат, тујон, камфор и сесквитерпен. Листовите исто така содржат и родоксантин, аментофлавон, кверцетин, мирицетин, каротин, ксантофил и аскорбинска киселина. Листовите делуваат бактерицидно, антипиретички, антитусивно, адстрингентно, диуретички, еменагогички, емолиентно, експекторантно, фибрифугно, хемостатички и стомахично. Нивната употреба го подобрува растот на косата. Интерно се користат за лекување на кашлица, крварење, менорагија, бронхитис, астма, инфекции на кожата, заушки, бактериска дизентерија, артритична болка и предвремена ќелавост.
Набраните шишарки лесно се отвораат во топла соба. Од 1 кг шишарки се добиваат околу 250 гр семки. Во еден килограм има околу 55.000-60.000 зрна. Ртењето на семето е од 50% па нагоре. Семето се сее без претходна подготовка, по суво складирање или кратка (4-6 недели) стратификација на 4. °C. Семето се сее во пролет, 10-15 г/м, на длабочина од околу 3 см, во леи на отворено. Со семето може да се размножи формата „Ауреа“ (“Aurea“), со прилично големо учество насадници со жолта или жолтеникави иглички кај генеративното потомство.
Источната туја, односно нејзините култивари, лесно се размножуваат со полузрели резанки засадени во септември-октомври во супстрат од 2 дела тресет и 1 дел песок, во ладни леи со претходен третман со 0,8% IBA; по 24-28 недели се ожилиле 58-100% од резанките, во зависност од сортата. Подеднакво успешно се размножува со зелени резанки земени во април, третирани со истиот фитохормон и прободени во истиот супстрат под мист со оросување во стаклена градина; после 4 недели се добиваат 60-100% ожилени садници.
Микропропагирањето е успешно со користење на хипокотилен калус.
Источната туја ретко се размножува хетеровегетативно, но поради нејзината компатибилност, таа е честа подлога за таксони од семејството Cupressaceae, како и за родовите: Callitris, Chamaecyparis, Cupressocyparis, Juniperus, Libocedrus и Thuja. Во некои комбинации, источната туја како подлога дава подобри резултати отколку некои таксономски поблиски видови. Така, во подрачја со интензивни врнежи, ризикот од гниење кај калемените садници на Chamaecyparis nootkatensis 'Pendula' се намалува неколку пати ако се користи подлогата Platycladus orientalis, додека ризикот е многу поголем кај подлогите Chamaecyparis lawsoniana.
Големиот број на сорти на источна туја зборуваат за големата варијабилност на видот. Сортите се селекционирани најчесто по висина и хабитусот, а потоа и по бојата на четините. До 1965 година, Оден и Бум наведуваат 60 сорти, а до денес нивниот број сигурно надминал 100.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Источна туја, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.