Иван Цанкар (словенечки: Ivan Cankar; Врхника, 10 мај 1876 — Љубљана, 11 декември 1918) — словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист.
Заедно со Отон Жупанчич, Драготин Кете и Јосип Мурн, тој се смета за почетник на модернизмот во словенечката книжевност. Понекогаш тој се смета за најголем писател во словенечката книжевност и понекогаш е споредуван во Словенија со Франц Кафка или Џејмс Џојс.
Иван Цанкар Ivan Cankar | |
---|---|
Цанкар во 1915 година | |
Роден/а | 10 мај 1876 Врхника, Австроунгарија (денес Словенија) |
Починат/а | 11 декември 1918 Љубљана, Кралство СХС (Словенија) |
Занимање | Писател, есеист, драматург, поет, политички активист |
Жанр | драма, расказ, роман, есеј |
Книжевно движење | симболизам, модернизам |
Иван Цанкар е роден во крањското гратче Врхника во близина на Љубљана. Тој бил едно од многуте деца на сиромашен занаетчија што се преселил во Босна кратко по раѓањето на Иван. Тој бил одгледан од неговата мајка, Нежа Цанкар (моминско Пивк, со која воспоставил близок, но амбивалентен однос. Фигурата на самопожртвувана и покорно угнетувачка мајка подоцна ќе стане една од најпрепознатливите одлики на прозата на Цанкар. По завршувањето на основното образование во родниот град, учел во Техничкото средно училиште („Реалка“) во Љубљана (1888–1896).
Во овој период, тој започнал да пишува книжевност, главно поезија, под влијание на романтичарските и послеромантичарските поети како што се Франце Прешерн, Хајнрих Хајне, Симон Јенко и Симон Грегорчич. Во 1893 година, тој ја открил епската поезија на Антон Ашкерц, која имала огромно влијание врз развојот на неговиот стил и идеали. Под влијание на Ашкерц, Цанкар ја отфрлил сентименталната послеромантичарска поезија и го прифатил книжевниот реализам и националниот либерализам. Во 1896 година се запишал на Универзитетот во Виена, каде студирал инженерство, но подоцна преминал на словенска филологија. Во Виена, тој наскоро почна да води боемски начин на живот. Тој дошол под влијание на современата европска книжевност, особено декадентизмот, симболизмот и натурализмот. Тој станал пријател со Фран Говекар, млад словенечки писател и интелектуалец кој живеел во Виена, кој го запознал со позитивизмот и натурализмот. Помеѓу 1897 и 1899 година, основните идеи на Цанкар во суштина биле позитивистички. Пролетта 1897 година се преселил назад во Врхника. По смртта на неговата мајка во есента истата година, тој се преселил во Пула и во 1898 година се вратил во Виена, каде што живеел до 1909 година.
За време на неговиот втор престој во Виена, светогледот на Цанкар претрпел длабока и брза промена. Во познатото писмо до словенечката феминистичка авторка Зофка Кведер во 1900 година тој ги отфрлил позитивизмот и натурализмот. Тој ги прифатил спиритуализмот, симболизмот и идеализмот, а подоцна јавно се тргнал од Фран Говекар. Во исто време, тој станал силно критичен кон словенечкиот либерализам, објавил разорна критика за поезијата на Антон Ашкерц и постепено се придвижил кон социјализмот. Тој бил под силно влијание на словенечкиот римокатолички свештеник и мислител Јанез Евангелист Крек, кој се залагал за радикален општествен активизам на христијанска основа. Тој сепак продолжил да се спротивставува на клерикализмот и конзервативизмот на австриските христијански социјалисти воглавно и на Крековата Словенечка народна партија конкретно. Тој се приклучил на Југословенската социјалдемократска партија, австромарксистичка партија активна во Словенечките Земји и во Истра. На првите општи избори за Австриското собрание во 1907 година, тој се кандидирал како кандидат за партијата во изборната единица, главно од работничката класа, Загорје-Литија во Крањска, но загубил од кандидат на Словенечката народна партија.
Во своите дела ја разоткривал неправдата и лицемерството на малограѓанската средина, се борел за правата на обичниот човек. Негови познати дела се „Слугата Јернеј и неговото право“, „Кралот на Бетајнова“ и „Под крстот“.
Иван Цанкар напишал околу 30 книги и е сметан за еден од основните експоненти на словенечката модернистичка книжевноста, покрај Отон Жупанчич, Драготин Кете и Јосип Мурн. Чанкар исто така е сметан за еден од европските најважни крајовековници. Се занимавал со општествени, национални и морални теми. Во Словенија, неговите најпознати дела се драмата „Слуги“ (словенечки: „Hlapci“), сатирата „Скандал во Светифлоријанската Долина“ („Pohujšanje v dolini Šentflorijanski“) и романот „На ридот“ („Na klancu“). Меѓутоа, неговата важност за словенечката и европската книжевност веројатно лежи во неговите симболистички списи и други раскази, кои, во нивната мешавина на симболика, модернизам, па дури и експресионизам, пренесуваат висок степен на изворност.[се бара извор]
И до ден денешен, прозата на Цанкар е сметана за една од најдобрите во словенечката книжевност. Неговото влијание како писател на романи било намалено во 1960-те, но неговите драми сè уште се меѓу најпознатите театарски претстави во Словенија.
Голем број улици, плоштади, згради и установи го носат името на Цанкар во Словенија, но и во останатите поранешни републики од СФРЈ. За време на Втората светска војна, по него биле именувани една бригада и еден баталјон. По Цанкар е именуван и „Цанкаровиот дом“ кој е најголемото конгресно средиште во Словенија. Помеѓу јуни 1994 година и јануари 2007 година, Цанкар бил прикажан на банкнотата од 10.000 толари.
„Иван Цанкар“ на Ризницата ? |
Викиизвор има оригинални дела од или за: Ivan Cankar |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Иван Цанкар, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.