Зоологија: наука што се занимава со проучување на животните

Зоологија — она поле од биологијата кое се занимава со проучување на животните.

Како наука, таа се дели на општ дел или општа зоологија и специјален дел или систематика на животните. Општата зоологија ги проучува сите појави во животинскиот свет кои имаат општо значење, а систематиката на животните се обидува сите животни, според различните одлики, да ги подели во одреден број разновидни систематски категории заради полесно распознавање и проучување.

Зоологија: наука што се занимава со проучување на животните
Зоологија

Одлики на животните

  1. Еукариотски организми.
  2. Присуство на актин-миозински комплекс во клетките (за разлика од растенијата и габите);
  3. Ингестија на храната (за разлика од габите);
  4. Имаат митохондрии, но отсуствуваат хлоропласти (кои ги има кај растенијата);
  5. Способни се (по дефиниција) за активно движење.

Зоологијата има многу гранки и таа е поврзана со другите науки.

Зоологијата ја изучува физиологијата, анатомијата, ембриологијата, екологијата и филогенијата на животните.

Според групата на животни кои ги проучува, зоологијата е поделена на зоологија на без‘рбетни животни и зоологија на ‘рбетни животни. Овие гранки можат и понатаму да се делат.

Зоологија на без‘рбетни животни

Зоологијата на без‘рбетните животни ги изучува сите оние животни кои не припаѓаат во типот на хордати (Chordata). Најпознати гранки (според таксонот кој се проучува) се протистологијата (наука за праживотните), малакологија — наука за мекотелите, арахнологија — наука за пајаковидните, ентомологија — наука за инсектите, акарологија — наука за акарите, хелминтологија — наука за црвовидните животни, која е дел и од медицината.

Зоологија на ‘рбетни животни

Зоологијата на ‘рбетните животни ги изучува животните кои припаѓаат во типот Chordata. Важни гранки на овој дел од зоологијата се: ихтиологија — наука за рибите, херпетологија — наука за влекачите, орнитологија — наука за птиците, териологија — наука за копнените цицачи.

Tags:

БиологијаЖивотниНаукаСистематика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Бродец (Скопско)Лесновски манастирСвети Наум Охридски ЧудотворецМоскваРомиЕлектрична енергијаИлеусГоце Делчев (роман)ФК Шкендија ТетовоСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваМарија ШерифовиќГостиварДекарСкопјеВакцина против тетанусСлепченски манастир (Демирхисарско)Васил ЗафирчевБубрежен каменПавел ШатевСеверина ВучковиќШведскаДен на Жените МироносициОсоговски манастирАлександар III МакедонскиМијатаБајпас операцијаГариРимска култураСписок на македонски зборови од турско потеклоПериоден систем на елементитеГоце НиколовскиАлександар ШехтанскиБлаговештениеСолунски атентатиПаневропски коридор VIIIСрцева слабостЦапариАневризмаАвантурите на Хаклбери ФинСолунСвети Јоаким ОсоговскиПробиштипЦрн дроб24 мај (празници)Општина ТетовоРак на грлоПрекршување (физика)Јоаким КрчовскиМакедонски народни инструментиМакедонски народни носииМатка (езеро)Историја на македонскиот народБранко ЦрвенковскиПанче КараѓозовЈохан ТарчуловскиБаталјон за специјални намениШтипВики МиљковиќГулабДванаесет АпостолиБлага ПетрескаАлгиОче нашБошко НајдовскиLРоднински односиБилјана ТанескиПрва балканска војнаМирко ПецевРустем-пашаСрцево заболувањеКарлес ПуџдемонИгор КостескиВојо СтојановскиАнална фисураОпштина Сарај🡆 More